ficdogg
221b
Зборам двете се битни, а би размислил кога би купувал од било кој застапник што препродава. Да беше 3000-4000 денари разликата да, ама 2000 ќе ти спасат многу нервози. Мислиш тие платиле царина на производите ако ги продаваат по толку ниска маргина?
Единствено сакам да знам која им е полисата на враќање на расипани производи, рефундирање на парите итн на Невада и дали се сериозна фирма оти Амазон се особено јасни по тие прашања и тоа ми влева сигурност. Дали искрено мислиш не е важно од каде ќе го купиш производот туку само да е оригинал и поефтин? Инаку ако испланирам нешто во иднина ќе ги контактирам невада и ќе ги прашам се детално. Фала на дискусијата![]()
Тебе изгледа не ти иде математиката добро,.
Од невада 5000 денара
Од амазон 7000 денара,
Од невада ако ти се расипе им го враќаш на нив, ако не сам го праќаш за Америка +2000 денара
Од амазон сам го враќаш од старт и плаќаш 2000 денара. автоматски, твојот киндл сега те кошта 9000 во споредба со 7000 од невада. Со тие 2000 што ги даваш на почетокот за царина и сл, комбинрано со 2000 за да им го пратиш во Америка ти ќе можеш да купиш нов киндл.
И не, во овој случај не прави разлика дали ќе го купиш од амазон или невада, затоа што производот е ист, и шансите да добиш фабрички расипан модел се нула ако земеш од невада, во споредба со амазон каде не се нула.
--- надополнето: 27 март 2013 во 12:48 ---
Друже, која сигурност, Kindle-от ако те царинат ќе те фати околу 8.000 денари, разликата е 3.500 денари, гаранцијата ти е иста, мислам дека од Невада би ти го нарачале од Америка (тој од 69 долари), не верувам дека го имаат на лагер.
Го имаат на лагер обичниот.