Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Класично политичко убиство си изврши Адеми со гостувањето во емисијата. Штета што не живееме во држава туку во банана , па и од тука нема да има големи последици по неговиот мандат.

Ако ништо друго барем очекувам креативни пароли на следните протести. :icon_lol:
 
Ме изеде туѓа срамота со видеоно погоре, не го ни догледав очите ќе си ги ископав ...
Го начекав во ЧДА делов од форумов, нит е за смеење нит е за сеир работава, овој човек е одговорен за образованието моментално во Македонија во пакет со оние кои искалкулирале дека е адекватен за таа позиција, елементарни работи што не познава а е магистер, каква брука е ова, не ни можеш соодветно да ја опишеш макар 3 дена копаш во македонскиов речник за да најдеш соодветен збор.
 
Па уште ти кажува моите деца нема да студираат во Македонија :facepalm:
Знам дека е кисело грозјето. :icon_lol:

Каде се сега студентите да се организираат да ја најдат магистерската теза од министерот и да ја расцепкаат? Се ќе се најде некој што знае албански да ја сумира во кратки црти. Јас би направил еден веб портал кадешто ќе ги соберам сите дипломски/магистерски работи од сегашните лидери и би си играл мајтап со нив. Ама така културно и издржано со аргументи. :):):)
Сега е барем лесно. Млади се министрите, нивните тези можат да се најдат во електронски формат од библиотека. Би одел по нивните ЦВ-ја, би прочитал колку странски јазици зборуваат активно, па би им правел интервјуа на тој јазик на сосема бескорисни теми само за да имам материјал за сатира. Ако веќе целата работа е циркуз, барем да биде интересен за сите, не само за власта. :D:D

За отпор само марш не е доволно. Кога ви затвараат врата, на студентите им се крева адреналин, па делуваат многу емоционално кога даваат изјави. Тука треба ладна глава со долготраен план, а не емоционални студенти. За отпор треба континуирана и долготрајна ПР кампања. Ќе го правите глуп или неписмен Аќеми, ама тој не испушти ритам во ниеден момент. Абе учете од власта, има многу да понуди. ;)
 
Класичен шиптaр со купена диплома.
Колку за потсетување шиптaрите се убедливо најнеписменото племе во Европа:

europe-iq-2012.jpg


pisa-mathematics.jpg


pisa-reading.jpg


pisa-science.jpg
Ма не ми е гајле за нив, гледај шо ние сме четврти од позади. Со вакви реформи и вакви министри може и да ги стасаме.
 
Последно уредено:
Човек да се запраша дали намерно не носат разноразни одлуки со цел само да им отежнуваат, да ги нервираат, омаловажуваат граѓаните, а повеќето бесцелни или дури и негативни по земјата. Буквално ова се потврдува со секоја нивна постапка, проект, одлука, закон... Не знам, со ваков однос веројатно луѓето што ги носат овие одлуки и закони, министрите и државните советници, се за на психијатар.
Екстерното во средно е бесцелно малтретирање, а според информациите подолу, и екстерни во високото е преседан во светот.

19. дек. 14.
Државниот испит е напад на интелигенцијата и правдата
Докторанти и студенти на познати светски универзитети велат дека никаде во светот не постои сличен систем на државен испит каков што предлага македонската власт. Најавената реформа која ги предизвика најмасовните протести од осамостојувањето на Македонија, тие ја коментираат како обид за контрола и „своевидна пародија на Орвеловото Министерство за вистина“.
 
Последно уредено:
Живо ме интересира дали Јанко јади Гомна ќе постира нешто во врска со видеово што кружи низ интернетов :rolleyes:
ќе каже дека водителката е изманипулирана од опозицијата и СОРОС.
 
ќе каже дека водителката е изманипулирана од опозицијата и СОРОС.
Е до толку сме дно станати што место ко куче да се набрка неписмениов они ќе идат на карта дека све ова опозиција праи.

Има нешто околу нови протести?
Да испаднеме уште помасовно!
 
Еве ја главната идеја за теоријата на државниот испит.
http://en.wikipedia.org/wiki/Diplom
Германска идеја, македонска имплементација. Проблемот не е во идејата. Проблемот е во имплементацијата.

