И да се пожалам. Порано батеријата ми траеше по еден месец, со читање 10 часа неделно. Сега ми трае многу помалку. Не знам точно колку, ама малку сум разочарана. Не од киндлот, киндлот е супер. Разочарана е погрешен збор, пре би рекла дека сум засекирана. Моментално не планирам да си купувам нов киндл се дури ме држи овој. Ама како што тргнало, појше од година-две не му давам. Како ќе купам нов појма немам, немам акаунт а и да имам, страв ми е да нарачам од Амазон, ќе се изгуби со поштиве наши. Ај ваљда ќе се снајдам некако.
Што заради батеријата му се секираш дека ќе мора да го менуваш читачот?
Ајде де, не е дека батеријата не може да се смени (иако не е предвидено во своја режија да се прави тоа). Наводно има да се набават компатибилни батерии од ибеј или амазон, но отварањето на читачот би било малку... неуредно (ќе останат траги).

Во најмала рака поискусен електоничар ќе може да стави екстерна батерија. Малку гето ќе изгледа, ама ќе функционира.
Инаку јас го цедам мојов Киндл, еве пред неколку месеци направи 4 години екстензивна употреба. Малтене нема ден да не ми е во рака читачот, често и по повеќе саати. Звучи премногу, ама така си го организирам времето: телевизија не гледам ич, ако ми е вклучен телевизорот тоа значи дека си пуштам филм во HD од телевизор. Другото слободно (и неслободно време) читам.
Сакам да кажам, нормално е дека малку ми трае батеријата. И нормално е малку да му трае на секој што чита многу. Рекламите на Амазон со времетраење на батерија од месец дена се за помалку саати читање.
Просечен животен век на литиумска батерија, е некои 300-500 циклуси од полнења/празнења. Еднаш неделно да се полни батеријата, тоа се 56 полења годишно. Значи барем 6 години би требало да истера таква батерија, со правилно користење (ако не е малтретирана со чести кратки полнења).
Некои велат дека нема врска дали се празни до крај батеријата па се полни цела, јас мислам дека тоа
има големо значење. Не велам да се цеди батеријата до исклучување, туку само до првите предупредувања. И да не се дира уредот додека не се наполни и исклучи.
Но како и да е, втор Киндл е добра работа. Во мојот случај секако ми треба уште еден (за девојка ми), но убаво е да се има спремна резерва во случај на оштетување на читачот (скраја да е). Не е дека се скапи Киндловиве, всушност поевтини се од просечен телефон.