Ќе се обидам да фантазирам и можеби да анализирам малку...што-би-било-кога-би-било... а всушност, и не е баш фикција Македонија без НАТО и ЕУ...туку повеќе би рекол реалност...
Прашањето е - Што понатаму?
Вака:
Јасно е дека држава по име Македонија не влегува во тие организации, а уште помалку Македонци влегуваат во нив

Затоа...би морале да се свртиме самите кон себе, на секој можен начин...
Како го мислам тоа?
Пред се, имаме огромни неискористени земјоделски потенцијали.
Народот бега од земјоделие (не отсега, оддамна), доаѓа во градовите, селата не живеат, а во градовите безработица...што од отпуштени луѓе, што нивни деца...
Да се инвестира во земјоделието, да се стимулираат земјоделците многу повеќе, но и да се вложи во планирање на културите, и во нивниот квалитет.
Со еден збор, земјоделието да биде посакувана професија. Да, да, професија!
самото по себе, освен пари од извоз ќе повлече и отварање на индустриски капацитети за обработка на земјоделските производи, или барем оживување на старите кои умреа во транзицијата, секако со нови инвеститори.
Кампањата за инвестиции во државата да се сврти кон домашниот инвеститор!
Странецот доаѓа за профит, инвестира, а профитот е негов. мал дел останува тука во вид на даноци, плати и сл. трошоци. Домашниот инвеститор е е тука...нема каде да бега, ако ме разбирате

Исто така, да се привлечат и нашинците од дијаспората да вложуваат во Македонија.
Со ова не ги исклучувам и странските инвестиции. Кој дојде - добредојде!
Туризам!
Освен Охрид, има и други прекрасни, но непознати и во македонски, а камоли во пошироки рамки!
Вложување и промоција на селскиот туризам, здрави храни, еколошки средини и сл.
Исто и археолошкиот туризам, Македонија има што да покаже од таа страна, но и верски, да го наречам, туризам со многубројни цркви, манастири...џамии можеби, се тоа...
Ова можеби и не е некоја анализа, и валиден предлог, сепак не сум економист, така само размислувам, но целта на една успешна власт, по мене не е во влезот во ЕУ или НАТО, туку во обезбедувањето на благосотојба на граѓаните на таа држава.
Секако, една битна работа која многу би помогнала во таквите потфати би била визната либерализација.