Ado, se obiduvame temava da ja izolirame od dnevno-politicki prepukuvanja, i da imame zdrava i korisna diskusija.
Одлично.
Можеме да продолжиме како досега (што не е баш пожелно).
А, може и да се обидеме:
- Да расчистиме со олигарсите (на начин на кој што Путин го направи тоа) што би помогнало да се надмине crony капитализмот и би придонело парите од нивните офшор сметки да ги употребат како свеж прилив на капитал во форма на нови инвестиции
- Да го продлабочиме партнерството со Турција со која не врзуваат, особено силно, заедничките непријатели,
- Да ги поттикнеме нашите успешни иселеници (а, не се мал број) да ги искористат своите важни бизнис врски и преки нив да донесат странски инвеститори, а и самите да инвестираат (во склоп на ова може да користи идејата околу давањето земјиште, како и менување на редица закони кои би придонеле да има олеснителни околности и бенифиции за инвеститорите),
- Да работиме на развивање на селскиот туризам кој стои како неискористен потенцијал(како што прави последниве години Хрватска),
-Да ги реставрираме постоечките и да изградиме нови објекти во кои би биле сместени соодветните археолошки ископувања, и истото повторно да се искористи во промовирање на туризмот
- Да го стимулираме враќањето на специфичните, патем изумрени земјоделски/индустриски култури како памук, лен, афион, сусам и сл.,
- Да работиме и стимулираме развивање уникатни, луксузни врсти вина, кои би ги пласирале на странскиот пазар во мали количини, но со цени соодветни на нивната уникатност
- Да поттикнеме промовирање и брендирање на био/еко-храна, како, на пример медот и неговите деривати/продукти(за кој и Кинезите не пофалија), специфични врсти сирења и други млечни производи (ова, заедно со вината, би одело на принцип мали количини, кои би се претставувале како уникатни производи...и пак ќе ја земам Хрватска како пример за истото. Таа тоа го прави со своето маслиново уље, виното...дури и морска вода продаваат, во форма на козметички/терапевтски производи, за папрени цени)...
И се разбира, да ги препишеме сите закони на Словенија
Се на се, можности има многу. И средства за нивна реализација ќе се најдат. Уште да се најде Влада која ќе се покаже како успешен медијатор во тој процес, и се ќе биде во ред.