Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 27.830
- Поени од реакции
- 37.198
Да. Има платени фаци и медиуми, кои тврдат дека куќите што се греат на дрва го прават ова. Но тие што ги платиле тие фаци ова да го лажат, добро знаат дека монополот кој власта им го даде (да ни прават апсолутно што сакаат) на ЕВН и БЕГ, ги доведе граѓаните до ова дереџе, да се греат како во стари времиња.
Па искрено, греењето на дрва е солиден дел од проблемот.
РЕШЛИВ проблем, само треба да се запазат одредени стандарди за печките на дрва: пошто проблемот е во ЛОШОТО СОГОРУВАЊЕ на дрвата. -Тогаш се случува загадувањето, темен чад полн со саѓи (кои се баш такви пм25, пм10, пм-какви-сакаш, честички). Башка и со неефикасноста повеќе дрва потрошени, повеќе пари дадани: сите губат.
Стај ги тука и цела Шутка (па и не само тие) што се грејат со согорување на секако ѓубре што ни под разно не би смеело да се гори во урбана средина.
Е сега ова не значи дека не ТРЕБА ДА СЕ ЗАТВОРАТ ФАБРИКИТЕ во Скопје. Не да стават филтри, туку да се затворат. Е*аго не може некој да се вади на тоа дека вработува одреден број работници (со минималец плата), и на таа сметка да труе цел град.
Ама треба и носење регулации за греење со дрва. Или среди си ја печката, или купи си нова печка што гори како што треба. Или плаќај дебели казни па види дали таквото греење е исплатливо.
Абе топла вода е одамна измислена, и вакви регулации има во сите поголеми градови... во нормалните делови од светот.
Само овде кај нас, наместо да бараме носење на такви регулации: му даваме на Минчо (и таквите како него) да не труат, само за да не мораме и ние да си го регулираме сопствено загадување од дома, со горење дрва (и ѓубре).
П.С. Ако мислиш дека за пишувањево сум „платен„ од Минчо или од влада, или не знам од кој... ај уште еднаш размисли што всушност барам овде во постов.
