Ова повеќе не се применува како таков во Германија. 90% се трансформирани на бачелор мастер стратегијата. Но Германците не оставаат ништо на случајот. Овие испити се трансформирани и слеани во наставниот курикулум за бачелор и мастер.
Лурц, основната идеја на Диплом системот во Германија/Австрија/Швајцарија е студиите се поделени на два дела. Првиот дел слушаш основни предмети, и после 2 години полагаш 4-5 испити. После тоа ти почнува втората фаза каде што се специјализира (се насочува) студентот и на крајот спрема дипломски труд, и полага 4-5 испити. Ако се излезе успешно, студентот добива звање дипломиран ХХ име и презиме. Најинтересен е фактот што оценките нема оценки на овие испити.
Ако некој го прочита повнимателно, ќе забележи дека измените кои ги предлагаат кај нас, се во основа конципирани во овој википедија напис. Ама пак ќе кажам, реализацијата на овој концепт е чистомакедонска.
А сега за точката дека нема државни испити на Запад. Дефинитивно нема таков државен каков што предлагаат во Македонија, под капа на извршната власт Дефинитивно. АМА. Знаеш што има?
Concentration fields, Majorѕ, Senior research thesis/projects, Exit exams, Key Qualifications, Schlüsselqualifikation, Schwerpunktwahl, Schwerpunktkolloquium, Schwerpunktmodule. и многу најразлични верзии на истиве нешта.
Сите овие се или испити, или научни дискусии, или семинари, или презентации, кои се проследени со истражвања, активно учење, полагање пред комисија од 3-4-5 професори. Сите овие опфаќаат една целина која студентот ќе си ја избере од курикулумот во кои сака да се концентрира (Кое во превод значи, професорите што се во комисија во текот на студиите си полагал испит кај нив, и сето тоа се уредно прибележува пред да се започне испитот, колоквиумот, квалификациите, одбраната, државниот испит, како сакаш наречи го. Реално, ги преполагаш нивните испити, ама не во детали, туку како се вклопуваат заедно во студентската глава и интелектуална визија за неговото професионално надградување). Е сега, ако се навратиш на мојот прв или втор пост за интелектуален разговор помеѓу две страни, еве тоа е тоа.
Сите овие различни верзии носат од 12-30 кредити по ЕКТС, и се задолжителни ако некој сака да заврши бачелор или мастер. Да, никаде не е наречен државен испит. Ама постои како таков. Без разлика дали некој прави бачелор, мастер, или докторски студии. Јас сум лично изненаден како интервјуираните македонските докторанди направиле таков превид и не направиле корелација меѓу едното и другото.
Најбитната и најважната разлика со македонскиот циркуз е што, за овие нешта не е одговорна државата, туку тоа е во рамките на Универзитетот, дотичниот факултет со неговите институти и наставни програми. Во Македонија, извршната власт сака да изиграва испитувач, без да го заслужи тоа право. Затоа што, ексклузивно само професорите и целиот научен персонал околу нив го има тоа право. И никој друг. Ама и тие затаија, со секоја чест на исклучоците кои беа рамо до рамо со студентите.

[DOUBLEPOST=1419007031][/DOUBLEPOST]
1. Ох бе Бојане. Не ве критикувам што марширавте туку да бидам позитивно вулгарен, Кај бевте до сега бе пичка ви матер. Поминаа 17 години од последниот студентски марш. Во 17 години еднаш не се огласија студентите. Така ли држите систематски континуитет.
3. Имам право да си го кажам мислењето како и секој друг. Не може ти или некој друг да ми го дефинира правото за слободно изразување. Ако се повикуваш на Уставот за слободи, биди доследен и не ми го ускратувај тоа право на мене. Бонус, Се ситам ли јас некаде врз студентите за овој циркус, иако можам затоа што ич к*р не ме боли. Освен 2-3 шегобијни коментари, дали напишав нешто повеќе?
4. За лесно? Да денеска полесно и побрзо се распространуваат идеи и вести. Денес 95% од студентите имаат интернет, достап до интернет, информации, можат многу лесно да видат како се спроведува образовниот процес во другите држави. Врз база на тие знаења и искуства, активно се дејствува. Конкретно за протестите, и за се поврзано околу нив, од медиумска гледна точка и покриеност
- Колку студентски гласила има во Македонија, на 10 универзитети?
- Колку студентски клубови кои се борат за некаква кауза има во Македонија на 10 универзитети?
За пола саат се инсталира ворд прес, еден електраш да биде веб мастер, 5-10 души новинари, еден главен уредник, 100 евра за хостинг и домејн и ете ви независен студентски гласник.