Bacillus gagous
Biohazardous
- Член од
- 21 јануари 2006
- Мислења
- 7.380
- Поени од реакции
- 168
Вози пробај па види сам колку иде потрошувачка.Астра нема шанси да троши под 9ипол 10 низ град особено кај нас. Јас имам Корса 1.2 и ми троши од 8.3 до 9ипол скоро 10 низ град зависи од гужва, а на отворено 5.6
Така да Астрата би требало да троши одприлика 9ипол до 11 минимум низ град, а 8 на отворено.
Да бавна е ама како што веќе е спомнато стопати тој мотор 1,4 не е за некоја агилност, повеќе е за поштедливо возење но направени се некои компромиси како слабо забрзување во прва и втора со што се намалува потрошувачка при почетно забрзување, ама во трета и четврта влече многу повеќе за на отворени патишта за претекнување.Што се однесува до потрошувачката забрзувањето:градска,отворено,забрзување( 0-100 kmh)
Kia Ceed 1.4 (109) 7.6 5.2 11.6s
Astra GTC 1.4 (90) 8.0 5 13.7s
Seat Ibiza 1.4 (85) 8.2 5.1 12.2s
Инаку намерно е овој избор на коли, една со 5 врати една со 3 врати и една од пониска класа, но со најнов и најмодерен дизајн, иако и јас сум најмалку за Ибицата од овие три. Но што ќе кажете за забрзувањето. Не е малце пребавна Astrata до 100 kmh???
Ова сам го имам почуствувано и затоа 0-100 со 1,4 мотор астра без разлика гтц или обична за 5 врати (гтц во германија е 500 евра поевтина пошто има 2 врати помалку) е толку слабо, а тоа лежи само и само на менувачот, инаку да се стави друг менувач може да се направи да забрзува и можеби и за 11 секунди, ама ко прво моторот не е така конструиран за такви забрзувања и ко второ потрошувачката иде во вис што би било контрадикторно со името EcoTec.
Инаку околу дискусијата со потрошувачка во град, јас имам успеано со многу труд и внимание во менување брзини и сл, со фиат сеиченто 900 кубика и 28 kw да постигнам потрошувачка од околу 6,9-6,8 литри на 100.
Од овие три ..... ниедна ....
опелот ти е шкартовина невидена....најдолен произведувач од немачка, а ќе се фалиш возиш германско ауто....
киата .... а бе шо да казам корејско ауто....меѓутоа можеби најдобра од овие три
ибицата...преценета и скапа....и шкарт.... особено внатре
за тие пари....Renault Megane 2,Toyota Auris,VW Golf 5 ,последниве две се малце поскапи....па дури може и некое пежо
Шо се однесува до потрошувачка и забрзувањето до 100km/h, НИКОГАШ НЕ ЧИТАЈ ШТО ПИШУВА ВО ОФИЦИЈАЛНИТЕ ДОКУМЕНТИ на возилото...
Пред три месеци заврши долготраен тест на германскиот аутобилд каде што се беа извозени 200,000км со астра Н дизел 1,9 (90 кс) и со голф 5 1,4 (75 кс). по пројдените километри сите дефекти и места каде што се покажува излитеност на материјалите како и сите минијатурно детали кои можат да се видат кога двете коли беа тотално размонтирани, беа сумирани, и во крајната пресметка се виде дека квалитетот на астрата беше исто толкав колку и на голфот 5 па сега ти види кој е постручен за споредба, ти или тие од ауто билд кои во реалност со сите детали направиле споредба.Шкарт материјали(пластики и сл.), шкарт завршна обработка....
воглавно проблеми со пластичните делови...
опел како фирма, отсекогаш имал проблеми со контролата на квалитетот на неговите волзила....старите вектри страдаа од шкарт ребрасти каиши(катастрофален проблем), шкарт LCD дисплеи....астрите стари имаа проблеми со седиштата, вратите не се затвараа после 10 000 km...смешно за таква фирма...
Иначе 5-те звезди на NCAP не значат нишо за квалитетот на возилото...денеска секое 2-ро возило има 5 звезди.....
Ако те интересира можам да ти го дадам и во кое издание на аутобилд тоа е прикажано.
Моторот 1,4 на астрата е всушност кога ќе го споредиш со другите 1,4 мотори е еден од најновите, и најштедливите.Не е чудно шо троши повеќе....моторите на опел се дизајнирани во времето на праисторискиот човек, и тоа уште кога не знел да запали оган...:helou:
останатите делови од возилото се ОК
Сигурен си дека за истие пари можеш да најдеш нов лансер?Од горенаведените 3 автомобили би ја зел астрата. Слаб мотор има, али ај...
Инаку за тие пари би го зел новиот Mitsubishi Lancer...најискрено