Карлос Руиз Зафон

  • Креатор на темата Креатор на темата Body Electric
  • Време на започнување Време на започнување
Дај шта даш е работава. Поготово ако е од матица.
Битно сеа си имам задолжение за уштеда на економски средства.
 
Хмммм, на саем биле во преговори, на 15-ти мај промоција. Мириса на уште еден од „квалитетните“ преводи на Матица :(
Знам баш и јас тоа си го помислив. Како успеале за толку кратко време да се договорат за правата за издавање, па да ја преведат, па нели лекура после иде, да ја испечатат за толку краток период?
 
Темава ми е многу драга!
Зафон прв пат го „сретнав“ пред неколку години, преку Сенката на ветерот која случајно ја купив иако ми изгледаше дека ќе биде искомерцијализирано Куељо срање, со оглед на тоа што беше купена во над 10 милиони примероци во Франција. И колку сериозно не бев во право! Тоа е книга која ја отвараш и додека не ја дочиташ не си способен да правиш ништо друго. Ретко така ме заробува некоја книга, како што ме заробија прво Сенката на ветерот, па Играта на ангелот, па Марина...
Зафон мислам дека можеме слободно да го класифицираме како „магичен реализам“, со тоа што неговата искреност во начинот на пишување и неверојатната „читливост“ (лесни и течни реченици, без непотребно комплицирање...) го става, за мене, пред останатите магични реалисти.
Зафон е едноставно волшебен.
 
Ја земав денес "Заточеник на небото":) , во квалитетот на книгата не се сомневам, ама се гледа дека е преведувана од српски (не верувам дека сум грешка).
 
Денес ја почнав „Сенка на веторт“, тек сум до 80 страна, малку ме шета лево десно, ама да му дадам шанса.
 
Со душа чекам да го купам најновиот дел! :)
Ги обожавав „Играта на ангелот“ и „Сенка на ветрот“. Не се сомневам дека и овој дел ќе биде фантастичен.
 
Од него ја имам прочитано само септемвриски светлини и многу ми се свиѓаше. Чекам да имам малце повеќе време па и другите ќе му ги прочитам. Ми изгледа како да ќе ми се свиѓа неговиот стил.
 
Ја прочитав „Сенка на ветерот“ и иако некои работи се предвидливи, многу ми се допадна. Да напишам нешто од белешката за авторот.

КАрл Руиз Ѕафон е роден 1964. година во Барсеолна и учел во славното језуитско училиште Сарриа. Самиот писател вели дека тој готски дворец со своите врати и тајни премини постојано ја поттикнувал неговата фантазија и неговиот раскажувачки талент.
Зафон работи во агенција за маркетинг, но по објавувањето на првиот роман,во потполност се посветува на пишувањето. Од 1994 живее во Лос Анџелес како слободен писател, сценарист и постојан соработник на El Paisa i La Vanuerdije.

Планирам неговите други книги да ги читам кога ќе одам на одмор, па имам прашање: каков е македонскиот превод? Имам шанса да ги набавам на српски, т.е. хрватски, па ако македонскиот не чини, да се снабдам пред тргнување.
 
Ако можеш да ги набавиш на српски или хрватски, тогаш набави ги. Преводот кај нас особено на последната книга е катастрофа.
 
Ако можеш да ги набавиш на српски или хрватски, тогаш набави ги. Преводот кај нас особено на последната книга е катастрофа.

Стиснав лајк, а мислев да се заблагодарам. Ако не се воздржам, ќе треба да барам други книги за ан одмор. :)
 
каков е македонскиот превод? Имам шанса да ги набавам на српски, т.е. хрватски, па ако македонскиот не чини, да се снабдам пред тргнување.

Преводот на вториот дел е исто на Велика Ширилова. Квалитетот е ист како и кај Сенка на ветрот. Јас лично немам никакви забелешки. Третиот дел го немам читано.
 
Преводот на вториот дел е исто на Велика Ширилова. Квалитетот е ист како и кај Сенка на ветрот. Јас лично немам никакви забелешки. Третиот дел го немам читано.
Првите два дела се подобри во однос на третиот дел. И овој дел е превод на Велика Ширилова, и верувај додека читаш боде очи од србизам. Почнувајќи од самиот наслов
преведен е како Заточеник наместо Затвореник.Првиот дел е насловен како Божична приказна, наместо Божиќна.
 
сега ја читам Сенка на ветрот. До сега сум одушевен. Така богати реченици, а лесни.
 
Книгата „Затвореникот на небото“ на англиски јазик излегува на 10 јули и планирам да го купам тој превод, наместо овој нашиов македонски што толку многу го „фалите“. На англиски верувам дека квалитетот ќе биде далеку подобар (се надевам дека нема да се излажам).

9781443413794.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom