Колку е чист воздухот во РМ

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
ВЕСТ ВЕБ ВЕСТИ

24.12.2013, 15:53
(Фото) Сињак

Сињак е појава на смрзнати честици од влага кои се појавуваат во форма на ситни ледени кристали кои се формираат на ладни предмети.

Се појавува најчесто во зима на гранките на дрвјата, на оградите и на автомобилите кога температурата е под нулата. Водената пареа во допир со ладните предмети се згуснува, замрзнува и се создаваат ледени кристали. Сињакот секогаш се создава на онаа страна од каде што дува ветрот. Најчесто се појавува во две форми, тврд (hard rime) и обичен сињак (soft rime). Тврдиот сињак е сличен на снегот, непровиден и зрнест, додека обичниот сињак е слој од бели смрзнати кристали. Слична појава на сињакот во природата е сланата, но за разлика од сланата сињакот настанува при пониски температури.
E587798446E4DC4B95995531512B9366.jpg

DF85A18096547E45AB0D8DBDBF9D4ABF.jpg

9AF49C64B0AB7F49859547983C1DED68.jpg
ПОВЕЌЕ НА http://vest.mk/default.asp?ItemID=612467D1791BF34C97088EBF213A0B37

Фото: А. Петревски
 
поважно им е да ни објаснат што е иње отколку да го отстранат проблемот. Веројатно додека не почнеме да светиме во темница, добро е.
 
Great Smog

http://en.wikipedia.org/wiki/Great_Smog
London, 1952 vidlivosta namalena na 5 metri, poginale 12 000 lugje a povredeni bile 100 000, tie 4 dena bile prav uzas

После ова забрането е греење на дрва во Лондон.
Со таква топлификација и со такви цени на струја во Скопје, не верувам дека ќе се намали бројот на луѓе што се грејат на дрва. туку баш обратно.
 
Немој вакви работи да пишуваш на оваа тема. Сега ти следува линч од локалнава тајфа што инсистира дека целото загадување на воздухот е од индустријата и од автомобилите (иако мерењата покажуваат најголем пораст на загадувањето кога сите се дома, не возат коли, и не работат во фабрики). Што ги знаеш, веројатно се греат на дрва.
 
Koj se grejt vo Centar na drva? 1 posto ili 2 posto ? A vozduhov melem za oci,nos i grlo...
 
Не може да е главно од дрва, се греат луѓето веќе 20 години на дрва па вакво нешто никогаш немало, има уште некоја причина.
 
Вечерва ептен помалце магла, јас каде што живеам блиску до Вардар, каде што навечер цело време не се гледаше повеќе од 10 метри, вечерва речиси и да нема. Се надевам дека ќе продолжи така.
 
После ова забрането е греење на дрва во Лондон.
Со таква топлификација и со такви цени на струја во Скопје, не верувам дека ќе се намали бројот на луѓе што се грејат на дрва. туку баш обратно.

Лондон се грееше на ќумур.
 
Лондон се грееше на ќумур.

Добро мала грешка од моја страна, забрането е секакво греење кое вклучува чад, значи ќумур, дрва и јаглен.
--- надополнето: 25 декември 2013 во 01:35 ---
Немој вакви работи да пишуваш на оваа тема. Сега ти следува линч од локалнава тајфа што инсистира дека целото загадување на воздухот е од индустријата и од автомобилите (иако мерењата покажуваат најголем пораст на загадувањето кога сите се дома, не возат коли, и не работат во фабрики). Што ги знаеш, веројатно се греат на дрва.

Јас мислам дека е од све по малку.Увезени се повеќе стари коли, повеќе луѓе се греат на дрва, а индустријата ја боли таквото за стандарди.
 
Добро мала грешка од моја страна, забрането е секакво греење кое вклучува чад, значи ќумур, дрва и јаглен.
--- надополнето: 25 декември 2013 во 01:35 ---

Јас мислам дека е од све по малку.Увезени се повеќе стари коли, повеќе луѓе се греат на дрва, а индустријата ја боли таквото за стандарди.

Сакаш да кажиш дека старо стоедно помлаце би загадувало од мерцедес стар десет години или еко 2 стандар.
Од сето тоа што го наброи само болдираното е клучниот фактор во равенката, се друго е гола вода.
 
Вечерва ептен помалце магла, јас каде што живеам блиску до Вардар, каде што навечер цело време не се гледаше повеќе од 10 метри, вечерва речиси и да нема. Се надевам дека ќе продолжи така.

Пошто многу се стопли времево луѓево го изгасиле греењето, ова за тие што тврдат ради печките на дрва било главното загадување.
 
Сакаш да кажиш дека старо стоедно помлаце би загадувало од мерцедес стар десет години или еко 2 стандар.
Од сето тоа што го наброи само болдираното е клучниот фактор во равенката, се друго е гола вода.

Увезени се преку 3000 коли во Скопје без никаков еко стандард, мислиш дека тоа не допринесува на загадувањето?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom