Колку ви значи зборот ИЗВИНИ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
Воопшто не ми значи, затоа што знам дека 1% од луѓето тој збор го кажуваат од срце другите онака го кажуваат ради реда. Додека некој на дело не покаже дека му е криво или дека жали за тоа што ми сторил зборот извини не ми значи ништо, сепак е само збор.
 
Многу јасно дека на сите им значи тој збор. Зошто? затоа што сите потајно сакаме да го чуеме тој збор кога сметаме дека тој/а карши згрешил/а, сакаш да чуеш ваков збор а си повторуваш во себе 'сеедно дали ќе ми се извини' или 'твоето извини не ми значи' само се лажеш себеси, на сите им значи затоа што доколку не го чуете, ќе продолжите со убедувањето дека сте во право потсвесно чекајќи го зборот што ќе ве натера да престанете, без разлика колку да не верувате во зборот или личноста, секогаш Извини ќе ве чукне и подзастане за сек.
 
Зависи во кој контекст, доколку некој ме удри несакајќи низ улица ми рече извини, ми значи на тој начин што препотставувам дека е културен/а таа личност. А "извини" може да рече секој, тргнувам од мене: имам речено извини а не сум го мислел тоа :kesa: тоа е тоа :)
 
Зависи за што се работи... ипак не може да се прифати извинување за сешто.
 
Кога ќе осетам дека сум направила грешка, се трудам секогаш да се извинам за тоа, и во иднина, секако да си ја поправам. Не за најмали ситници, зашто ако моќта на извинувањето се употребува во мали ситуации тогаш ја снемува. Исто така и кога другите мене ќе ме повредат со некој гест очекувам да ми се извинат, и секако тоа многу ми значи, и ми збори за тоа каква е самата личност. Не сакам ни мене да ми се извинуваат за секакви глупости, за зезање или било што, ама ако направат нешто што ќе ме повреди, се надевам дека ќе го добијам тоа извини, знам да простам. А, да. Има една многу глупава работа на која не можам да се изначудам. Зашто, да речеме, ние луѓето сме си створиле навика да се извинуваме за секое допирање? Сигурно сите сте биле во ситуација, на пример во автобус некој при поминување да ве допре, и да ви се извини? Па, не ве удрил, де. Зашто го прават тоа? Дали и самите се нашле во ситуација кога непознат човек ќе ги допре, па се почувствувале како да влегува во нивниот его простор, во нивниот ум, во нивната приватност, можеби мислиме дека ако дојдеме во непосреден контакт со странец, дека има пристап до нашите мисли, нашите тајни? Може треба да отворам нова тема за ова.. :)
 
Зборот Извини не ми значи ама баш ич ако не е кажан со чувство. Ако некому стварно му значи да ми се извини за нешто што ми згрешил тогаш и мене ми значи тој збор. Ама луѓево у последно време Извини си го вадат од ракав за се` и сешто, па и смислата му е веќе изгубена.
 
Извини не прифаќам оти никој од срце не го кажува туку само ради реда. Или пак уби го чоек па речи му извини .. е не ..
 
Зависи во кој контекст, доколку некој ме удри несакајќи низ улица ми рече извини, ми значи на тој начин што препотставувам дека е културен/а таа личност. А "извини" може да рече секој, тргнувам од мене: имам речено извини а не сум го мислел тоа :kesa: тоа е тоа :)
Oва да.
Извини не прифаќам оти никој од срце не го кажува туку само ради реда. Или пак уби го чоек па речи му извини .. е не ..

Точно.После напраена голема глупост или штета извини немат функција на никакво покритие.А и да е 98% е кажано така колку да е кажано.
 
Зависи од ситуацијата и желбата. Доколку се кажува од срце и со каење значи многу но доколку е празно и пусто тогаш подобро да не сум го слушнал.
 
Извини како збор можеби не е од големо значење, но вредноста на чинот на извинување е голема. Извини може да сочува пријателство и да создаде момент на добро расположение кај човекот на кој што му се извинуваме, истовремено давајќи му до знаење дека се грижиме и се покајуваме за нашата постапка со која што сме му наштетиле нему. Постои и извини кое што е без искрена намера, понекогаш испратено со иронија, а во тие случаи извини е ништо повеќе од збор. Букет цвеќиња и серенади под прозор можат да бидат форма на извинување упатена кон изневерената девојка, а зад нив да не постои никаква искреност, само добро платени цвеќиња и свирачи. Додека од друга страна, постои и едно друго извини кое доаѓа длабоко од човекот и може да значи многу, не само за личноста на која и се извинуваме, туку и за нас, постапка која ни дава до знаење дека ги согледуваме грешките и се каеме за истите.
 
Човечки е да се гречи уште почовечки е да се признае грешката. Се извинува од срце секогаш кога ке згрешам, дури тоа да е и некоја ситна, минимална грешка, но сепак е грешка и знам да ја признам истата и да кажам ИЗВИНИ. Исто така знам да прифатам извинување :D
 
Многу ми значи. Зборот "извини" ми значи исто толку многу како и зборот "те сакам"
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom