Kindle

  • Креатор на темата Креатор на темата Srcee
  • Време на започнување Време на започнување
@Srcee јас го земав од Невада (Future Shop), цената беше иста како да го порачав сама (царини, шпедиција...), минус нервозите од чекањето, следењето на пратката и расправањето со поштарите.

А кај е таа продавница? А стари модели има? Пошто нејќам таблет, сакам е-инк.
 
И да се пожалам. Порано батеријата ми траеше по еден месец, со читање 10 часа неделно. Сега ми трае многу помалку. Не знам точно колку, ама малку сум разочарана. Не од киндлот, киндлот е супер. Разочарана е погрешен збор, пре би рекла дека сум засекирана. Моментално не планирам да си купувам нов киндл се дури ме држи овој. Ама како што тргнало, појше од година-две не му давам. Како ќе купам нов појма немам, немам акаунт а и да имам, страв ми е да нарачам од Амазон, ќе се изгуби со поштиве наши. Ај ваљда ќе се снајдам некако.

Што заради батеријата му се секираш дека ќе мора да го менуваш читачот?
Ајде де, не е дека батеријата не може да се смени (иако не е предвидено во своја режија да се прави тоа). Наводно има да се набават компатибилни батерии од ибеј или амазон, но отварањето на читачот би било малку... неуредно (ќе останат траги). :)
Во најмала рака поискусен електоничар ќе може да стави екстерна батерија. Малку гето ќе изгледа, ама ќе функционира. ;)

Инаку јас го цедам мојов Киндл, еве пред неколку месеци направи 4 години екстензивна употреба. Малтене нема ден да не ми е во рака читачот, често и по повеќе саати. Звучи премногу, ама така си го организирам времето: телевизија не гледам ич, ако ми е вклучен телевизорот тоа значи дека си пуштам филм во HD од телевизор. Другото слободно (и неслободно време) читам.

Сакам да кажам, нормално е дека малку ми трае батеријата. И нормално е малку да му трае на секој што чита многу. Рекламите на Амазон со времетраење на батерија од месец дена се за помалку саати читање.
Просечен животен век на литиумска батерија, е некои 300-500 циклуси од полнења/празнења. Еднаш неделно да се полни батеријата, тоа се 56 полења годишно. Значи барем 6 години би требало да истера таква батерија, со правилно користење (ако не е малтретирана со чести кратки полнења).
Некои велат дека нема врска дали се празни до крај батеријата па се полни цела, јас мислам дека тоа има големо значење. Не велам да се цеди батеријата до исклучување, туку само до првите предупредувања. И да не се дира уредот додека не се наполни и исклучи.

Но како и да е, втор Киндл е добра работа. Во мојот случај секако ми треба уште еден (за девојка ми), но убаво е да се има спремна резерва во случај на оштетување на читачот (скраја да е). Не е дека се скапи Киндловиве, всушност поевтини се од просечен телефон.
 
Интересна ствар ми се киндл,па ако има некои така достапен со добар работа и да е докажан,сугестии.. и да,сакам да зимам таму да читам да не гледам во монитор очи горат ,благодарам,
 
Пробал некој стрипови да чита преку Kindleот?
 
Сакам да прашам како идат цениве видов на реклама 5 4650 со 1 година гаранција отворив на невада видов некои цени 8-9 к :D
 
Сакам да прашам како идат цениве видов на реклама 5 4650 со 1 година гаранција отворив на невада видов некои цени 8-9 к :D
Зависи кој си го гледал, обичен со тач ти е 6600, paperwhite ти е 9800 и најновиот Voyage ти е 16500. Сега гледам дека го немаат веќе обичниот без тач, тој беше околу 4500-5000.
 
Зависи кој си го гледал, обичен со тач ти е 6600, paperwhite ти е 9800 и најновиот Voyage ти е 16500. Сега гледам дека го немаат веќе обичниот без тач, тој беше околу 4500-5000.
А може ли да си симињам книги од торрент или мора да се купуваат?
 
На црниот петок амазон го продаваа за само 50 долари. За жал само во САД, меѓународните испораки немаа намалена цена.
 
Моментално на Амазон е $59. Знае некој колку би ми испаднало вкупно со царина?[DOUBLEPOST=1423616474][/DOUBLEPOST]Моментално на Амазон е $59. Знае некој колку би ми испаднало вкупно со царина?
 
Тој Kindle ти е за амерички пазар, гледај ко тој што е 79 долари. Давачки веројатно би имал уште толку.


Sent from my iPad using Tapatalk
 
Моментално на Амазон е $59. Знае некој колку би ми испаднало вкупно со царина?
Топ цена, ако имаш кој да ти го донесе. Или да нарачаш преку посредник, како на пример преку:
http://shoppingusa.mk/
Прашај ги нив, колку и што ќе испадне цената до тебе дома. Иначе нема врска што е за амерички пазар, тоа само значи дека Амазон не го испорачуваат (за таа цена) надвор од САД.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom