Kindle

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
П.С. Мора да најдеме некое софтверче кое сите одделни слики од стрипот ќе ги прави во одделни страници... најдобра и најчитлива варијанта.
Многу работа е тоа, и панелите не се стандардизирани, така да неможе автоматски да се прави. А и на дигиталната верзија на darkhorse на нет, имаат така направено, фокусот на екранот да се движи од панел на панел, и не ми се свиѓаше, некако го намалува чувството на прогрес на страната.

Како .zip колекција на слики ги читам стриповите, затоа што така можам да ги ставам на fullscreen и страната зафаќа од крај до крај на екранот, ако ги правам како mobi, се регистрираат како книга, и доле прогрес барот зима доста од достапниот екран, и во исто време прави рамка со што ја намалува сликата.
Вака како .zip колекција многу добро изгледаат, имам еден Volume од Full Metal Alchemist дома, од Viz издание, и е во B6 формат, за разлика од стандардниот B5 формат. На fullscreen слики, многу мала е разликата од Kindle-от до печатената верзија, во поглед на големина, а во квалитет се исти или Knidle-от е малку подобар заради подобриот контраст.

Барав на нет, ама не најдов опција некоја за да се скрие прогрес барот, гледам многу луѓе барале ваква опција уште од претходните модели, така да не очекувам во брзо време некоја солуција за овоа.

Public domain книги симињам во главно од feedbooks или mobileread. За нови книги секад има варез ^ ^.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.655
Поени од реакции
35.528
Секако најдобро е да се гледа целата страна, онака како ја замислил уметникот (некогаш и со панели во сосема различни големини).
На жалост големината на екранот на киндл, барем за мене, не е доволна за удобно читање стрипови во fullscreen.

Од аспект на тоа, софтвер што ќе ги става панелите како одделни страни би бил право решение. Правев проба со фотоштоп, со Walking Dead, и одделните панели како страни испадна убаво и читливо решение.

П.С. Офтопик: Кен Паркер да не си нашол некаде на нет, јас веќе неколку месеци чекам некој seeder да се смилува да дојде онлајн во едниствениот трент што го најдов.
 
Покрај манга ретко читам нешто друго од стрипови, Загор, Дилан Дог и компанија не ми се познати, никад не сум се сретнал или навлегол во некои од тие, ги знам само на име што се вика. Исто и со американските, бев загреан за Бетмен ама мен ервира што немаат конзистентна хронологија, затоа што некои изданија се преку 60 години, и после си имаат различни универзуми зависно од кој автор е, и едноставно ми се одмили, незнаеш од кај да почнеш.
Кај манга се знае кај е почеток и кај крај, без разлика што публикацијата трае 20+ години.

За Walking Dead го имам видено, брат ми го чита редовно, јас ја немам гледано серијата, така да ни за стрипот немам мерак за сега. Колку што го видов, добро е нацртан, и панелите се straightforward правоаголници такада нема да има проблем за сечење, ама кај повеќето шонен манги има еден куп динамични панели, со накосени рабови што ја водат нарацијата, и тие ќе биде потешко да се исечат и ќе треба да се пополнуваат со whitespace за да бидат во правоаголник. Ќе се одземе многу од изгледот ако се сечат тие.

За Кен Паркер првпат слушам, сега кога го google-нав видов дека е италијанско така да не можам да ти помогнам, за манга да беше, ако имаше превод, ќе најдев линкови.

Знам дека не е идеално решение Kindle за читање стрипови, Kindle DX би бил многу поудобен за читање на стрипови, ама па поради големината и не ми е некако практичен да можеш да го носиш со тебе без да имаш ранец, или торба некоја.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Kindle Fire ќе го донесат во kupilaptop. Цената ќе била 12.990 денари.
 
ErT

Console Dude
Член од
17 ноември 2007
Мислења
2.208
Поени од реакции
265
Продавам нов Kindle 4, моделот со реклами . Повеќе инфо по ПП.
 
Член од
23 февруари 2012
Мислења
5
Поени од реакции
3

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
И јас го продава мојот Киндле 4 заедно со футролата http://www.amazon.com/Amazon-Kindle-Lighted-Leather-Cover/dp/B004SD1ZPY/ref=sr_1_3?s=digital-text&ie=UTF8&qid=1330037382&sr=1-3. Нови се воопшто не се користени. Заедно 220 евра, толку колку што сум платила (дхл, царина, шпедиција, ддв)
220 евра? Си се заебала. Со среќа да си го користиш.
 
Член од
23 февруари 2012
Мислења
5
Поени од реакции
3
220 евра? Си се заебала. Со среќа да си го користиш.
109 долари - Киндле 4 (нема special offers)
60 долари - Lighted Leather Cover
21 долари- DHL shipping
1125 денари - Царински давачки (18% ддв)
4500 денари- Складишнина, Шпедиција и не знам што друго ме натераа да платам од DHL.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
109 долари - Киндле 4 (нема special offers)
60 долари - Lighted Leather Cover
21 долари- DHL shipping
1125 денари - Царински давачки (18% ддв)
4500 денари- Складишнина, Шпедиција и не знам што друго ме натераа да платам од DHL.
Ко што реков. Те ошуриле.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.731
Поени од реакции
13.478
DHL и Western union како и сличните ним треба да ги земете само у само во случај на немање никаков друг избор. Се знае нивната политика. До тогаш преку другари, пријатели, некоја поевтина алтернатива.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.655
Поени од реакции
35.528
60 долари - Lighted Leather Cover
Aко е тоа Амазоновиот оригинален ковер (а по цената ќе да е) тогаш да знаеш на окулу 10% од корисниците им ја има скршено ивицата на киндлот.

