Да, тоа на сликата уште поубаво се гледа од врвот на Водно. Посебно кога денот е ведар и барем помалку ветровит.
Но сепак, главната поента е таа дека тој загадувач е помалку или повеќе активен секогаш, или
било кога. Автомобилите имаат два шпица најгуст со сообраќај, неколку часа наутро и неколку часа попладне.
Градилиштата се активни исклучиво дење, од наутро до попладне.
Ветровите иако генерално непредвидливи, зголемената активност обично е наутро или навечер (ова е вака во сите котлини, или генерално во подножјата на планините).
Тоа што сакам да го посочам, а е многу лесно воочливо кога ќе се размисли со наведениве факти на ум: е дека единствениот фактор кој сега, во пролет и лето и во рана есен, го нема... е чадот од загревањето со дрва (и ќумур и што се не, што гори).
Кој навистина се сомнева во ова, доволно е во некоја студена зимска вечер ,од еден загаден Центар да се провози до (уште позагадените) населби со повеќе куќи од згради, како на пример: село Лисиче, Новоселски Пат, Волково... итн.
Еве јас имам добар пријател од Новоселски Пат. Зимно време и посебно навечер, како го поминувам надвозникот над железничките линини од поликлиниката во Ѓорче па накај Новоселски Пат... влегувам во полумагла од смрдлив чад. Малтене секоја од куќите има оџак кој чади црн смрдлив чад полн со чад од нецелосно согорени дрва (таков е дизајнот на обичните ќумбиња).
Истата приказна е во многу други населби со повеќе куќи одошто згради. И ова е причината зошто во многу светски градови е забрането горење дрва или фосилни горива (освен природен гас) во урбана средина. Или во најмала рака, тоа е регулирано со закон за минимална пропишана емисија на честици:
http://www.offthegridnews.com/2013/10/02/epa-bans-most-wood-burning-stoves/comment-page-1/
И да се разбереме, ова што го посочувам со загадувањето од (неквалитетно) горење дрва не е единственото еколошко прашање што треба да се решава. Напротив. Треба да се намали и сообраќајот, треба целата индустрија што има емисии од гасови да се иссели од Скопската Котлина.
Но не треба ни да се правиме слепи и да шириме дезинформации дека чадот од дрва е најздравата на работа не светов.