А за докторандите, сите имаат полагано нешто слично кое не било експлицитно дефинирано како државен испит за време на нивните студии.
Само што никој нема да си признае. :-)
 
Не се сложувам. Преку Еразмус бев една година во Словенија. Видов разлика. Таму мин. трошев 500евра значи зборувам без расфрлање и луксузи, но со излегување и нормален студентски живот. Овде живеам со 200 евра кои не ми се доволни реално, но моите немаат повеќе. И ден денес за јас да студирам во Скопје, моите кратат од своето јадење и својот залак за мене. Татко ми до пред некое време беше невработен, а мајка ми беше пријавена на 4 часа а е конфеционерски работник. Јас сум сигурна дека моите да можеле да ме издржуваат надвор, немале да дозволат да се запишам на факултет во Македонија. Има и многу посиромашни фамилии чии деца навистина заслужуваат да се запишат на страна, а нивните едвај и во Скопје ги издржуваат.
Тоа што некој има желба младината да ја држи како во затвор (метафорички), не значи дека младите треба да се однесуваат како затвореници. Крај краева и од Алкатраз покушавале да бегаат.
Еве за пример вака од ракав без многу барање информации. Белград универзитетот е во топ 400 по рангирањата. Тоа е повеќе од одлично рангирање. Цените не ги знам, но не верувам да е многу поскапо отколку Скопје. Може да пише некој што има искуство со тоа.
Има и други држави и универзитети каде што може еден иден студент да се солидно стекне со знаење по достапни цени.
Сепак не знам зошто луѓето мислат дека треба да биде тоа ефтино, според мене ако на образование не си фрлил пари барем колку за еден стан тури му пепел.
 
Последно уредено од модератор:
А што да кажеме ние медицинарите? Кај нас што ќе укинуваат? Учам 6 години, дипломирам со преку 300 кредити, по дефаулт треба да сум магистер, а не сум.
Тоа што некој има желба младината да ја држи како во затвор (метафорички), не значи дека младите треба да се однесуваат како затвореници. Крај краева и од Алкатраз покушавале да бегаат.
Еве за пример вака од ракав без многу барање информации. Белград универзитетот е во топ 400 по рангирањата. Тоа е повеќе од одлично рангирање. Цените не ги знам, но не верувам да е многу поскапо отколку Скопје. Може да пише некој што има искуство со тоа.
Има и други држави и универзитети каде што може еден иден студент да се солидно стекне со знаење по достапни цени.
Сепак не знам зошто луѓето мислат дека треба да биде тоа ефтино, според мене ако на образование не си фрлил пари барем колку за еден стан тури му пепел.
Абе јас те разбирам али кога немам од кај да фрлам? Ни јас не сакам да студирам овде. Стандардите се повисоки, што значи дека треба повеќе пари. Велам 500 во Словенија, еве ќе се стиснам и за 400 да живеам, но тоа пак е дупло од она што моите можат да си го дозволат. Мислиш не е дома есапено пред да отидам? Имав шанса да останам таму, знаеш кој фактор ме спречи? Финанскискиот. Да е како што ти велиш реално немаше толку студенти да имаме, сите ќе студираа во Србија, бидејќи има добар дел од студентите што сакаат солидно да се стекнат со знаење. Кој е бројот на студенти кои реално студираат надвор?
 
Бојан, досега дискутирам релативно културно со тебе, ама гледаш, дури ни ти не почитуваш различно мислење, го окарактеризира со најразлични епитети, и во исто време очекуваш некој со далеку поголема моќ и влијание да ти го почитува твоето мислење. И не темата не е што мислам јас, или како јас се чувствувам за студентските страдања.

1. Дискусијата не ми оди во тој правец дека протестите се непотребни. Самите протести и конфликти се еден од најсигурните знаци дека има здраво ткиво во еден социјален систем. Теоретски. Јас само тврдам дека е кампањски и за суштински промени треба долготраен притисок зачинет со истите финти и кои ги прави извршната власт. Во исто време тврдам дека во студентите нема доволно здраво ткиво за таков долготраен притисок. Пак ќе речам, дај Боже да бидам јас тој што е грешка. Една ластовичка не прави пролет друже. 1 марш не носи промени. 1-2-3 марша носат списоци кој бил таму за да има ретрибуции. Ништо повеќе. А

2. “За сите што ве фаќа срам. Тие утре пак ќе бидат министри, а вие другиден ќе полагате државен. Животот не е фер. :icon_lol::icon_lol::icon_lol:“ Каде имам напишано дали ми е срам или не? Зошто пробуваш да ми ставаш зборови во уста?

3. Друже, политика се креира со комисии, состаноци, седници на влада, седници во собрание. На телевизија се презентира таа политика. Зошто гостувал? Затоа што го поканиле. Дали слабо се покажал? За тоа ќе одлучи електоратот на ДУИ. А електоратот на ДУИ не го интересира колку елементи има во периодниот систем.

4. Добро. Дај Боже да станеш некој ден адвокат, па да пиеме по едно пиво уз муабет за убавините на западните судови и нивното спроведување во Македонија. Немој после пу пу не важи.

5. Нека е така.
1. Ја до сеа стекнав впечаток дека ги потценуваш и овие маршови до сеа што беа, еве ајде ќе видам во наредните твои постови какви ставови ќе има за ова. Во поглед на ткивото, не се согласувам. До пред маршовиве и ја бев со таков став, дури може и порадикален, дека нема воопшто маса која не се согласува со нешто, ама еве маршовиве и Студентски пленум ми покажаа дека не било така. Сигурно е дека состојбата не е идеална, сигурно е дека не сите млади се спремни да се бунтуваат, ама ја искрено се зачудив од бројката на тие што се спремни на борба и сметам дека е тоа доволно.

2. Ја pa прочитав „зошто ве фаќа срам...“, глеам сеа дека сум згрешил. Моја грешка :)

3. Проблемот е тоа, што проблемов со необразуван министер и неговите фикс идеи го гледаме само како проблем на неговите, а уствари овој проблем не засега сите. Ти реков може тебе не директно ама индиректно те засега зошто живееш во ова општество. Ако не живееш во Македонија, може да кажеме дека и не те засега, ама па тогаш уште помалце ќе имаш право да збориш зошто не си директно изложен на ефектите кои ги имаат овие нивни „реформи“...
Уште подлабок проблем е што ние прифативме уставен обичај да мора да имаме и македонска и „братска“ партија во Влада...

4. Договорено, ама да не испадне само дека сум рекол лесно можеш да ги оствариш своите права пред меѓународните судови. Јас викам дека за разлика од нашиве бирократски судови верувам во тоа дека постапката пред меѓународните е далеку подобра и можеш полесно од кај нас да си ги заштитиш правата, а не реков дека е многу лесно. И уште спомнав дека улогата на меѓународните судови е дотолку поголема со самиот факт дека нивните пресуди имаат задолжителна сила и за нашето право.
Нешто поврзано со ова, викаш дека на нас студентите денес многу ни било лесно да направиме ова, она, а истовремено за тебе испаднало се тешко во животот тука па затоа си се откажал од се. Не е сериозно ова...
 
А што да кажеме ние медицинарите? Кај нас што ќе укинуваат? Учам 6 години, дипломирам со преку 300 кредити, по дефаулт треба да сум магистер, а не сум.

Абе јас те разбирам али кога немам од кај да фрлам? Ни јас не сакам да студирам овде. Стандардите се повисоки, што значи дека треба повеќе пари. Велам 500 во Словенија, еве ќе се стиснам и за 400 да живеам, но тоа пак е дупло од она што моите можат да си го дозволат. Мислиш не е дома есапено пред да отидам? Имав шанса да останам таму, знаеш кој фактор ме спречи? Финанскискиот. Да е како што ти велиш реално немаше толку студенти да имаме, сите ќе студираа во Србија, бидејќи има добар дел од студентите што сакаат солидно да се стекнат со знаење. Кој е бројот на студенти кои реално студираат надвор?

Мојата струка дури ја нема ни у регистарот на заводот за вработување.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom