Карлос Руиз Зафон

  • Креатор на темата Креатор на темата Body Electric
  • Време на започнување Време на започнување
^ Од каде ќе ја купуваш ? цена ? До толку е лоша со македонскиот превод ?
 
Баш последна читана ми е Играта на ангелот, и би рекол дека Зафон е.... баш за гробиштата на заборавени книги (и автори).
Би прочтиал и новата баш ради тој дел од приказната, инаку премногу ми е.. претенциозен.
 
^ Од каде ќе ја купуваш ? цена ? До толку е лоша со македонскиот превод ?
Да до толку е лош преводот. Јас од што не можев да чекам да ми ја пратат од Србија, ја купив од Матица, и се зафркнав. Почни само од насловот каде место затвореникот стои заточеник. :facepalm:
 
^ Од каде ќе ја купуваш ? цена ? До толку е лоша со македонскиот превод ?

Па, моментално живеам во САД, а книгата овде ќе излезе на 10 јули, па ќе ја купам од најблиската книжарница, I guess. Инаку, би требало да биде околу 15-20 долари, не сум сигурен :)
 
Знае некој нешто подетално за ова? Само што видов и ми го разубави денот :D
 
Само што ја прочитав Заточеникот на небото и не ми се допадна којзнае колку. Затоа што, за разлика од Сенка на ветрот и Играта на ангелот оваа е нула, ништо.
Изгледа Зафон немал некоја голема идеја што може да ја пласира и за толку краток период напишал нешто колку да е онака. Немаше никаква приказна, го немаше оној шмек од минатите две книги и местата кои ги раскажуваше, туку на моменти повеќе личеше на некој ефтин трилер, дури и премногу предвидлив.
Сепак, приказната е помалку важна (барем за мене) кога станува збор за таква совршена конструкција на реченици која може да ја состави Зафон, ама во оваа книга како ни тоа да го немаше.
Можеби славата и комерцијализацијата го удрија по глава. Не знам. Очекував многу повеќе.
(n)
 
Да ја барам Играта на ангелот? Сенка на ветрот ја прочитав лани ... и Зафон ми остави добар впечаток, али немам ништо друго прочитано од него...
 
Играта на Ангелот е најдобрата книга на Зафон (според мене). Затвореникот на небото ја немам прочитано уште, ама останувам со отворен ум и сам ќе дадам мислење откако ќе го сторам тоа :)
 
На Википедиа стои дека Септемвриски светла што е од дел од трилогијата за млади ќе ја реиздаде како The Watcher in the Shadows.
http://en.wikipedia.org/wiki/Carlos_Ruiz_Zafón

Па зар нема да биде истата како онаа што е кај нас издадена, само со нов наслов? Кај нас ги има сите три дела преведено, искрено мене не ми остави некој кој знае каков впечаток Септемвриски светлини, др две ги немам прочитано.
 
Би требало да биде истата, искрено не знам само така прочитав на википедиа.
 
Само што ја завршив Заточеникот на небото. Според мене уште една сјајна книга од Зафон, чиј крај дефинитивно навестува дека можеби ќе се спрема продолжение и на оваа? (y)

Инаку сега откако ја прочитав дефинитивно би се навратил на ре-читање на Играта на ангелот и Сенката на ветрот. Дефинитивно има посебна магија во неговите книги.

Иначе сакам да почнам да го читам Умберто Еко, што книги има? Исто така ја имам дома и Кобен час од Маркез, но сакам пред тоа да ја прочитам фалената Сто години самотија.
 
Прочитај ја Името на розата. Јас немам прочитано многу книги од Еко, ама оваа ми остави ептен голем впечаток. Прекрасна е!
 
Иначе сакам да почнам да го читам Умберто Еко, што книги има? Исто така ја имам дома и Кобен час од Маркез, но сакам пред тоа да ја прочитам фалената Сто години самотија.

Не е темава за Еко ама задолжително да ги прочиташ Името на розата, Фукоовото нишало, Баудолино и Прашки гробишта.
 
Да ја барам Играта на ангелот? Сенка на ветрот ја прочитав лани ... и Зафон ми остави добар впечаток, али немам ништо друго прочитано од него...
Мора да ја прочиташ и таа, има поголема доза на морбидност што мене ми се допаѓа.

Инаку, Фермин Ромеро де Торес во главава го замислувам како Стив Бушеми. :icon_lol:
483923_449173135113771_269690930_n.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom