Аda, не реков дека секое извини е од ракав истресено и лажно.
Јас навлегов во дискусијата ради
слепото верување во човештвото и дека секое извинување е вистинско и од срце.
Луѓе сме сите, на сите им се случило. Сум молел, да. Се ме молеле, истотака да.
Најтешкиот дел е проценката дали таа персона што те моли/се извинува мисли навистина од срце, а таа проценка доаѓа од колку добро ја познавате, назад споменатата персона.
Абе, се е релативно.
болдот: Humanity is overrated.
од кај ли ми е познато?
Генерализиациите, било оние дека луѓето се прекрасни и длабоко морални, било дека се користољубиви ѓубриња заробени во ја, па ја филм не се одржливи, највеќе зошто сме микс од двете крајности (у различни соодноси).
Понатаму, секоја генерализација потекнува од лично убедување, генерирано од лични емоции. Кога минатото те направило индифирентен и огорчен, почињаш да генерализираш дека луѓето се неискрени и користољубиви, од прв до последен...али поверојатно е дека си налетал на такви луѓе, не и на оние поинаквите (а, поради убедувањето и у иднина само на такви ќе налетуваш...инаквите нема да ги препознаеш, пошо више си се фиксирал на еден став). Тука може да се додаде и моментот дека самиот си ја препознаваш неискреноста и коритољубивоста во себе, па, затоа што се дел од тебе, почињаат да се појавуваат насекаде. (да нагласам дека ова тебе и ти, не се однесува конкретно на тебе и не е обид за твоја психоанализа...збориме за едни воопштени процеси на перцепција)
А, со самото тоа што велиш дека секој од нас, макар еднаш, искрено молел и бил молен, кажуваш дека место за исклучивост нема.
Инаку, извини и опрости ми, се прилично тешки процеси, затоа што, макар прозаично кажани, се чин на сериозно подвиткување на опашката на нашето его...а, тоа не е лесна ствар.
За крај, Хаус лајк отфрлањето е ок и е добар штит за многу луѓе (сите ние некако се штитиме). Плус е и глобален феномен. Али, да се ограничиш само на него е сериозно блокирање на многу животни искуства, пошо однапред ги отфрлаш. Нешо као: Ќе си ја ампутирам сеа ногата, за у иднина да не ја скршам.
Нормално дека сакаат. Совеста се смирува само со казна, освен ако каењето не е искрено, а најчесто не е. Најчесто луѓето бараат само шут у глаа за да можат да продолжат да се однесуваат на истиот начин со релативно смирена совест.
До следниот пат.
Ја знаеш онаа хашишинската- "nothing is true, everything is permissible"? Епа наречи го чичкото што ја кажал пророк и ќе напраиме секта, пошо го погодил денешниов Zeitgeist у срж.
И ако извини е кажано од куртоазија, ипак има крајна цел, минимизирање на сјебаноста на делото кое си го направил. Па, ако особата на која и бараш опрост, го отфрли твоето извинување, онда целта не е постигната и не ти одговоара.
Плус, у овој случај, немаш потреба од мир на совеста, пошо кога неискрено се извинуваш тебе не ти е баш особено криво за делото. Проблем ти се последиците...и пак, казна и отфрлање ко она на Хаус не ти иде у прилог.
Кога збориме за грижа на совест, онда збориме за вистинско каење за делото...збориме за неприфаќање на фактот дека баш ти тоа си го направил, за нелагодност на сликата која си ја создал од себе. У ради реда извинување тоа го нема.
И у вториов случај, совеста се смирува само со себе-опрост, односно само кога ти ќе го прифатиш она што си го направил и ќе си го опростиш. Надворешната казна е второстепен чин, фластер за гнојна рана, кој никогаш не дава вистински мир на совест (ова барем јас сум го осетила...можда и не е така, али за мене е).
Конечно, ништо не е фиксна вистина и све е дозволено е прифатлив поглед на животот. Али, според таа премиса, како што има место за прозаично извинување, така има место и за искрено барање на прошка. Само за ислкучивост нема. А, Хаус лајк идеологијата е чин на исклучивост.