Колку е чист воздухот во РМ

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
Picture 1199.jpg Picture 1198.jpg Picture 1200.jpg
Здраво,цуро денес лесно се дише, ама до кога ?
 
Зимата си отиде, проблемите останаа. Се до другата зима кога министерството пак ќе прави "акционен" план и "превентивни мерки" :facepalm:

Во Аеродром реагираат на непријатен мирис на сулфур и гума
Алармантно: Жителите од општина Аеродром се гушат во мирис на изгорени гуми и сулфур

Пред некоја недела, жителите на Бутел, Железара и Автокоманда
По втор пат протест против загадувањето од Железарница

информации за овие случаи и мерките од министерствата за екологија и здравство досега немам прочитано.
 
Последно уредено:
Нема гајле кај нас, све може да се деси и како ништо да не било. Нема одговорност, прашања....
Господ знае што ни сместиле.

Имаме у исто време, енормни количини дожд, земјотрес и екстремно зголемување на загадувањето, за само пола час.
shto-se-sluchi-so-vozduhot-vo-skopje-za-vreme-na-porojot-91053.jpg

Од 50-тина на микрограми на метар кубен во 22 часот, што е на границата на дозволените количини, веќе во 23 часот (жолтата линија) биле речиси 300!?
shto-se-sluchi-so-vozduhot-vo-skopje-za-vreme-na-porojot-91051.jpg

За да ни останат и други прашалници над глава, по вака регистрираната состојба на воздухот во 23 часот, делот на сајтот на Министерството кој ги прикажува состојбите паѓа и е надвор од употреба речиси 12 часа.

Сер Берик, извинување што те цитирам. Но постов ќе ти го искористам за едно обраќање до Lurtz.

Lurtz гледаш ли како вообичано во ова време од годината концентрацијата на честиците во Скопје е релативно нормална (pm10, и со другите величини најверојатно е слично).
Фабриките работат и на пролет/лето така?
(иако не сум сосема сигурен дека работат трета смена во недела накај полноќ)

Е сега, не го коментирав директно наглото загадување непосредно пред дождот (и земјотресот). Што е исклучително интересно. Ама ако шпекулирам можеби наглото зголемување на pm10 честички се минијатурни водени честички?
Многу сомнително е тоа што http://airquality.moepp.gov.mk воопшто не работи од тогаш, ниту има некаква информација од надлежните.

Како и да е, најмногу сакав да укажам дека греењето на дрва со обични глупи печки на дрва и тоа како придонесува за загадувањето на воздухот во зимниот период. Фабриките и сообраќајот и недосатокот од ветер, и тие играат улога... ама да кажеме дека чадот до ќумбињата нема значајна улога во загадувањето, е да се правиме глупи.
И пази, постов доаѓа од човек што летово ќе купи печка на дрва (иако тоа нема да е обично ќумбе).

...од тоа што сме се грееле на дрва и од што двеста иљади коли работеа низ центарот во неделата вечерта. Ни случајно не е од фабриките.
 
Скопјаништа, не се жалите само , пазите шо се дешава у Пекинг :
China starts televising the sunset on giant TV screens because Beijing is so clouded in smog
http://www.dailymail.co.uk/news/art...iant-commercial-screens-Tiananmen-Square.html
Убаво е на село, знам.
Ама јебеш кога сме од град, мора да си се избориме за чист воздух.
 
Сер Берик, извинување што те цитирам. Но постов ќе ти го искористам за едно обраќање до Lurtz.

Lurtz гледаш ли како вообичано во ова време од годината концентрацијата на честиците во Скопје е релативно нормална (pm10, и со другите величини најверојатно е слично).
Фабриките работат и на пролет/лето така?
(иако не сум сосема сигурен дека работат трета смена во недела накај полноќ)

.
Загадувањето често се зголемува во ноќните часови, а тогаш не се возат колите. Зависи многу од ружа на ветрови, воздушните маси, скопската микроклима. Нормално и од градбите кои се концентрираа последните 20-30 години во неколку скопски општини којзнае според кои планови градени, како и од големо намалување на зелените површини па микроклимата е веројатно и влошена. Друга работа е што градилиштето Скопје крева многу прашина. На пример неколкутонските камиони кои веќе со години се движат низ најфреквентните сообраќајници.
Не знам дали случајно овие линкови не работат
moepp.gov.mk/index.php?task=weblink.go&id=6&option=com_weblinks
http://airquality.moepp.gov.mk/
дури и на сајтот на град Скопје
http://www.skopjefinki.ekoinformatika.mk/
Те дисплеите не работат, те софтверот не работи, те многу мал опфат на мерни места што е некоја индикација.

Еве го и визуелно Скопје да се види кој тоа чади и загадува
3FB48A8AB77CA74198487893C5392E85.jpg
 
Последно уредено:
Убаво е на село, знам.
Ама јебеш кога сме од град, мора да си се избориме за чист воздух.

И тоа о викаш, Штип е село .. ама шо знаете вие плавокрвците
 
Да, тоа на сликата уште поубаво се гледа од врвот на Водно. Посебно кога денот е ведар и барем помалку ветровит.

Но сепак, главната поента е таа дека тој загадувач е помалку или повеќе активен секогаш, или било кога. Автомобилите имаат два шпица најгуст со сообраќај, неколку часа наутро и неколку часа попладне.
Градилиштата се активни исклучиво дење, од наутро до попладне.
Ветровите иако генерално непредвидливи, зголемената активност обично е наутро или навечер (ова е вака во сите котлини, или генерално во подножјата на планините).

Тоа што сакам да го посочам, а е многу лесно воочливо кога ќе се размисли со наведениве факти на ум: е дека единствениот фактор кој сега, во пролет и лето и во рана есен, го нема... е чадот од загревањето со дрва (и ќумур и што се не, што гори).

Кој навистина се сомнева во ова, доволно е во некоја студена зимска вечер ,од еден загаден Центар да се провози до (уште позагадените) населби со повеќе куќи од згради, како на пример: село Лисиче, Новоселски Пат, Волково... итн.
Еве јас имам добар пријател од Новоселски Пат. Зимно време и посебно навечер, како го поминувам надвозникот над железничките линини од поликлиниката во Ѓорче па накај Новоселски Пат... влегувам во полумагла од смрдлив чад. Малтене секоја од куќите има оџак кој чади црн смрдлив чад полн со чад од нецелосно согорени дрва (таков е дизајнот на обичните ќумбиња).

Истата приказна е во многу други населби со повеќе куќи одошто згради. И ова е причината зошто во многу светски градови е забрането горење дрва или фосилни горива (освен природен гас) во урбана средина. Или во најмала рака, тоа е регулирано со закон за минимална пропишана емисија на честици:
http://www.offthegridnews.com/2013/10/02/epa-bans-most-wood-burning-stoves/comment-page-1/

И да се разбереме, ова што го посочувам со загадувањето од (неквалитетно) горење дрва не е единственото еколошко прашање што треба да се решава. Напротив. Треба да се намали и сообраќајот, треба целата индустрија што има емисии од гасови да се иссели од Скопската Котлина.
Но не треба ни да се правиме слепи и да шириме дезинформации дека чадот од дрва е најздравата на работа не светов.
 
Апсолутно точно, но во последните неколку години, цените на парното ненормално скокнаа и луѓето немаат друг избор освен на дрва, се е супер сите да се гремее на парно, арно ама некој сака да заработи многу на тоа и за тоа имаме луѓе што се свртени кон греење на дрва. Затоа не треба да шириме дезинформации, дека е маглата крива за загадувањето и да кажеме дека сакаме да ве ограбуваме со парното.
 
Chemical Angel градот, па и државата, пак се криви и одговорни. Со децении наназад не се гради нова мрежа за атмосферска канализација, која очајно е потребна. Наместо тоа се градат споменици...
Еве натпис од пред 5 години:
http://vecer.mk/default.asp?ItemID=C7750AE58AF0074CAC696DFE8EEBC21C
Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски кој во средата беше на лице место да се увери во опасната слика, вчера најави брз акционен план за решавање на оваа црна точка во Скопје.
...
-Подвозникот кај стоковната куќа Мост, кај Момин Поток, улицата Бихаќка, улицата Финска, пред зградата на МТВ и други места каде во наредните месеци Градот Скопје ќе преземе градежни акивности за средување на одводната каналазициона мрежа.

Вчера истиот градоначалник го гледавме по телевизии како „ја решава ситуацијата„. И тоа ова беше кратко невреме, десетина минути траеше поројниот дожд. Што ли ќе се случеше да врнеше подолго?

Со загадувањето на воздухот СЕКОЈА ЗИМА Е ИСТОТО. Ќе решавале ќе пустеле, и НИШТО НЕ ПРАВАТ. Никакви регулации нема за контрола на испуштањето на чад и честици ни од оџаците на фабриките, но ни од оџаците на ќумбињата за греење.
Не го решаваат сообраќајот. Не прават подобар јавен градски превоз, па да не се возат толку автомобили. Ма што зборуваме, дури ни е*ани нормални велосипедски патеки не можат да направат како што треба, а со истата цел: да не се возат толку автомобили и да нема толку загадување на воздухот.
 
Последно уредено:
По повод на на Светскиот ден на животната средина на 05 јуни 2014 во Скопје а на 06 јуни во Битола ќе се одржи настанот под име „Погребна поворка“ за белите дробови. Настанот е организиран од страна на НВО Еко Свест од Скопје, НВО Биосфера од Битола, Дебатното Кино Контра Кадар од Битола и порталот за Енергетска ефикасност.

Во Скопје манифестацијата ќе се одржи на 05 јуни 2014 година со почеток во 11:00 часот пред меморијалниот музеј на Мајка Тереза.

Read more: http://energetskaefikasnost.info/po...kiot-den-na-zhivotnata-sredina/#ixzz33liQ6kY4
 
Загадувањето е резултат на поставеноста на градот Скопје во котлина, лошата урбанизација во минатото, особено изградбата на населбата Капиштец која го спречува струењето на воздухот од Водно.

Дали ова значи дека Капиштец е помалку загаден од другите населби?
 
Датум: 18.06.2014, 15:17
СKОПЈАНИ ЗАГРИЖЕНИ ПОРАДИ ЗАГАДУВАЊЕТО, наЈавуваат нови протести

„Макстил“ чади и филтер гради

6824AD0E5DAA104DB3D2D300B59394D8.jpg

Граѓаните секојдневно ги фотографираат темните облаци чад од „Макстил“ што ја покриваат котлината и бараат тоа веднаш да престане. Од Инспекторатот за животна средина велат дека редовно ја контролираат челичарницата и дека таму се гради постројката за пречистување секундарни емисии, која ќе биде готова наесен
 
Според ова што го видов утрово во Скопје мислам дека е време за оваа тема.
Зошто мерните инструменти не функционираат?
Зошто се помалку има зеленило во ск и во некои други грдови во РМ? итн
 
Функционираат мерните инструменти, еве за оваа недела

123.png

Тоа што се случува во Лисиче се рамни со гасна комора. Чудна е границата од 1000, така што може инструментите до толку им реагираат, па можеби во Лисиче и преку 1000 иде PM10.

Колку за споредба на американците не им се верувало кога во Пекинг имало PM10 од 755, нешто невидено за американски стандарди. http://www.nytimes.com/2013/01/13/science/earth/beijing-air-pollution-off-the-charts.html?_r=0
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom