Kia Ceed, Opel Astra GTC или Seat Ibiza?

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Астра нема шанси да троши под 9ипол 10 низ град особено кај нас. Јас имам Корса 1.2 и ми троши од 8.3 до 9ипол скоро 10 низ град зависи од гужва, а на отворено 5.6
Така да Астрата би требало да троши одприлика 9ипол до 11 минимум низ град, а 8 на отворено.
Вози пробај па види сам колку иде потрошувачка.

Што се однесува до потрошувачката забрзувањето:градска,отворено,забрзување( 0-100 kmh)
Kia Ceed 1.4 (109) 7.6 5.2 11.6s
Astra GTC 1.4 (90) 8.0 5 13.7s
Seat Ibiza 1.4 (85) 8.2 5.1 12.2s

Инаку намерно е овој избор на коли, една со 5 врати една со 3 врати и една од пониска класа, но со најнов и најмодерен дизајн, иако и јас сум најмалку за Ибицата од овие три. Но што ќе кажете за забрзувањето. Не е малце пребавна Astrata до 100 kmh???
Да бавна е ама како што веќе е спомнато стопати тој мотор 1,4 не е за некоја агилност, повеќе е за поштедливо возење но направени се некои компромиси како слабо забрзување во прва и втора со што се намалува потрошувачка при почетно забрзување, ама во трета и четврта влече многу повеќе за на отворени патишта за претекнување.
Ова сам го имам почуствувано и затоа 0-100 со 1,4 мотор астра без разлика гтц или обична за 5 врати (гтц во германија е 500 евра поевтина пошто има 2 врати помалку) е толку слабо, а тоа лежи само и само на менувачот, инаку да се стави друг менувач може да се направи да забрзува и можеби и за 11 секунди, ама ко прво моторот не е така конструиран за такви забрзувања и ко второ потрошувачката иде во вис што би било контрадикторно со името EcoTec.

Инаку околу дискусијата со потрошувачка во град, јас имам успеано со многу труд и внимание во менување брзини и сл, со фиат сеиченто 900 кубика и 28 kw да постигнам потрошувачка од околу 6,9-6,8 литри на 100.

Од овие три ..... ниедна ....
опелот ти е шкартовина невидена....најдолен произведувач од немачка, а ќе се фалиш возиш германско ауто....
киата .... а бе шо да казам корејско ауто....меѓутоа можеби најдобра од овие три
ибицата...преценета и скапа....и шкарт.... особено внатре
за тие пари....Renault Megane 2,Toyota Auris,VW Golf 5 ,последниве две се малце поскапи....па дури може и некое пежо
Шо се однесува до потрошувачка и забрзувањето до 100km/h, НИКОГАШ НЕ ЧИТАЈ ШТО ПИШУВА ВО ОФИЦИЈАЛНИТЕ ДОКУМЕНТИ на возилото...
Шкарт материјали(пластики и сл.), шкарт завршна обработка....
воглавно проблеми со пластичните делови...
опел како фирма, отсекогаш имал проблеми со контролата на квалитетот на неговите волзила....старите вектри страдаа од шкарт ребрасти каиши(катастрофален проблем), шкарт LCD дисплеи....астрите стари имаа проблеми со седиштата, вратите не се затвараа после 10 000 km...смешно за таква фирма...
Иначе 5-те звезди на NCAP не значат нишо за квалитетот на возилото...денеска секое 2-ро возило има 5 звезди.....
Пред три месеци заврши долготраен тест на германскиот аутобилд каде што се беа извозени 200,000км со астра Н дизел 1,9 (90 кс) и со голф 5 1,4 (75 кс). по пројдените километри сите дефекти и места каде што се покажува излитеност на материјалите како и сите минијатурно детали кои можат да се видат кога двете коли беа тотално размонтирани, беа сумирани, и во крајната пресметка се виде дека квалитетот на астрата беше исто толкав колку и на голфот 5 па сега ти види кој е постручен за споредба, ти или тие од ауто билд кои во реалност со сите детали направиле споредба.
Ако те интересира можам да ти го дадам и во кое издание на аутобилд тоа е прикажано.

Не е чудно шо троши повеќе....моторите на опел се дизајнирани во времето на праисторискиот човек, и тоа уште кога не знел да запали оган...:helou:
останатите делови од возилото се ОК
Моторот 1,4 на астрата е всушност кога ќе го споредиш со другите 1,4 мотори е еден од најновите, и најштедливите.

Од горенаведените 3 автомобили би ја зел астрата. Слаб мотор има, али ај...

Инаку за тие пари би го зел новиот Mitsubishi Lancer...најискрено
Сигурен си дека за истие пари можеш да најдеш нов лансер?
 
Член од
16 јануари 2008
Мислења
256
Поени од реакции
19
Може. 13000ки е најсиромашниот модел а за останатите не знам :)
13500 е сиромашкиот модел со 1500 кубика и 110 конја со прво ниво на опреам а богам гледав пред некој ден каталог на нет и има доста опрема у основниот модел ако и тоа не е доволно има Лансер со второ ниво на опрема и со истиот мотор ама тој 15000 евра. доста исплатлива кола е моемнтално според мене е бест бај на пазаров наш и го одзема приматот на шкода октавиа
 

Елф

of Northern Mirkwood
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.373
Поени од реакции
147
Пред три месеци заврши долготраен тест на германскиот аутобилд каде што се беа извозени 200,000км со астра Н дизел 1,9 (90 кс) и со голф 5 1,4 (75 кс). по пројдените километри сите дефекти и места каде што се покажува излитеност на материјалите како и сите минијатурно детали кои можат да се видат кога двете коли беа тотално размонтирани, беа сумирани, и во крајната пресметка се виде дека квалитетот на астрата беше исто толкав колку и на голфот 5 па сега ти види кој е постручен за споредба, ти или тие од ауто билд кои во реалност со сите детали направиле споредба.
Ако те интересира можам да ти го дадам и во кое издание на аутобилд тоа е прикажано.
Да ги знам тестовите....ги имаше и во хрватскиот АутоКлуб....
Јас нигде не ја спомнав астрата како модел....него се осврнав малку повеќе на произведувачот во целина....
"од праисториско доба" моментот гледам сите го сватиле буквално....
и се однесуваше на 1.2 л мотор од корсата...
и пак ќе кажам .... да не коментираме кој колку е стручен или слично...и секако дека има компетентни во аутобилд
 
Член од
19 јуни 2007
Мислења
3.422
Поени од реакции
116
13500 е сиромашкиот модел со 1500 кубика и 110 конја со прво ниво на опреам а богам гледав пред некој ден каталог на нет и има доста опрема у основниот модел ако и тоа не е доволно има Лансер со второ ниво на опрема и со истиот мотор ама тој 15000 евра. доста исплатлива кола е моемнтално според мене е бест бај на пазаров наш и го одзема приматот на шкода октавиа
Ја требаше сиромашниот да го стаам у наводници али nvm. Ај ако знаеш пиши колку троши колава според фабрички информации. Мислам дека е доста штедлива.
 
Член од
14 август 2008
Мислења
7
Поени од реакции
0
8.2 gradska ,ne e mnogu,ustvari ko ke sporedis deka i ibicata tolku trosi,mozi da se reci super :D
maks brzina 191 kmh
zabrz 0-100kmh 11.6 s i
si ima super standardna oprema :)
 
Член од
7 јули 2008
Мислења
131
Поени од реакции
4
8.2 gradska ,ne e mnogu,ustvari ko ke sporedis deka i ibicata tolku trosi,mozi da se reci super :D
maks brzina 191 kmh
zabrz 0-100kmh 11.6 s i
si ima super standardna oprema :)

НЕ ВЕРУВАЈТЕ на податоците за потрошувачка. Тие се правени во идеални услови за возење. Без ветар, без застанување и други ’ситници’
 
Член од
10 февруари 2006
Мислења
385
Поени од реакции
90
НЕ ВЕРУВАЈТЕ на податоците за потрошувачка. Тие се правени во идеални услови за возење. Без ветар, без застанување и други ’ситници’
и сигурно со бензин односно вода со бензин од макпетрол
на секоја каталошка потрошња додади 1.5 литар и ке добиеш кај нас колку ке ти потроши
 
Член од
15 октомври 2007
Мислења
101
Поени од реакции
0
Efendi Cande се одлучи ли за нешто или уште му ја мислиш ?
 
Член од
14 август 2008
Мислења
7
Поени од реакции
0
Sega se poveke i poveke sum za Mitsubishu Lancer.Inace siromaskiot model ne e ni 13 ni 13,5 tuku 14.000 evra
 
Член од
19 јуни 2007
Мислења
3.422
Поени од реакции
116
Seat Ibiza со квалитет на рамниште на Toyota

Seat Ibiza со квалитет на рамниште на Toyotahttp://koli.com.mk/novosti/seat.html

Претседателот на Seat, Ерик Шмит, изјави дека новата Ibiza е најквалитетниот производ до сега на Seat и дека е на исто рамниште на квалитетот на автомобилите на Toyota!
Знаејќи дека Toyota веќе подолго време е еден од најквалитетните брендови во светот и е поквалитетна од VW, Skoda и Audi, ваквата изјава всушност би требала да значи дека во рамките на концернот Volkswagen, Seat го има најквалитетниот автомобил!

Ерик изјави дека за напредокот во квалитетот се заслужни подобрите испитувања на квалитетот, мониторингот на задоволството и барањата на купувачите како и користењето на некои производствени процеси преземени од Audi.
Дали ваквата изјава е само маркетинг или новата Ibiza е навистина квалитетна како Toyota најубаво да оставиме времето да покаже, бидејќи Ibiza е се уште редок автомобил на улиците.
 
Член од
16 февруари 2008
Мислења
225
Поени од реакции
78
Ја требаше сиромашниот да го стаам у наводници али nvm. Ај ако знаеш пиши колку троши колава според фабрички информации. Мислам дека е доста штедлива.
Богами...се е освен сиромашен. Основната верзија е 13.980 евреи и има АBS со EBD, 7 воздушни перници, серво, мануелна клима, радио + це-де и 4 звучки, патен компјутер...да не зборам за 1.5л мотор и 109 коња

8.2 gradska ,ne e mnogu,ustvari ko ke sporedis deka i ibicata tolku trosi,mozi da se reci super :D
maks brzina 191 kmh
zabrz 0-100kmh 11.6 s i
si ima super standardna oprema :)
Се разбира дека малце повеќе ќе троши отколку што вика фабриката, но сепак споредено со другите коли за тие пари е релативно економичен.

Sega se poveke i poveke sum za Mitsubishu Lancer.Inace siromaskiot model ne e ni 13 ni 13,5 tuku 14.000 evra
Беше 13.500, сеа малце го покачија...ако не се лажам

Seat Ibiza со квалитет на рамниште на Toyota

Претседателот на Seat, Ерик Шмит, изјави дека новата Ibiza е најквалитетниот производ до сега на Seat и дека е на исто рамниште на квалитетот на автомобилите на Toyota!
Знаејќи дека Toyota веќе подолго време е еден од најквалитетните брендови во светот и е поквалитетна од VW, Skoda и Audi, ваквата изјава всушност би требала да значи дека во рамките на концернот Volkswagen, Seat го има најквалитетниот автомобил!

Ерик изјави дека за напредокот во квалитетот се заслужни подобрите испитувања на квалитетот, мониторингот на задоволството и барањата на купувачите како и користењето на некои производствени процеси преземени од Audi.
Дали ваквата изјава е само маркетинг или новата Ibiza е навистина квалитетна како Toyota најубаво да оставиме времето да покаже, бидејќи Ibiza е се уште редок автомобил на улиците.
Сеат се беспрекорни автомобили според мене. Новата ибица изгледа феноменално.Не знам само цена/опрема/моќ точно...
 

Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Имав заборавено дека има пишано на темава така да на сите што ми пишале се ќе реплицирам тука:
Сега скоро татко ми ја возеше Корсата низ град али во нормални услови и му потроши 7-7ипол. Мене ми троши обично повеќе али моите релации се обично низ центар и накај ПМФ во лош период од денот и секогаш заглавувам во гужви ептен и често по стартно ја возам и затоа толку ми троши, а на отворено до Битола ми потроши 5.5 со малце стискање до 160. А за Астрата претпоставувам и кажувам што ми кажуваат другари што имаат астри дека им троши обично по околу 11 литри низ град.

Мистичен тебе BMW-то ти е дизел или бензин?

Elf гледам дека имаш некоја омраза према Опел али еве немам видено ниедна од поновите опели да имаат некаков проблем и после повеќе километри поминати, тоа со вратата затворање после 10 000км без навреди али мислам дека е глупост и можеби се случило на некое возило што имало некој фабрички дефект или некој муабет што се распростанил. Мојата има поминато околу 40 000 и уште нема никаков проблем(каросериски и внатрешен).
Не ги бранам опел или нешто зошто имам опел, не ни сакав корса да земаме али понудата беше многу добра (пари во однос со тоа што се добива, али ти кажувам од искуство со тој брен и со тој модел конкретно. Ако јас би бирал би избрал Toyota Yaris или WV Polo од таа класа.
А за информација Пежо и Цитроен се многу по пластични од било кои други коли (вклучувајќи ги и опелите).

А другар јас би идел со Astra или со Lancer, али пред сите овие би идел со Auris.
 

Елф

of Northern Mirkwood
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.373
Поени од реакции
147
Ако јас би бирал би избрал Toyota Yaris или WV Polo од таа класа.
али пред сите овие би идел со Auris.
Ете видиш....колегава...е паметен дечко....
знае што да одбере.....
иначе не ги мразам опел, и реков дека не прават возила за "фрлање" ама кога би купувал ново возило и јас би размислувал за горенаведените од страна на Хак....
 
Член од
6 февруари 2008
Мислења
1.272
Поени од реакции
229
Земај Astra и не се мисли. 1.4 слаб мотор ? Ако ти е за курчење по партизанска прибирање к*рви што се палат на јаки коли, да, можда е слаб. Ако ти е за да заштедиш на потрошња, моторот е супер.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom