Колку ви значи зборот ИЗВИНИ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
Не затоа што јас не дозволувам да има, затоа што речиси никој не бил искрен со мене на тоа поле.
Искуството [какво-такво] ме научило да не верувам на секој кој се користи со такви зборови. Не ретко се злоупотребувани.
А да ти кажам една реченица која ми остави голем впечаток. Од филмот Кунг Фу Панда е.
Yesterday is a history, tomorrow is a mystery, and today is gift. That's why it's called present.
Затоа треба да го цениш она кое ти е оставено денес како искрено, за да можеш утре да се присетиш на тоа како минато, и да очекуваш повеќе од иднината, а да го живееш тоа во сегашноста.
Тебе искуството те научило да не веруваш на секој, што значи дека сепак во твојава реченица се наоѓа еден интересен момент. Кога-тогаш ќе се најде некој чие извини ќе ти значи. Од каде следува дека зборот извини и за тебе ќе вреди и ќе постои како морална вредност.
 
Зборот извини ми значи само кога сум сигурен дека тој доаѓа искрено. Кога зборот доаѓа со искрени намери, тогаш не можам, а да не простам.
Го употребувам извини кога ќе заклучам дека навистина на некого сум му згрешил или сум го навредил.
 
Многу ретко ми е пропратено со искрена интонација. Не поштујем формализам... Како политичко-куртоазно средство, можеби...
 
И сето ова го констатираме од гледање филмови и House идеологијата?

Да не се лажеме вот, мразам кога морам ова да го користам, ама во овој случај е неопходно - од каде ти имаш супстанца, факти и други докази за да оценуваш?

Истото ја прашав и Параноик, од каде "инспирација" за вакви изјави?
Сакам поткрепа, да.

Вака се ми изгледа како празни муабети, јебига, навистина ми изгледа како заклучоциве да ги вадиш од Хаус епизда.

Oд каде? Искуство. Секој ме има излажено за нешто. Мањебитно големината на лагата. Заебанција макар, лага си е лага.
Еве и ти, од цел свој живот на никој му немаш кажано извини а да не го мислиш? Иронијата и сарказмот спаѓаат тука. :wink:

House на страна.
 
И сето ова го констатираме од гледање филмови и House идеологијата?

Да не се лажеме вот, мразам кога морам ова да го користам, ама во овој случај е неопходно - од каде ти имаш супстанца, факти и други докази за да оценуваш?

Истото ја прашав и Параноик, од каде "инспирација" за вакви изјави?
Сакам поткрепа, да.

Вака се ми изгледа како празни муабети, јебига, навистина ми изгледа како заклучоциве да ги вадиш од Хаус епизда.
Болдот ти е одговорот.

После периодите на средновековно/христијанско морализирање, викторијански содоми, хипи/њу ејџ карма-етики, "западниот" kewl човек сфати дека е уморен од етика, морал и балади за доброто човештво, па преферира да се потсмева на се тоа (кога уствари плаче по тоа, али сеедно)
Така, отидоа курбан сите идеи за можна љубов/опрост и слични ствари.
Сега извини не е на цена, затоа што Everybody lies.

И можда е така.
Само ме занима што Хаус обожувачите преферираат кога искрено плачат пред некој, затоа што де факто совеста ги пече, и молат за прошка и уше една шанса?

Дали тогаш сакаат особата да им одржи Хаус инспајрд лекција и фино да им објасни дека уствари лажат и се бедни мали створви кои имаат задни намери секогаш и во се?
 
Аda, не реков дека секое извини е од ракав истресено и лажно.
Јас навлегов во дискусијата ради слепото верување во човештвото и дека секое извинување е вистинско и од срце.
Луѓе сме сите, на сите им се случило. Сум молел, да. Се ме молеле, истотака да.
Најтешкиот дел е проценката дали таа персона што те моли/се извинува мисли навистина од срце, а таа проценка доаѓа од колку добро ја познавате, назад споменатата персона.

Абе, се е релативно. :)
 
Дали тогаш сакаат особата да им одржи Хаус инспајрд лекција и фино да им објасни дека уствари лажат и се бедни мали створви кои имаат задни намери секогаш и во се?

Нормално дека сакаат. Совеста се смирува само со казна, освен ако каењето не е искрено, а најчесто не е. Најчесто луѓето бараат само шут у глаа за да можат да продолжат да се однесуваат на истиот начин со релативно смирена совест.

До следниот пат.

Ја знаеш онаа хашишинската- "nothing is true, everything is permissible"? Епа наречи го чичкото што ја кажал пророк и ќе напраиме секта, пошо го погодил денешниов Zeitgeist у срж.
 
Извини не ми значи ако грешката се повтори.Во тој случај нема извини има ај чао.Сите грешиме но барем се трудам што помалку некого да навредам зашто секојпат се ставам во ситуација на другиот.Трипати мери еднаш сечи.
 
Мене многу ми значи зборот ИЗВИНИ кога е кажан искрено...а кога е кажан онака колку да испаднеш културен или...тогаш не ми значи ништо!
 
Мене многу ми значи зборот ИЗВИНИ кога е кажан искрено...а кога е кажан онака колку да испаднеш културен или...тогаш не ми значи ништо!
Тогаш не е ни наменет да значи нешто...
Секое извини си има поинаква историја, и секое извини од различна личност е...различно!...Така да, не можеме во глобала да кажеме дека ни/не ни значи зборот извини.
 
"Извини" од срце кажувам кога навистина сум згрешила и искрено се каам за стореното. Се извинувам кога барам да ми простат за нешто што сум го направила и штета што постојат луѓе што не знаат да простуваат...:toe:И не признаваат дека и самите тие грешат.
 
Што па толку се умарате дали Е или не е од срце кажано??
Не ја обезвреднувајте вредноста на Извини, замислете некој што ви значи да ви направи нешто лошо и после да не ви се извини, нели секако би било полошо отколку да не се извини?!
Мене битно ми е да се кажат потребните зборови, а дали личноста била лицемерна или не ќе покажат делата кои зборуваат погласно од зборовите.
 
Што па толку се умарате дали Е или не е од срце кажано??
Пошто тоа ни е критериум за вреднување...зарем тебе не? Штом ти значат делата, значи не ти вреди зборот...
 
mnogu cesto go upotrebuvam, pa i za najsitni raboti ama SKORO sekogas e iskreno.
 
Аda, не реков дека секое извини е од ракав истресено и лажно.
Јас навлегов во дискусијата ради слепото верување во човештвото и дека секое извинување е вистинско и од срце.
Луѓе сме сите, на сите им се случило. Сум молел, да. Се ме молеле, истотака да.
Најтешкиот дел е проценката дали таа персона што те моли/се извинува мисли навистина од срце, а таа проценка доаѓа од колку добро ја познавате, назад споменатата персона.

Абе, се е релативно. :)
болдот: Humanity is overrated.
од кај ли ми е познато?:pipi:

Генерализиациите, било оние дека луѓето се прекрасни и длабоко морални, било дека се користољубиви ѓубриња заробени во ја, па ја филм не се одржливи, највеќе зошто сме микс од двете крајности (у различни соодноси).

Понатаму, секоја генерализација потекнува од лично убедување, генерирано од лични емоции. Кога минатото те направило индифирентен и огорчен, почињаш да генерализираш дека луѓето се неискрени и користољубиви, од прв до последен...али поверојатно е дека си налетал на такви луѓе, не и на оние поинаквите (а, поради убедувањето и у иднина само на такви ќе налетуваш...инаквите нема да ги препознаеш, пошо више си се фиксирал на еден став). Тука може да се додаде и моментот дека самиот си ја препознаваш неискреноста и коритољубивоста во себе, па, затоа што се дел од тебе, почињаат да се појавуваат насекаде. (да нагласам дека ова тебе и ти, не се однесува конкретно на тебе и не е обид за твоја психоанализа...збориме за едни воопштени процеси на перцепција)

А, со самото тоа што велиш дека секој од нас, макар еднаш, искрено молел и бил молен, кажуваш дека место за исклучивост нема.

Инаку, извини и опрости ми, се прилично тешки процеси, затоа што, макар прозаично кажани, се чин на сериозно подвиткување на опашката на нашето его...а, тоа не е лесна ствар.

За крај, Хаус лајк отфрлањето е ок и е добар штит за многу луѓе (сите ние некако се штитиме). Плус е и глобален феномен. Али, да се ограничиш само на него е сериозно блокирање на многу животни искуства, пошо однапред ги отфрлаш. Нешо као: Ќе си ја ампутирам сеа ногата, за у иднина да не ја скршам.

Нормално дека сакаат. Совеста се смирува само со казна, освен ако каењето не е искрено, а најчесто не е. Најчесто луѓето бараат само шут у глаа за да можат да продолжат да се однесуваат на истиот начин со релативно смирена совест.

До следниот пат.

Ја знаеш онаа хашишинската- "nothing is true, everything is permissible"? Епа наречи го чичкото што ја кажал пророк и ќе напраиме секта, пошо го погодил денешниов Zeitgeist у срж.

И ако извини е кажано од куртоазија, ипак има крајна цел, минимизирање на сјебаноста на делото кое си го направил. Па, ако особата на која и бараш опрост, го отфрли твоето извинување, онда целта не е постигната и не ти одговоара.

Плус, у овој случај, немаш потреба од мир на совеста, пошо кога неискрено се извинуваш тебе не ти е баш особено криво за делото. Проблем ти се последиците...и пак, казна и отфрлање ко она на Хаус не ти иде у прилог.

Кога збориме за грижа на совест, онда збориме за вистинско каење за делото...збориме за неприфаќање на фактот дека баш ти тоа си го направил, за нелагодност на сликата која си ја создал од себе. У ради реда извинување тоа го нема.

И у вториов случај, совеста се смирува само со себе-опрост, односно само кога ти ќе го прифатиш она што си го направил и ќе си го опростиш. Надворешната казна е второстепен чин, фластер за гнојна рана, кој никогаш не дава вистински мир на совест (ова барем јас сум го осетила...можда и не е така, али за мене е).

Конечно, ништо не е фиксна вистина и све е дозволено е прифатлив поглед на животот. Али, според таа премиса, како што има место за прозаично извинување, така има место и за искрено барање на прошка. Само за ислкучивост нема. А, Хаус лајк идеологијата е чин на исклучивост.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom