Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 27.447
- Поени од реакции
- 36.649
Ова цитираново е најважно, и краткиот заклучок е дека ти треба читач со е-инк црно-бел екран.Пред се' сакам читач за книги, не таблет...
На жалост сегашните генерации на е-инк екрани не нудат боја и репродукција на филмови, но за текст се супериорни.
Секој друг муабет за хардверот панатаму бара малку да прочиташ и да научиш технички податоци за начините на работа на читачите со е-инк екрани и таблетите со LCD екрани.
Од тој аспект, момциве веќе напишаа доста такви информации а ги има и на многу сајтови на нетот.
Од аспект на краен корисник, читател и љубител на книги, нема потреба од интимно познавање на хардверот. Едноставно земи си читач со е-инк и уживај во книгите.

Амазон Киндл прави добри читачи, и цената е таман. Всушност за тоа што го нудат се убедливо најевтини. Тоа е затоа што Амазон идат со дампинг цени на самите читачи, правите пари ги прават потоа на продажбата на електронски книги.
Paperwhite e OK читач и позадинското светло е згодно за навечер, но за 80$ не е лош ни предходниот модел.
Посебно што осветлувањето од добра лампа е секако подобро од осветлувањето на читачот. Осветлувањето на читачот е предност само за во автобус и слични локации/ситуации (не дека и тогаш нема да завршат работа џебни лампи, или за на глава). Ако често се возиш во автобус/воз навечер, тогаш разликата од 40$ вреди.