Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Го глеав вчера Боцевски, сеа и ова... Значи доволно е да бидеш со присебен ум за да увидиш какви лефтерки се експерти и министри. Школски пример како не треба да изгледаш на дебата, добија вербално букаке, мене би ми било срам да се појавам на ТВ после.
 
Последно уредено:

Така е, ти не се откажувај. Бори се до последна капка крв за подобро утре.

пс. За да размислуваш критички, нема да ме бркаш од тема, туку едноставно нема да се согласуваш со мене. Не ви реков јас не протестирајте. Само ви кажувам отворено да не си правите филмови во глава дека со 3 марша ќе промените нешто. Единствениот начин на промени во Македонија е да бидеш гатка во очите на извршната власт. И да си спремен да го платиш со глава и со твојата слобода. Јас не сум спремен да бидам гатка во очите на власта, и не сум спремен да ја продавам мојата слобода за изгубена кауза.

Инаку, да репер е. Замисли во 21 век се исполнуваат права и слободи со феудални начини. Замисли. Ама нивниот начин е и те како ефективен. Под систематски мислам континуиран. Долгорочен план со долгорочни цели. Никаде не отстапувам од идејата за работа на долг рок, ни во првите постови, ниту сега. Единствено начините со кои студентите можат да делуваат во одреден временски период треба да се определуваат од зависност на состојбата. Затоа што никој, ама баш никој, нема да ги заштити студентите, и да се избори за нивните права континуирано. Клин со клин се избива. Нека се ова почетоците на отварањето на Пандорината кутија. Нека се. Дај Боже.

За сите што ве фаќа срам. Тие утре пак ќе бидат министри, а вие другиден ќе полагате државен. Животот не е фер. :icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 
Така е, ти не се откажувај. Бори се до последна капка крв за подобро утре.

пс. За да размислуваш критички, нема да ме бркаш од тема, туку едноставно нема да се согласуваш со мене. Не ви реков јас не протестирајте. Само ви кажувам отворено да не си правите филмови во глава дека со 3 марша ќе промените нешто. Единствениот начин на промени во Македонија е да бидеш гатка во очите на извршната власт. И да си спремен да го платиш со глава и со твојата слобода. Јас не сум спремен да бидам гатка во очите на власта, и не сум спремен да ја продавам мојата слобода за изгубена кауза.
Па и не те бркам од темава, туку зошто ти си рамнодушен кон се што се случува во државава (иако ти колку и да си се откажал од некоја си твоја борба, сеуште живееш тука и тоа што се случува директно или индиректно ќе се одрази на тебе) не е ова местото за тебе, зошто тука не се разговара за тоа како стојат работите (зошто сите сме до толку паметни за да го сфатиме тоа) туку се разговара за тоа што може да се направи за да се промени. Никој не вика дека со 3-5-10 марша ќе се смени нешто, ама според тебе зошто 3 марша не помагаат уопште не требало ни тие 3 да ги има. Таков став е поразителен и не е конструктивен. За тебе ете не е срам да гледаш министер кој не знае колку елементи има во Периодичниот систем, а се нафатил да прави крупни измени (демек крупни) во високото образование, ама за мене и те како е срамно тоа.
Борбата против неправдата не значи и борба во која ќе ја изгубиш главата, посебно денес во ситуација кога лесно се пристапува до меѓународни судови чии одлуки се задолжителни за државава.
Затоа твојот саркастичен болд (бар ја го сфатив како саркастичен) во основа е смешен...
 
Инаку, да репер е. Замисли во 21 век се исполнуваат права и слободи со феудални начини. Замисли. Ама нивниот начин е и те како ефективен. Под систематски мислам континуиран. Долгорочен план со долгорочни цели. Никаде не отстапувам од идејата за работа на долг рок, ни во првите постови, ниту сега. Единствено начините со кои студентите можат да делуваат во одреден временски период треба да се определуваат од зависност на состојбата. Затоа што никој, ама баш никој, нема да ги заштити студентите, и да се избори за нивните права континуирано. Клин со клин се избива. Нека се ова почетоците на отварањето на Пандорината кутија. Нека се. Дај Боже.
Нема да се навраќам на споредбите али ако мислиш под систематски - континуирано у тој случај е океј, т.е у претходен пост спомна constant vigilance и е валидно сето тоа. Систематски т.е низ институциските филтри се пробуваше сите овие години студентите да издејствуваат права или да спречат некои измени у образовен систем и пак без никаков успех, и не беа само студентите, секоја засегната група на луѓе проба на оваков начин и налета на игноранција.
Очигледно овој начин е неуспешен и е неефективен, па останува на масата да се коректира на поекстремни начини, којзнае само колку ќе траат.
 
Незнае предметот што го “полагал“ за што е битно он е министер и треба да го управува Македонското образование :tapp:
Ех Македонијо до кое дереџе стигна, луѓе со купени дипломи симнати од планина да те водат..
 
Јас ќе ти опростам оти си млад. Ама чисто да си знаеш.
Немој со истата реторика како што прави моменталната власт, ако не си си нас, си против нас. Не е во духот на критичкото размислување.

1. Никаде не реков дека не треба ни тие 3 да ги има. Само реков дека не се доволни, и дека според мојата преценка овие протести се кампањски (и најверојатно ќе бидат само 3). Каде е континуираноста на целата желба за промени и реформи? Јас би бил презадоволен, и прв ќе кажам тука браво студенти ме замолчивте за сите пари. Јас ќе си ги изедам сам зборовите, ако продолжат сите овие работи барем 12 месеци (не повеќе).

2. Никаде не реков дали ми е срам или не. Не мора ти да правиш заклучоци за мене. Само погледни наназад во моите постови, освен во еден/два кадешто директно ти се обраќам на тебе. Ниту пак тврдам или инсинуирам како ти се чувствуваш во целата работа. Зошто побогу пробуваш дискусијата да ја направиш на лична основа?

3. Во Македонија од секогаш мерилото за знаење било брзо повикување на комплетно неважни факти извадени од контекст, за да се докаже интелектуална супериорност. И не Аќеми не е таму да кажува колку елементи има во системот или што е петрологија. Аќеми е таму да разговара за каква политика креира Владата. А тоа што е еден голем циркуз, е сосема трета работа.

4. Не си бил ти по судови. Во Македонија има една многу убава поговорка: Ако излезе муабет дека сестра ти е курва, иди објасни после дека ти всушност и немаш сестра. Појави се во судница, и објаснувај на судијата дека немаш сестра.

5. Ако си ме читал во темата за Дрекселмајер или Ауфидерзен, ќе заклучиш дека на мене егзистенцијата не ми зависи од Македонија.
 
Види и Рики беше за државните испити и Поетска правда беше за државни испити ама нив не сум им рекол дека не се за оваа тема, зошто они немаат ко тебе кажано „моите деца нема тука да учат, ја нема да се борам за општествот, гајле ми е“.
Ајде сеа со ред.

1. Може не си рекол така ама некако целата дискусија ти оди во тој правец...
Никој не рекол дека 3 марша ќе сменат нешто, ама никој не рекол дека и ќе се остане на тие 3 марша. Цело време се бараат начини како да се дејстува денес, утре, задутре, наредниот месец, година...
И најмалиот марш/протест со кој се кажува „доста ми е да ме заплашувате за ова или она, ќе го кажам тоа што ми смета“ треба да се поздрави. Никој не маршира ни против вмро ни против сдсм, сите протестираат против неправдата и лошите политики. Дали ќе бидат само 2-3-5 марша, дали ќе бидат активностите 1-2-5-10 месеци не е битно. Дури и 1 ден да бидат, ситуацијата е толку лоша кај нас што и тој еден ден има големо значење, а особено ако тој ден излезат 10.000 луѓе (некако се прифати таа бројка). Ти некако цело време го потценуваш маршот и моменталната активност на студентите...

2. Во постот кој ти го цитирав имаш кажано мене не ми е срам. И да иако реченицата ти завршува со :icon_lol:, состојбата е таква што дури ние се шалиме некој си донесува закони, си владее ставајќи се над закони, над Устав, над правото воопшто и утре коа ќе се уозбилиме ќе сфатиме дека е касно. Затоа место да се шалиме сеа, треба сериозно да се фатиме за работа.

3. За да можеш ти да се јавиш како креатор на измени во највисокиот степен на образование, мора пред се ти да бидеш образуван. Како ти го покажуваш степенот на образование ако не можеш да одговориш на прашање кое го знае и средношколец ?
Адеми не кажа ништо ново од она што цело време се врти. Ако беше тоа целта на неговото гостување во вин вин, тогаш не ни мораа него да го прата, ќе му напишеа текст на да речеме хегиеничарот во МОН и он ќе објаснеше се...

4. Знам дека судовите кај нас се бирократизирани и дека судските процеси кај нас се циркус, ама не зборам за нашите домашни туку меѓународни судови. Иако не сум премногу запознаен со процедурите таму, сигурно и таму не е нешто преедноставно, ама сигурно пред тие судови можеш многу полесно да ја истераш правната битка него пред нашиве, пред се што тие за разлика од нашиве се независни, а друг факт е што нивните одлуки се обврзувачки за нашите судии, така да на некој начин утепуваш две муви со еден удар.

5. Не е ни битно дали тебе егзистенцијата ти зависи од некоја наша фирма или не. Ти живееш во Македонија и затоа реков ваквите работи тебе може не директно ама индиректно секако те засегаат. Сигурно ти не седиш дома изолиран од сите па да нема никаков ефект на тебе некоја измена...
 
http://24vesti.mk/vin-vin-18-12-2014

Овој човек кој не знае колку елементи има во периодичниот систем треба мене да ми го реформира високото образование ?!?!

Леле брат ако ти се верува сеа го глеам интервјуто, се стаив пошо сакав да го постирам...
Гледам И СЕ КРИЈАМ ПОД ЌЕБЕ, БУКВАЛНО, црвен сум у фаца!
Лееееееееееееееле ИДАМ ДА СЕ УБИЈАМ, ПОЗ![DOUBLEPOST=1418949237][/DOUBLEPOST]Лелееееееееееее :tapp::tapp::tapp::tapp::tapp:
 
Бојан, досега дискутирам релативно културно со тебе, ама гледаш, дури ни ти не почитуваш различно мислење, го окарактеризира со најразлични епитети, и во исто време очекуваш некој со далеку поголема моќ и влијание да ти го почитува твоето мислење. И не темата не е што мислам јас, или како јас се чувствувам за студентските страдања.

1. Дискусијата не ми оди во тој правец дека протестите се непотребни. Самите протести и конфликти се еден од најсигурните знаци дека има здраво ткиво во еден социјален систем. Теоретски. Јас само тврдам дека е кампањски и за суштински промени треба долготраен притисок зачинет со истите финти и кои ги прави извршната власт. Во исто време тврдам дека во студентите нема доволно здраво ткиво за таков долготраен притисок. Пак ќе речам, дај Боже да бидам јас тој што е грешка. Една ластовичка не прави пролет друже. 1 марш не носи промени. 1-2-3 марша носат списоци кој бил таму за да има ретрибуции. Ништо повеќе. А

2. “За сите што ве фаќа срам. Тие утре пак ќе бидат министри, а вие другиден ќе полагате државен. Животот не е фер. :icon_lol::icon_lol::icon_lol:“ Каде имам напишано дали ми е срам или не? Зошто пробуваш да ми ставаш зборови во уста?

3. Друже, политика се креира со комисии, состаноци, седници на влада, седници во собрание. На телевизија се презентира таа политика. Зошто гостувал? Затоа што го поканиле. Дали слабо се покажал? За тоа ќе одлучи електоратот на ДУИ. А електоратот на ДУИ не го интересира колку елементи има во периодниот систем.

4. Добро. Дај Боже да станеш некој ден адвокат, па да пиеме по едно пиво уз муабет за убавините на западните судови и нивното спроведување во Македонија. Немој после пу пу не важи.

5. Нека е така.
 
http://24vesti.mk/vin-vin-18-12-2014

Овој човек кој не знае колку елементи има во периодичниот систем треба мене да ми го реформира високото образование ?!?!

/мод

europe-iq-2012.jpg

pisa-mathematics.jpg

pisa-reading.jpg

pisa-science.jpg
 
Последно уредено од модератор:
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121714176148&id=9&prilog=0&setIzdanie=23350

Како прво не ми е јасно зошто се укинува системот 3+2 ? И зошто сите додипломски студии ќе траат 4 години а магистерски уште 2 години ? А наместо да беше 1 година магистерски студии како во Европа. Па и овие измени се против европските вредности и против Болоњискиот систем, овие концепти што ги сака владата да ги вметне во високото образование е уште еден СКАНДАЛ и враќање со години на назад како во времето на СССР и Југославија.. Системите во ЕУ е 3+2 а кај нас ќе биде како рускиот систем 6 години ќе треба да студираш за да бидеш магистар.. А во едно и дополнителни испити ќе се воведат. Уште со овој закон се познава дека политички се вртиме кон Истокот, а наместо кон Западот и кон европските вредности.
На дебатите треба да се дискутира и за ова работа,а не само за државниот испит, односно да се анализира Болоњискиот систем и да се имплементира до крај како што беше и до сега. Бидејќи во ЕУ се уште се практикува системот 3+2... А иначе тоа е тоа, овдека се уште владее Балканскиот и комунистичкиот менталитет, наместо повеќе ПРАКСА да им воведат на студентите овие уште повеќе теории и дополнителни испити сакаат да им бапнат..

:facepalm:
 
Воопшто не обрнувајте внимание на таквите, еј па зошто протестираш, ти/вие ништо нема да промените. Па уште ти кажува моите деца нема да студираат во Македонија :facepalm:

Тоа што тие ја имаат силата на институциите, истите институции кои се создадени за да му служат на нарадот, а не на власта, не значи да не се бориш против нив.

Доволно беше ова со министерот, дебил што кажува дека ќе му УПАДНАТ НА ЈАВНА ДЕБАТА, дебил што е магистер по металургија, не знае ништо за периодичниот систем, тој ќе одлучува за мојата, нашата и иднината на мојот брат, моите деца? Е нема да може, не у смисол дека нема јас/ние да му дозволиме, но совеста не би ми била чиста мене ако не се побунам на оваа малоумност.
 
Сите министери во владата добиваат наредби од Груевски, тие не одлучуваат сами, а иначе Груевски е најгласен за државниот испит..
:facepalm:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom