Kindle

  • Креатор на темата Креатор на темата Srcee
  • Време на започнување Време на започнување
Конечно го земав paperwhite-от :vozbud:
Читав reviews ама сосема е различно кога човек ќе го земе во рака. Екранот мене ми е почитлив и од обичните книги, плус што е далеку полесен од сите топуци што ги читам :D
Дали може да го полнам со полначот од телефон (galaxy s4)?
Со сѐ друго се снајдов, благодарност до @Vanlok за опширното објаснување за Calibre во претходните постови :)
 
Последно уредено:
@AlternativeF мислам дека не би требало да има проблеми ако физички пасува таа варијација од USB порт. Сличен капицетет би требало да се батериите така да амперажата не би требало да биде проблем. Но секако провери на спецификациите дали се со ист напон (најверојатно да пошто за USB порт се работи, но за секој случај провери).
 
Последно уредено:
Конечно го земав paperwhite-от :vozbud:

Дали може да го полнам со полначот од телефон (galaxy s4)?

Не сум имал потреба да го полнам со телефонот. Ионака батеријата трае ненормално долго и само го закачувам на лаптоп.

Sent from my Grand X In using Tapatalk
 
Конечно го земав paperwhite-от :vozbud:
Читав reviews ама сосема е различно кога човек ќе го земе во рака. Екранот мене ми е почитлив и од обичните книги, плус што е далеку полесен од сите топуци што ги читам :D
Дали може да го полнам со полначот од телефон (galaxy s4)?
Со сѐ друго се снајдов, благодарност до @Vanlok за опширното објаснување за Calibre во претходните постови :)
Ај честито, слободно полни го со полначот од тел немаш проблеми.
 
Само еден мал проблем ми се појавува. Кога ќе го вклучам на компјутер влегува во usb mode и вика дека за да го користам треба да му направам eject од компјутер. Правам eject, но не излегува од usb mode, морам да го исклучам и кабелот за да се активира. Така е кај сите или грешам нешто?
 
Само еден мал проблем ми се појавува. Кога ќе го вклучам на компјутер влегува во usb mode и вика дека за да го користам треба да му направам eject од компјутер. Правам eject, но не излегува од usb mode, морам да го исклучам и кабелот за да се активира. Така е кај сите или грешам нешто?

Кај мене е ОК. Од каде му правиш eject, од My computer или од она во tray, safely remove device?
 
Кога ќе го вклучам на компјутер влегува во usb mode и вика дека за да го користам треба да му направам eject од компјутер.

Совети за долго користење на читачот.

- Не е баш пожелно да читаш од Киндл додека се полни, уште помалку да го прекинуваш во полнење. Батеријата има конечен број на полнења и празнења.
Затоа гледај на полнење (приклучување на компјутер) да си ставиш повеќе книги и да не мораш читачот да го приклучуваш на неиспразнета батерија само за да ставиш литература во него.
Не мора баш тие неколку саати да читаш од него така? Ако веќе и онака си до компјутерот можеш и од компјутерскиот екран да читаш.

- На полнач читачот се полни осетно побргу отколку од компјутер (USB излезот на компјутерот дава помалку милиампери). Ако не планираш да ставаш литература внатре, полни го со полнач а не на компјутер.
 
@ficdogg eject правам преку tray.
@Vanlok сега бев ептен нестрплива да видам како изгледаат книгите, затоа и пробав воопшто да го отворам, инаку во принцип знам дека не треба да се користи додека е на полнач.
Уште едно прашање and I'll shut it, сега му е батеријата 3/4 полна, дали треба да ја наполнам до крај па да го користам или може да го користам додека не се испразни па кога ќе се испразни да го полнам?
 
@AlternativeF велат дека е многу важно првите десетина пати, до крај да се наполни и потоа да се испразни батеријата. Наводно за да се формира правилно. Нема да се правам дека знам зошто, но со сите уреди што ми работат на полнливи батерии го практикувам ова.

Јас би го ставил читачот да се наполни на максимум и дури потоа би го користел.
 
Moжеби си во право, но јас така правам и телефоните и се друго ми трае многу повеќе од сите што ги познавам. Можеби не е до формирањето на батеријата и циклусите на полнење-празнење, можеби е повеќе до дисциплината да не ги кратам полнењата и да не ги користам уредите додека се полнат.
Во пракса, тоа го правам за мене носи резултати.

Ама не велам дека се знаам и дека не е можно да грешам. @Blazing Guns кажи нешто поконкретно за ова, по можност и дај некои линкови за текстови на оваа тема.
 
@Blazing Guns кажи нешто поконкретно за ова, по можност и дај некои линкови за текстови на оваа тема.
Нема линкови, тоа е и проблемот. Нема да најдеш научни факти за тоа како да се одржува батерија, се` е корисничко искуство.

Пример, имам лаптоп од 2007 година, значи веќе 6 и пол години секојдневно користење (Асер), батеријата нонстоп во него и на адаптер. И после сето тоа време ми држи по 30-40 минути на батерија, додека првично дрќеше некои 2-2.5 часа. Се случувало на нови лаптопи (до 6 месеци) да им рикаат батерии и да не држат воопшто.

И мене генерално ми држат уредите добро батерија, доста слично сценарио на твоето следам, но не можам да кажам со сигурност дека тоа е правилното.

Од друга страна имам братучед кој работи во сервис и ми кажа дека 80% од таблети кои се носат на сервис е заради тоа што се оставени подолго со испразнета батерија и потоа не се полнат и не се покренуваат.

Да заклучам, советот ти е на место, само сакав да кажам дека нема научни факти и методологии што го поткрепуваат тоа.
 
Интересна тема за дискусија. Дефинитивно ќе се согласам дека не е препорачливо батериите да се цедат баш до исклучување на уредот, туку само до првото предупредување за празна батерија.
За Киндл конкретно, експериментирав со тоа колку трае батеријата после првото предупредување... и можам да кажам дека прилично трае. Е сега пошто ваквите уреди со е-инк екрани најмногу енергија трошат кога менуваат слика на екранот, времето на работа после предупредувањето не е показател. Но бројот на менување на екранот (нови страници) дефинитивно е показател. Во случајот на Киндл, се работи за барем 100тина страници.
Така да, јас лично си продолжувам да читам уште солидно време после предупредувањето... до првото здосадување или прекинување на читање од било која причина. Тогаш го ставам на полнач и не го дирам додека не се наполни. Со оригиналниов полнач се полни за некои 3 саати, можеби малку повеќе. На компјутер, отприлика дупло повеќе време треба, ама па тоа го правам само кога ставам нова литература (а секогаш ставам многу).


Пример, имам лаптоп од 2007 година, значи веќе 6 и пол години секојдневно користење (Асер), батеријата нонстоп во него и на адаптер. И после сето тоа време ми држи по 30-40 минути на батерија, додека првично дрќеше некои 2-2.5 часа. Се случувало на нови лаптопи (до 6 месеци) да им рикаат батерии и да не држат воопшто.
Јас во вакви ситуации навистина не знам зошто батеријата веднаш не се вади од лаптопот. Батеријата може веднаш да иде во фиока, ако се користи лаптопот постојано вклучен во струја.

Ама ОК, признавам дека сум олд скул за овие работи. Мене не ми е јасно и зошто денес луѓево малтене сите имаат лаптопи а немаат десктоп (или па имаат ама не го користат).
Смешно ми е како 99 од 100тина сопственици лаптопот го користат како класичен десктоп: дома и вклучен во струја (значи неподвижен).

Јас?
Дајте ми 22 или 24 инчен монитор, добра full-size тастатура (по можност со механички Cherry тастери), добро full-size глувче, и нормално добро озвучување.
И не зборам за играње (ок, не само за тоа), туку за нормална секојдневна работа. :)
 
Да се пофалам дека имам полнач за киндлот и сега не морам да го полнам преку компјутер. Ова ми беше многу важно од две причини. Прво, кога одам на одмор му вадам душа на киндлот, а немам лап топ и ми се јавува проблем кога ќе снемам батерија - нема кај да го полнам. Второ, на мојов компјутер не можепе да се полни. Не знам зошто. Кај моите има два лап-топа, на едниот можеше, на другиот не. На работа секогаш го полнев. Проблем, ама тоа е.

И да се пожалам. Порано батеријата ми траеше по еден месец, со читање 10 часа неделно. Сега ми трае многу помалку. Не знам точно колку, ама малку сум разочарана. Не од киндлот, киндлот е супер. Разочарана е погрешен збор, пре би рекла дека сум засекирана. Моментално не планирам да си купувам нов киндл се дури ме држи овој. Ама како што тргнало, појше од година-две не му давам. Како ќе купам нов појма немам, немам акаунт а и да имам, страв ми е да нарачам од Амазон, ќе се изгуби со поштиве наши. Ај ваљда ќе се снајдам некако.
 
@Srcee јас го земав од Невада (Future Shop), цената беше иста како да го порачав сама (царини, шпедиција...), минус нервозите од чекањето, следењето на пратката и расправањето со поштарите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom