Кино сали во Македонија (Cineplex, Шминеплекс и се останато)

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување
Анкета од Синеплексс, кој сака нека пополни, вкупно одзима 1-2 минути
ЛИНК
Тончи ве лаже, пола саат се мислев кои филмови да ги пишам таму на последното прашање :cautious:
 
 

значи нема imax
 
Штета, баш се надевав дека ќе донесат некоја алтернатива (кхм, конкуренција) за Синеплекс.
 
значи нема imax
Во Србија имаат IMAX.
Е сега за кај нас нешто најавуваат за вториов Cineplexx.

Нова димензија на удобност за Скопје
Покрај најсовремената кинотехнологија, CINEPLEXX најавува и нова димензија на удобно седење преку нова ексклузивна ВИП сала со луксузни кожни седишта за извонреден комфорт и приватност. Господинот Михаел Ретенбахер, раководител на техничкото одделение во CINEPLEXX изјави: „Нашите австриски стандарди за прикажување на проекциите, амбиент и удобност се веќе добро познати во Скопје и сметаме дека е наша обврска секогаш да обезбедуваме дополнителни иновации и високи услуги. Посетителите на нашето ново кино во Скопје можат да го очекуваат најдоброто кино искуство.”

Повеќе детали за проектот ќе бидат објавени во подоцнежната фаза од напредокот во градежништвото.

Јас никогаш не сум бил во киново во Скопје ама би сакал некогаш да го посетам кога би имал прилика за тоа и друштво/девојка за гледање филм во кино.
 
Јас сум среќен за ова кино. До Сити Мол имам 30км возење во една насока. До Ист Гејт имам 20
 
А ако од Сити Мол користев само Синеплекс?
A што тоа од Ист Гејт би користел? Косовска пицерија, Тинекс маркет?
Или сакаш да ги осетиш кожените седишта во овој Синеплекс? :D
 
Последно уредено:
Цените на становите во Скопје растат во зависност од тоа дали в комшии имаш Косовска пицерија или не.
Шопинг Мол ти дефинира квалитет на живот :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom