Секогаш кога некој ми прави лоши работи ми иди на ум една работа : јас не дојдов на овој свет за луѓето да ме газат.Некогаш кога некој ми прави некои срања едноставно сум зачудена од тоа затоа што си мислам дека ако јас сум добра со нив нема ништо да ми направат.Е па ете едноставно некои луѓе сакаат да го зезнуваат животот на некој друг и никогаш не се сити од тоа,си мислат дека нив никој не им треба на овој свет но идат времиња кога баш тие на кои им наштетиле да им притребаат,да им притреба услуга и голема помош од нив..да паднат во нивни раце.Порано не враќав-верував во тоа дека има некој кој не гледа сите одгоре и си ја спроведува правдата..и многу пати ја спроведил верувајте..али јас не можам да седам со скрстени раце секогаш... има работи за кои некои луѓе на кои дебело сум му наплатила за штетата и за непроспаните ноќи но има луѓе кои допрва треба да платат.Не се опседнувам со таа одмазда..си го живеам својот живот,едноставно таа ќе дојде,ќе дојдат моите пет минути..ако не дојдат јас ќе направам да дојдат...а тогаш ќе ги згазам!