Иначе другар ми го има и првиот коментар што го кажа кога го виде мојот кинески ковер од ибеј за 10 долари, беше дека мојот ковер е дупло подобар...

Муабетот ми е дека 60 долари ковер за 100 долари уред е тежок промашај.
Како купување на украсна хартиена кесичка од 100денари за да подариш Агроплод шеќерна табла (за помладите: најлузерското извинување за чоколадо).
 
Член од
12 јануари 2008
Мислења
356
Поени од реакции
18
109 долари - Киндле 4 (нема special offers).
За ова можам да ти понудам 60 евра.

60 долари - Lighted Leather Cover
21 долари- DHL shipping
1125 денари - Царински давачки (18% ддв)
4500 денари- Складишнина, Шпедиција и не знам што друго ме натераа да платам од DHL.
Овие не ми требаат можеш да си ги задржиш. :icon_lol:
 
Член од
23 февруари 2012
Мислења
5
Поени од реакции
3
Епа да ви кажам дека киндле не го продадов и немам намера, а да бидам искрена и не дека беше некој заинтересиран, многумина не знаат ни што е и добивам коментари слични на КОРУН дека сум требала да земам iPad со тие пари, а вшуснос iPad i Kindle се далеку поразлични кога се работи за читање на книги.

Да, со ДХЛ сум се заебала, но да ви кажам право не ми е воопшто криво бидејки ова ми е најдобрa инвестиција што некогаш сум го правела за електронски уред. Од интернет имам донладирано преку 1000 книги и тоа сите five star книги, и на овој начин си штедам, иначе купував книги минимум по 2 месечно :).

Како заклучок, кој има можност и пријатели или роднини во странсво нека си зема киндле, особено сега кога kindle touch е достапен за интенационалниот пазар :).
--- надополнето: 21 март 2012 во 09:31 ---
За ова можам да ти понудам 60 евра.

Овие не ми требаат можеш да си ги задржиш. :icon_lol:

хахаха ме насмеа :)
--- надополнето: 21 март 2012 во 09:38 ---
Aко е тоа Амазоновиот оригинален ковер (а по цената ќе да е) тогаш да знаеш на окулу 10% од корисниците им ја има скршено ивицата на киндлот.

Иначе другар ми го има и првиот коментар што го кажа кога го виде мојот кинески ковер од ибеј за 10 долари, беше дека мојот ковер е дупло подобар...

Муабетот ми е дека 60 долари ковер за 100 долари уред е тежок промашај.
Како купување на украсна хартиена кесичка од 100денари за да подариш Агроплод шеќерна табла (за помладите: најлузерското извинување за чоколадо).
Ванлок имаш и во амазон ковери по 10-20 долари, но финтата со мојот ковер е дека има светло и не работи на батерии, значи користи батерија од киндле, сепак е скап но си го наплатуваш и брендод нормално :). Најмногу го зедов бидејќи патувам навечер со автобус скоро секој ден, и кога го исклучуваа светлото јас требаше да ја затворам книгата, а вака немам потреба ;)
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.655
Поени од реакции
35.528
Да, со ДХЛ сум се заебала, но да ви кажам право не ми е воопшто криво бидејки ова ми е најдобрa инвестиција што некогаш сум го правела за електронски уред. Од интернет имам донладирано преку 1000 книги и тоа сите five star книги, и на овој начин си штедам, иначе купував книги минимум по 2 месечно :)
Истото и јас го велам, киндл ми е најдобра инвестиција во електорнски уред уште од едно друго време кога го купив првиот компјутер C-64. Само со тоа можам да го споредам чуството на одушевување и уживање во користењето на едно парче пластика, електроника и софтверски код.

Ех уште да го имавме стандардот на запад (или они да ги прилагодеа цените на нашиов стандард) да не моравме да пиратираме. Ама не се бунам ни овака... :)

И да момци, глупо е да споредување ebook reader со e-ink екран со помодарии како I-pad. Едното служи за читање книги, специјализирано е токму за тоа и одлично си ја работи работата, а другото служи како... статусен симбол и специјализирано е за... денгубење и фалење? ;) (со извинување на 1% од корисниците ама другите 99% го користат ајпадот токму за тоа)

Ванлок имаш и во амазон ковери по 10-20 долари, но финтата со мојот ковер е дека има светло и не работи на батерии, значи користи батерија од киндле, сепак е скап но си го наплатуваш и брендод нормално :). Најмногу го зедов бидејќи патувам навечер со автобус скоро секој ден, и кога го исклучуваа светлото јас требаше да ја затворам книгата, а вака немам потреба ;)
Сосема те разбирам, често сум во иста ситуација.
Работата е дека техничкото решение на коверот има проблем во дизајнот и може значително да го оштети уредот. Плус светлото како што кажа ја користи батеријата на киндл и со тоа и го намалува траењето и животниот век, башка не ни свети нешто посебно добро.

Подобро решение е светло за на глава (а може и окулу врат). Јас го имам ова доле, кое е скапо и специјализирано е за сосема други (спортски) намени... ама било кое вакво кинескo headlight од пазар ќе заврши работа. Работи на ААА (релативно евтини) полнливи батерии, од кои си купуваш 2 сета, ги полниш на полнач кога ќе се испразнат и дури можеш да си ја носиш и резервата со себе (иако 3 ААА батерии траат со месеци).

Win-win еколошка и евтина ситуација. Извини но малку е глупо да се купува скап ковер (кој има проблеми) ... чија цена е накај 60% од цената на уредот што го сместуваш внатре.
Ама секој со своето, важно е дека си задоволна со уредот. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom