Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Зашто застана пленумов зад овие протестите за хонорарот?
Измените на законот за придонеси на Владата на Република Македонија го засегаат и македонскиот студент (и пошироко, секој оној кој е во некаков работен однос во Македонија). Со менување на законот за придонеси, голем број на студенти ќе бидат на удар и маката на тие студенти коишто работат на договор на дело или добиваат некакви си симболични хонорари ќе се зголеми. Во услови на голема невработеност и тешко доаѓање до работа и хонорар и со оглед на крајно лошата социјална положба на многу студенти, овие измени ќе ги докусурат студентите со дополнителни плаќања кон државата.

Затоа, на протест! Студенти сме извесно време, граѓани сме до смртта. На општеството не му го должиме само нашиот студентски ангажман, туку и нашата граѓанска свест.

Студентскиот пленум го поддржува протестот против измените на законот за придонеси. Пленумци и пленумки ќе бидат на улиците, како хонорарци, идни хонорарци, како вработени и совесни граѓани.

Од фејсбук страната на Пленум
 
Зашто застана пленумов зад овие протестите за хонорарот?

Затоа што и денешните студенти можат да бидат идни хонорарци, а со предложениот закон за хонорарци, добро е тоа што работодавачот ќе ги плаќа придонесите, но хонорарците ќе бидат избришани од списокот на невработени, по што ќе мораат повторно да се пријават како невработени откако ќе започнат со хонорарната работа, а можеби АВРМ нема да им дозволи да се пријават како невработени веднаш откако ќе ја завршат работата.

Тука мора да се спомене и законот за здравствено осигурување донесен уште во 2011 година со кој, доколку граѓанинот во текот на минатата година заработил над 96.000 денари, тогаш има право на помало здравствено осигурување, со кое државата ќе плаќа помалку, а граѓанинот ќе мора да плаќа повеќе за лекување и за лекови, додека ако заработил помалку од 96.000 денари во текот на минатата година, тогаш државата ќе плаќа повеќе, а граѓанинот ќе плаќа помалку за лекување и за лекови.

Доколку некој хонорарец заработи повеќе од 96.000 денари во текот на минатата година, тогаш ќе мора да плаќа повеќе за здравствено осигурување, а ако ја има таа несреќа по грешка да пополни изјава во која ќе пишува дека во текот на минатата година заработил помалку од 96.000 денари, или бидејќи не ги зел во предвид сите пари кои му легнале на трансакциска сметка во текот на минатата година, тогаш Фондот за Здравствено Осигурување може да му забрани државно здравствено осигурување во наредните година дена.

А како капак врз сето ова, нема да може веднаш да се пријави како невработен откако ќе заврши со хонорарната работа.

И сегашните и идните студенти можат во иднина да бидат хонорарци и затоа е сосема во ред тоа што не ги поддржуваат ваквите законски измени, бидејќи можат да ги опфатат и нив во иднината.
 
http://www.fakulteti.mk/news/14-12-21/drzhavniot_ispit_na_fakultetite_voveden_kako_pilot_proekt.aspx

За оние студенти кои дипломирале на реномирани универзитети нема да полагаат државен испит, а оние кои дипломирале на други универзитети ќе мораат да го положат.

Кои се тие реномирани универзитети?

Најверојатно оние што цело време ги рекламираат како Топ 100 според Шангај на кои што истата Влада дава стипендии за нашти студенти да студираат со најлошите можни услови во Конкурсот за давање стипендии на истите.
 
http://www.fakulteti.mk/news/14-12-21/drzhavniot_ispit_na_fakultetite_voveden_kako_pilot_proekt.aspx
За оние студенти кои дипломирале на реномирани универзитети нема да полагаат државен испит, а оние кои дипломирале на други универзитети ќе мораат да го положат.
Кои се тие реномирани универзитети?
Господ здравје да му даде на тој што го смислил ова, се изнасмеав. :pos::pos:
Сега странците (а и нашите кои успеале од затворов да избегаат) во редици ќе чекаат за да полагаат.:pos: Редовните на ред не ќе стигнат од нив.

он: Си има други критериуми по кои се споредуваат дипломите од различни универзитети.
 
Ај не цмиздрете да не кажам како што, бидејќи:
Прашањата ќе бидат однапред познати и јавно објавени.
Ако не можете да научите прашања однапред дадени, тогаш не ни заслужувате да завршите факултет.

А мило ми е и за тие (поголемиот дел од студентите) од Европски, ФОН, Американ и сл. што незнаат колку се 2+2, а не пак да седнат прашања да учат. Е тука ќе има паѓање.
 
Ај не цмиздрете да не кажам како што, бидејќи:
Ако не можете да научите прашања однапред дадени, тогаш не ни заслужувате да завршите факултет.

А мило ми е и за тие (поголемиот дел од студентите) од Европски, ФОН, Американ и сл. што незнаат колку се 2+2, а не пак да седнат прашања да учат. Е тука ќе има паѓање.
Убаво шо те купиле со глупост...
 
Оф топик:
Морам да спомнам за примерите од Премиерот. Овој народ си го заслужува овој Премиер со целото поси околу него. Закон. :D:D

Чисто теоретски ако треба да мерам, од ова би ме фатило поголем срам, отколку интервјуто со министерот за образование. (Инаку овој пост не е потврда дека ме фаќа срам, или дека не ме фаќа срам. Чисто теоретски)
 
Убаво шо те купиле со глупост...
Да де, сите што се за државен испит со однапред дадени прашања се купени. Паметно.
Јас сум за ова, не дека ми се седнува и ми се учи прашања, него со ова ќе видиш колку скапаници што се запишале на факултет демек сега тоа е у мода, оти дома е досадно и нема што да се прави ќе испопаѓаат заслужено.
Е сега ако се пронајде у оваа група, извини, што да ти кажам друго :D
 
Како прашања однапред дадени ќе го подобрат образованието?
Нели тоа беше искрената намера на пвеводбенициве?
За да положиш, мора да ги научиш.
Е сега, ако си учел пред тоа ќе си повториш (repetitio est mater studiorum :D ), а ако ништо не си учел и така си поминувал, сега барем ќе седнеш и ќе го прочиташ тоа што не си го читал на време.

А тие пујките што немаат капацитет да научат прашања, а не пак друго, а така поминуват, ќе си паднат поштено.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom