Колку ви значи зборот ИЗВИНИ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
Да те потсетам на едно нешто за кое и сама знаеш дека е вистина колку и да сакаш да покажеш дека не веруваш во тоа.
Убавиот збор железни врати отвара.
И не, не им се придава огромно значење на зборовите. Голема грешка е штом размислуваш така.
Се придава големо значење на гестот. Искреното извини е нешто за кое треба да се има доблест да се каже. А таа доблест не ја поседува секој.
Затоа извини ми значи и како збор и како гест.

Ти се сметаш за доволно компетентен да разликуваш искрено од лажно извини?
И кои се начините да ги разликуваш?
Според тебе, искрено извини би значело со солзи, напатени погледи и слично, ветувања дека нема да се повтори? Од каде знаеш дека сето тоа не е лажно? Од каде знаеш дека особата која ти згрешила нема задни намери со тоа негово/нејзино извини?
Убавиот збор железни врати отвара, но само ако и оној што ги слуша има некаква корист од попуштањето.
Инаку, нема шанси зборот да те омекне, да те натера да размислуваш.
Се` е до делата.
 
Да точно така, Извини ама од срце кажано. Се извинувате ли одкако ќе направите грешка, макар и најмала скоро небитна за луѓето околу вас....Ако неможете во лице извинете се тука, моментално неможам да се и' се извинам на една личност и би го искористил форумов (Кајгана-Конектинг Пипл:smir:)

Иако сум многу тврдоглава,своеглава и секогаш истерувам до крај по мое и секако сакам да сум секогаш во право знам да кажам искрено извини кога сум згрешила.Од друга страна ако знам дека не сум крива никогаш не би пробала да го решам проблемот ако е озбилен секогаш чекам личноста да се извини и да ја сфати грешката.Сакам да поттикнам да се размисли за направеното и затоа сум понекогаш и злобно арогантна со личностите за мене најмили (дечко ми) а тие го разбираат тоа.На крајот се сфаќаат работите,се расчистува се и продолжува во најдобар тек.

Сакам да му кажам извини на дечко ми за се непромислено од моја страна,за секој злобен и арогантен потег,за се што му сметало зошто знам дека понекогаш претерувам но знам што правам и затоа сеуште сме заедно.И во моментов терам некој инает затоа го пишувам и постов ама и тоа е со причина.Сепак,ИЗВИНИ срце за се' знаеш дека те сакам и никогаш не би направила нешто за да и наштетам на нашата врска или на нас,се што правам е безболно (добро,со мааалкуцка нервоза) :back:
 
Ти се сметаш за доволно компетентен да разликуваш искрено од лажно извини?
И кои се начините да ги разликуваш?
Според тебе, искрено извини би значело со солзи, напатени погледи и слично, ветувања дека нема да се повтори? Од каде знаеш дека сето тоа не е лажно? Од каде знаеш дека особата која ти згрешила нема задни намери со тоа негово/нејзино извини?
Убавиот збор железни врати отвара, но само ако и оној што ги слуша има некаква корист од попуштањето.
Инаку, нема шанси зборот да те омекне, да те натера да размислуваш.
Се` е до делата.
Да не се убедуваме кој колку е компетентен. Факт е дека како што не можеш да бидеш сигурна за извинувањето дали е лажно, но исто и не можеш да тврдиш дека не е вистинско. Едноставно таквите работи се знаат. Не треба некој да дојде и да ти се удави во солзи пред тебе.
Начинот на разликување од искрено до лажно извини е иститот начин на кој ти одредуваш за што треба, а за што не треба да се прости. Не бираш ти, туку нешто длабоко во тебе ти го посочува правиот избор.
И од каде си ти пак толку сигурна дека позади тоа извини има некакви намери? Како што не можеш да се осигураш дали ги нема, така не можеш да знаеш ни дали ги има.
Не е се до делата. Делата се последица на размислувањата и одлучувањата, а одлучувањата се последица на зборовите. И ете дека збор може да те омекне.:)
 
Тоа сакам да кажам, нема шанси да бидеш сигурен дали некој го мисли „извинито“ што ќе ти го каже.
Зборови --> одлучувања --> дела.
НО! Најчесто ветувањата се празни, и сите зборови одат во ветар.
Теоријава паѓа во вода. :)
 
Не станува збор за ветување. Станува збор за извинување. Извинувањето никогаш не значи дека нештото нема да се повтори, туку значи покајување за нешто што се случило.
А ако оваа тероија паѓа во вода тогаш паѓа и твојата дека тој збор е без важност. Штом те тера да размислиш дали нешто е или не е искрено, тогаш тоа не е без важност. :smir:
 
Ветување дека дејството за кое сме се извиниле нема да се повтори.
Никој не се кае за делата и постапките, зарем не го сфати тоа до сега?
Сите глумат покајници, иако нивната цел не ми е се` уште позната, не знам што сакаат да постигнат со тоа.
И не можеш да размислуваш дали нешто е или не е искрено, тоа е афект, моментално чувство, state of mind.
Што не значи дека таа интуиција е точна, од кај знаеш дека не си погрешил во врска со нечие простување?
 
Параноик, едноставно во право е дечкото.

Извинувањето е како доказ, покажување, дека некој згрешил и го сфатил тоа.
Не збориме за шпански серии, оваа ми го украде дечкото, оној ми ја уби мачката па ми се извини.

Збориме за нешто покомплексно, нормално како збор не значи ништо сам по себе, туку целта со која е кажан.
Ме нервира вакво генерализирање, јесда и јас гледам филмови и серии со шпиони, ама некогаш и премногу психоанализи и "како/зашто" знаат само лошо да влијаат.

Затоа и фразата "fool me once, shame on you - fool me twice, shame on me" е измислена, нормално дека со "извини" никогаш не можеш да бидеш сигурен дека е од срце и не е изглумено, ама па не се и сите на светов глумци.

А тоа дека никој не се кае (во себе), ако разумно го тврдиш, баш би сакал да ми го докажеш.
Бидејќи на 6 милијарди да генерализираш, тоа е навистина голема работа.
 
Повеќе претпочитам да ми платат оштета отколку да ми кажат глуп збор "извини". Така да не ми значи ништо.
 
Многу ми значи.

Мене ми значи иако не го мисли тоа. Но барем да го каже. Нака ја испрља устата што се вика народски.
А пак тоа од се срце посебно ми значи некој што ќе се извини. Простувам тогаш скоро се (со искључоци).
Човечки е да се греши. Сите грешат. Па затоа и треба да простуваме, а и да се покајуваме.
 
Параноик, едноставно во право е дечкото.

Извинувањето е како доказ, покажување, дека некој згрешил и го сфатил тоа.
Не збориме за шпански серии, оваа ми го украде дечкото, оној ми ја уби мачката па ми се извини.

Збориме за нешто покомплексно, нормално како збор не значи ништо сам по себе, туку целта со која е кажан.
Ме нервира вакво генерализирање, јесда и јас гледам филмови и серии со шпиони, ама некогаш и премногу психоанализи и "како/зашто" знаат само лошо да влијаат.

Затоа и фразата "fool me once, shame on you - fool me twice, shame on me" е измислена, нормално дека со "извини" никогаш не можеш да бидеш сигурен дека е од срце и не е изглумено, ама па не се и сите на светов глумци.

А тоа дека никој не се кае (во себе), ако разумно го тврдиш, баш би сакал да ми го докажеш.
Бидејќи на 6 милијарди да генерализираш, тоа е навистина голема работа.

Од кога таа 6 милијардна маса доби морален напад? Од кога почнаа да ги ценат моралните вредности? Come on, don't be naive. Секој е способен да изглуми едно извини. А, од неговата способност колку може истото да го повторува, што ако е над 2 пати, паѓа во вода твојата фраза "fool me once, shame on you - fool me twice, shame on me"

Луѓето се лесно манипулативни идиоти. Да, генерализирам.
Ако успеваше страмот да не запира.. земјава ќе беше замислениот рај.

..therefor, people lie.
 
Ветување дека дејството за кое сме се извиниле нема да се повтори.
Никој не се кае за делата и постапките, зарем не го сфати тоа до сега?
Сите глумат покајници, иако нивната цел не ми е се` уште позната, не знам што сакаат да постигнат со тоа.
И не можеш да размислуваш дали нешто е или не е искрено, тоа е афект, моментално чувство, state of mind.
Што не значи дека таа интуиција е точна, од кај знаеш дека не си погрешил во врска со нечие простување?
Целосно грешиш. Извинувањето е за нешто кое поминало. А делот ветувам дека нема да се повтори се користи само како помош за да се прифати тоа извинување. Не можеш да споредиш нечие покајување со нечие ветување.
Ако никој не се кае за своите дела и постапки (зборувам за оние негативните), тогаш да се запознаеме. Јас сум никој. И верувај дека не сум единствен.
Знаеш, животот е пракса. А јас од таа пракса научив дека до сега грешев само кога не го слушав она во мене (онаа интуиција за која ти зборуваш). Сепак, тоа не е интуиција, туку е свесност.
 
Од кога таа 6 милијардна маса доби морален напад? Од кога почнаа да ги ценат моралните вредности? Come on, don't be naive. Секој е способен да изглуми едно извини. А, од неговата способност колку може истото да го повторува, што ако е над 2 пати, паѓа во вода твојата фраза "fool me once, shame on you - fool me twice, shame on me"

Луѓето се лесно манипулативни идиоти. Да, генерализирам.
Ако успеваше страмот да не запира.. земјава ќе беше замислениот рај.

..therefor, people lie.

И сето ова го констатираме од гледање филмови и House идеологијата?

Да не се лажеме вот, мразам кога морам ова да го користам, ама во овој случај е неопходно - од каде ти имаш супстанца, факти и други докази за да оценуваш?

Истото ја прашав и Параноик, од каде "инспирација" за вакви изјави?
Сакам поткрепа, да.

Вака се ми изгледа како празни муабети, јебига, навистина ми изгледа како заклучоциве да ги вадиш од Хаус епизда.
 
Ако никој не се кае за своите дела и постапки (зборувам за оние негативните), тогаш да се запознаеме. Јас сум никој. И верувај дека не сум единствен.
Ако никој НЕ се кае, и притоа Никој = гладиус, се добива:
Гладиус не се кае за своите дела и постапки, am I right, or am I right?
 
Јавно ќе се извинам што не успеав да се изразам како што треба.:smir: Како и да е, ЈАС (гладиус) се покајувам, и верувај не сум единствениот што го прави тоа.
Извини за тебе нема значење само затоа што ти не дозволуваш да има. Верувај, еден ден многу ќе те чини тоа:)
 
Не затоа што јас не дозволувам да има, затоа што речиси никој не бил искрен со мене на тоа поле.
Искуството [какво-такво] ме научило да не верувам на секој кој се користи со такви зборови. Не ретко се злоупотребувани.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom