Добро, а кој му е мотивот на Господ да го створи универзумот, ѕвездите, планетите и сиот живот што постои???? Што, досадно е да бидеш семоќно, вечно битие, а да ја поминуваш вечноста сам? Па се разбуди господ еден ден и си рече, eеј... па зашто не си направам луѓе? Ха, па ова е супер идеја! И ќе ги ставам таму на една планета и ќе им створам секакви срања, болести, земјотреси, вулкани и секакви глупости што ќе ги ништат. У... па би можел уште да им дадам способност и желба да се убиваат и повредуваат едни со други. Хаха... гение сум значи! И после ќе им дадам правила како да се однесуваат, а тие што не ги почитуваат ќе ги ставам да горат и да патат и да се мачат цела вечност. И така ќе ги пуштам и ќе застанам од страна да си гледам Reality-show. Одреме навреме ќе им пуштам некој пророк што ќе ги лаже дека ги сакам. Хаха... дека ги сакам, човече, ти се верува??? И тие ќе веруваат. Па, нормално дека ќе веруваат, не ги направив олку глупи за џабе, хехе.