Kindle

  • Креатор на темата Креатор на темата Srcee
  • Време на започнување Време на започнување
Добро може ли некој да ми препорача некој добар торент тракер или веб страна која редовно ажурира книги за Киндл? Шетам по неколку што ми стојат во букмаркс, по некои јавни торент тракери и сите се за никаде.

Ќе се изнервирам ќе треба да купам :P
 
Mobilism…
 
Што е финтата со ова?
--- надополнето: 16 јуни 2013 во 13:05 ---
Имам еден проблем со киндлситото. Книгите ги гледам на компјутер, а на киндл не ми ги прикажува. На пример книгата Inferno од Ден Браун. Што може да е причината? Денес го забележав ова: го отворив киндлот на компјутер и преименував книга директно. Знам дека тоа нема да ми ја преименува книгата на киндлот, ама чисто тоа го правам за подобра евиденција на компјутер. И откога ја преименував книгата, забележав дека ја нема на киндл. Односно ја имаше во item-и кои не се индексирани, ама после неколку секунди исчезна и од таму. Како да ја вратам сега? Претпоставувам дека и за Inferno истото се десило.
 
Да пробаш со други книги? Мислам и јас го имав истиот проблем со таа книга.
 
Се работи за природна реакција на гадење од делата на Ден Браун, што спонтано ја пројавува секој пристоен ебук читач.
 
Да пробаш со други книги? Мислам и јас го имав истиот проблем со таа книга.

Ама не е само таа, компјутерот ми покажува една бројка, а на киндле имам за 200 книги помалку.
 
Ама не е само таа, компјутерот ми покажува една бројка, а на киндле имам за 200 книги помалку.

Провери да не се архивирани.
 
Дали некој има искуство и/или повеќе информации за Kindle Fire HD?

Прво сакав да го земам Kindle Paperwhite (моментално чини 119 $), но потоа видов дека го намалиле Kindle Fire HD од 199 на 159 $. Најмногу ме привлече тоа што Fire има боја, не ми е толку до тоа да собира (пре)голем број на филмови, музика, па и книги.

Дали вреди да се плати плус 40 $ и да се купи Fire HD?

Линк за Kindle Fire HD.
http://www.amazon.com/dp/B0083PWAPW
 
Kindle Fire е со LCD екран, не со e-ink. Обичен таблет е, ако сакаш таблет можеш да го земеш ама има и подобри со отворен Андроид, не модифициран од Амазон.

Ако ти е за читање книги, земи го paperwhite.
 
Kindle Fire е со LCD екран, не со e-ink.

Бидејќи не се разбирам од технологија, да прашам... тоа значи дека со Fire HD нема да може да се чита добро на дневна светлина, карактеристика што претставува предност на Paperwhite?
 
Дали вреди да се плати плус 40 $ и да се купи Fire HD?
Како што ти напишаа еден пост погоре, од тие два модели, Paperwhite ти е изборот за читање книги.

Јас и дополнително би нагласил дека Киндл или било кој друг читач, чиј екран не е е-инк екран туку LCD во боја... тоа не е прав читач за книги. Тогаш тоа е таблет и како таков има неспоредливо полоши карактеристики конкретно за најважната намена на читачите: читење на книги.

Бидејќи не се разбирам од технологија, да прашам... тоа значи дека со Fire HD нема да може да се чита добро на дневна светлина, карактеристика што претставува предност на Paperwhite?
Има во темава подетално напишано, ама генерално предностите на читачите со е-инк екрани (наспроти таблетите со LCD екрани) се следниве:
- текстот е почитлив
- одлично се чита на сонце или во светли услови каде LCD таблетите или лаптопите се скоро нечитливи заради рефлексија и слично
- батеријата трае од две недели до месец или повеќе (во зависност од тоа колку се користи читачот), што е неспоредливо повеќе и од најштедливиот LCD таблет каде траењето на батериите се мери во саати (а и таа бројка најчесто е едноцифрена). Мене најкраток рок на трошење на батериите ми е 10-тина дена, но тоа е кога сум на одмор и буквално по цели денови читам.
- заради тоа што екранот нема заднинско светло, не ги замараа очите како LCD екраните

Недостатоци на читачите со е-инк екрани се тоа што се црно бели, имаат споро освежување на слика (па затоа не може да се гледа филмови на нив), за читање бараат светлина како и вистинска книга.

Ако набројаните недостатоци ти сметаат, тогаш ти и не сакаш читач за книги, туку таблет. :)
 
Како што ти напишаа еден пост погоре, од тие два модели, Paperwhite ти е изборот за читање кникиги.

Јас и дополнително би нагласил дека Киндл или било кој друг читач, чиј екран не е е-инк екран туку LCD во боја... тоа не е прав читач за книги. Тогаш тоа е таблет и како таков има неспоредливо полоши карактеристики конкретно за најважната намена на читачите: читење на книги.

Има во темава подетално напишано, ама генерално предностите на читачите со е-инк екрани (наспроти таблетите со LCD екрани) се следниве:
- текстот е почитлив
- одлично се чита на сонце или во светли услови каде LCD таблетите или лаптопите се скоро нечитливи заради рефлексија и слично
- батеријата трае од две недели од месец или повеќе (во зависност од тоа колку се користи читачот), што е неспоредливо повеќе и од најштедливиот LCD таблет каде траењето на батериите се мери во саати (а и таа бројка најчесто е едноцифрена). Мене најкраток рок на рошење на батериите ми е 10-тина дена, но тоа е кога сум на одмор и буквално по цели денови читам.
- заради тоа што екранот нема заднинско светло, не ги замараат очите

Недостатоци на читачите со е-инк екрани се тоа што се црно бели, имаат споро освежување на слика (па затоа не може да се гледа филмови на нив), за читање бараат светлина како и вистинска книга.

Ако набројаните недостатоци ти сметаат, тогаш ти и не сакаш читач за книги, туку таблет. :)

Пред се' сакам читач за книги, не таблет, затоа и сум заинтересирана за киндл.

Претпоставував дека Fire HD е идентичен со Paperwhite само што дополнително екранот е во боја (но, со иста добра секаква читливост и на дневна светлина и кога не е толку светло) и можат да се гледаат филмови и слуша музика. Последново не ми е нешто многу битно, но за 40 долари плус, се подзамислив дали вреди.
Исто тоа со времетраењето на батеријата од 8 недела ми е ептен битно.

Фала за споредбата помеѓу екраните. :)
 
Пред се' сакам читач за книги, не таблет, затоа и сум заинтересирана за киндл.

Претпоставував дека Fire HD е идентичен со Paperwhite само што дополнително екранот е во боја. :)

Не се идентични, напротив скроз ралични се, paperwhite поради единствена примарна намена(читање книги) има поедноставен хардвер кој е ем помал, ем троши далеку помалку енергија, додека fireHD ти е баш класичен таблет налик на ipad или Google Nexus само со далеку послаби перформанси.

Финтата со LCD е што за да работи треба да има позадински осветлување(трошење енергија) и сликата треба константно да се освежува (обично 60hz, што значи уште трошење енергија) додади на тоа појакиот хардвер и ќе бидеш среќна ако издржи 6-8 часа користење.

Од друга страна e-ink троши енергија само кога се менува приказот те само кога вртиш страна, чим се отцрта текстот на екранот тој не троши енергија повеќе што го прави ултра штедлив во поглед на енергија.

Како што рече Vanlok, ако читаш по цел ден, ќе ти трае 7-10 дена, ако читаш по 1-2 саата дневно и повеќе од месец ќе издржи.
 
Пред се' сакам читач за книги, не таблет, затоа и сум заинтересирана за киндл.

Претпоставував дека Fire HD е идентичен со Paperwhite само што дополнително екранот е во боја (но, со иста добра секаква читливост и на дневна светлина и кога не е толку светло) и можат да се гледаат филмови и слуша музика. Последново не ми е нешто многу битно, но за 40 долари плус, се подзамислив дали вреди.
Исто тоа со времетраењето на батеријата од 8 недела ми е ептен битно.

Фала за споредбата помеѓу екраните. :)
Fire HD - таблет.
Paperwhite - е-book.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom