Министерот е класичен пример на сељак што вика јас сакам фотеља и убава плата. Ниту прашал што треба да работи како министер, уште помалку што се следните реформи, а најлошо е што ја има купено дипломата и тоа во реформа каде треба барем да учел за неа т.е да покаже дека тој поштено си ја земал дипломата.
Мене повеќе ми личи како Груевски ги пушта ова албанците да се глупираат, демек сите албанци купувале дипломи. Да, за купување дипломи тоа е точно, но таквите луѓе се во парламент, а не во приватните фирми и не се само албанци што купуваат дипломи во иста процентуалност се и македонците т.е и неговите министри.
После вакво интервју мислам дека факултетите треба да го преминат на варијантата тролање, бидејќи со убав збор и еден куп докази за побивање на нивните пародични аргументи ништо не се постигна.
Сите факултети треба да го прифатат екстерното и бидејќи тие имаат право да поставуваат прашања, како на пример, кое е омилениот гага ручек што Адеми го частел за положување на предметот ХХХ или Дали Адеми знае да ја каже азбуката на Албански наназад и ред други прашања како би ние, граѓанството, имале замена за к15