Kindle

  • Креатор на темата Креатор на темата Srcee
  • Време на започнување Време на започнување
Зборам двете се битни, а би размислил кога би купувал од било кој застапник што препродава. Да беше 3000-4000 денари разликата да, ама 2000 ќе ти спасат многу нервози. Мислиш тие платиле царина на производите ако ги продаваат по толку ниска маргина?

Единствено сакам да знам која им е полисата на враќање на расипани производи, рефундирање на парите итн на Невада и дали се сериозна фирма оти Амазон се особено јасни по тие прашања и тоа ми влева сигурност. Дали искрено мислиш не е важно од каде ќе го купиш производот туку само да е оригинал и поефтин? Инаку ако испланирам нешто во иднина ќе ги контактирам невада и ќе ги прашам се детално. Фала на дискусијата :)

Тебе изгледа не ти иде математиката добро,.
Од невада 5000 денара
Од амазон 7000 денара,

Од невада ако ти се расипе им го враќаш на нив, ако не сам го праќаш за Америка +2000 денара
Од амазон сам го враќаш од старт и плаќаш 2000 денара. автоматски, твојот киндл сега те кошта 9000 во споредба со 7000 од невада. Со тие 2000 што ги даваш на почетокот за царина и сл, комбинрано со 2000 за да им го пратиш во Америка ти ќе можеш да купиш нов киндл.

И не, во овој случај не прави разлика дали ќе го купиш од амазон или невада, затоа што производот е ист, и шансите да добиш фабрички расипан модел се нула ако земеш од невада, во споредба со амазон каде не се нула.
--- надополнето: 27 март 2013 во 12:48 ---
Друже, која сигурност, Kindle-от ако те царинат ќе те фати околу 8.000 денари, разликата е 3.500 денари, гаранцијата ти е иста, мислам дека од Невада би ти го нарачале од Америка (тој од 69 долари), не верувам дека го имаат на лагер.

Го имаат на лагер обичниот.
 
Тебе изгледа не ти иде математиката добро,.
Од невада 5000 денара
Од амазон 7000 денара,

Од невада ако ти се расипе им го враќаш на нив, ако не сам го праќаш за Америка +2000 денара
Од амазон сам го враќаш од старт и плаќаш 2000 денара. автоматски, твојот киндл сега те кошта 9000 во споредба со 7000 од невада. Со тие 2000 што ги даваш на почетокот за царина и сл, комбинрано со 2000 за да им го пратиш во Америка ти ќе можеш да купиш нов киндл.

И не, во овој случај не прави разлика дали ќе го купиш од амазон или невада, затоа што производот е ист, и шансите да добиш фабрички расипан модел се нула ако земеш од невада, во споредба со амазон каде не се нула.
--- надополнето: 27 март 2013 во 12:48 ---


Го имаат на лагер обичниот.
не прочита ли дека од амазон плаќаат испорака ако им го вратиш производот? Односно ти плаќаш и тие после ти ги враќаат парите.
 
А ќе ти ги вратат ли парите на граница што ќе ти ги земат.
Што да друго да ти кажам, ако си преплашен од невада, фирма која работи 10+ години и никој не се пожалил, тогаш нарачај си од Амазон и ти замарај се со бирократскиот кошмар од нашата граница. И онака целиов муабет ти е на претпоставката "нероден петко капа му крои" дека киндлот ке ти се расипе.
 
Не зезај сега и ти, кој однос со муштеријата, истиот процес на нарачка ти е и да го нарачаш од амазон и од невада. Од една страна збориш за цената на производот од друга страна збориш цената не е битна.
Ако толку имаш уплав , јави се кај невада и прашај ги дали има гаранција.

Моја препоставка е дека ги имаат земено од америка и донесено тука(профит прават од поштарината), за киндл нема риселери(официјални), така да ако ти се расипе, поголеми ти се шансите невада да ти помогне, ако имаат човек што редовно оди за америка, отколку ти да се замраш со поштарини и царини.

+1 . Дефинитивно топ им се цените. И плус, ништо не те кошта да прашаш што ако се расипе :)
 
А ќе ти ги вратат ли парите на граница што ќе ти ги земат.
Што да друго да ти кажам, ако си преплашен од невада, фирма која работи 10+ години и никој не се пожалил, тогаш нарачај си од Амазон и ти замарај се со бирократскиот кошмар од нашата граница. И онака целиов муабет ти е на претпоставката "нероден петко капа му крои" дека киндлот ке ти се расипе.
За бирократијата си во право ама не мора да значи дека пак ќе ти наплатат царина оти ќе имаш документи дека еднаш си платил царина и ддв за тој Киндл. Ама во Македонија се е можно се согласувам.

Им испратив прашање на Невада за гаранцијата па да видиме што ќе ми одговорат. Киндлот секогаш може да се расипе, однапред треба да се мисли на такви работи а не отпосле, зарем не? Јас не ги напаѓам Невада колку што ти не сакаш да сфатиш дека секогаш дека сакам да кажам дека кога се има услови е подобро да се купува директно од продавачот а не од дистрибутер.
 
Царината и не е толку битна. Лежарината ќе мора пак да ја платиш, а ништо чудно и шпедиција да платиш повторно.
 
Да пренесам едно искуство на колега кој доби Киндл на поклон. Значи зетот решил на другаров да му купи Киндл. Киндл 3 поточно. Си го нарачал од Амазон, си платил човекот поштарина и дал адреса и информации.

Му се јавуваат на другаров тука од ФедЕкс, му викаат имате пратка. Оди таму, му лупаат фактура за царина, данок и уште нешто околу 3.000 денари. Лежарина морало да се наплати зашто идело преку ФедЕкс, и за тоа уште 1300-400 денари. Човекот за поклон си уплати 4.500 денари.

Сакам да кажам, ако има производ кај нас, и ако е разумна цена (а таа во Невада е), секогаш би земал од тука. После очи ќе си вадам со нив за гаранции, они го продале, нека му ја мислат што ќе прават. Можеби Амазон има repair центри во Европа некаде.


Него, дајте некој линк од каде симнувате книги? Нешто тазе, каде што може да се види нешто што е ново, ажурирано хронолошки. Покрај некои такви „библиотеки“ со куп наслови, немам нешто како она што барам. Едно време на Демоноид наоѓав скоро се, сега не знам каде да се обратам.
 
Blazing Guns, барај на претходните страни, имам поставувано линкови и за српски/хрватски книги и за англиски. А најубаво е да си побараш на Amazon, да видиш што ти се допаѓа и да прогуглаш.
 
Јас не би го земал, поарно собери уште малку пари и земи си Киндл ко човек.
Еве ти ривју за тој од анхоч
http://www.zdnet.com/blog/mobile-gadgeteer/review-aluratek-libre-ebook-reader-pro/3083

Обичниот Киндл е 4.950 кај нас во невада, така да немора да се замараш со поштарина и царина.
Ок е ривјуто за тој од анхоч и одговара на цената.
Ама киндл за две такви, и јас мислам дека е подобра варијанта. Фала за информацијата за цената во Невада, многу поволна понуда.
 
Amazon го купува сервисот Goodreads

Како да не беа доволно големи Амазон во бизнисот на електронски книги, сега и Goodreads ќе го купат. После ова, партали ќе прават.
http://kajgana.com/amazon-go-kupuva-servisot-goodreads
 
Има некој купено kindle книга од Amazon и после да ја има вратено и да добие refund на парите... Гледам дека имаат политика за враќање на книгите до седум дена. Ова може да се исползува до максимум од луди Македонци (како мене...)
 
Аке веќе немаш намера да плаќаш (и зошто да плаќаш кога на различен стандард наплаќаат иста цена -за дигитална копија)... тогаш зошто жонглирање со refund?

Симни си пиратска копија и свиркај... Ретко некои поезотерични наслови да не можат да се најдат во пиратерија.
 
Не можам никако да ја најдам биографијата на Пеп Гвардиола. Дури и чудно ми е...
 
Не можам никако да ја најдам биографијата на Пеп Гвардиола. Дури и чудно ми е...
Немет, проверив и јас.
Штом го нема на торенти значи мал е интересот за книгата. А штом го нема барем на уплоад сајтови значи правното одделение на издавачот работи со полна пареа на симнување на копиите.

Еве ти една ситуација каде би можел да го искористиш тоа 7дена-поврат-на-пари... :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom