kajgana1001albums група

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
11.629
Поени од реакции
29.381
И пример се возиш во автобус, или одиш по улица (80% од сите преслушани албуми до сега ми се во таков сетинг) и како слушаш на обичниот Youtube? Да го ставам телефонот во џеб не можам, ќе допрам нешто и отиде у курац и албум и се, плус ќе се изнервирам и ќе ми иде да го акнам од земја. Или како можеш да скролаш нешто друго додека слушаш на обичен Youtube? Или ќе се ѕверам во каверот од албумот ко ретард? Не знам, ја немам нерви така. Ставам слушалки, пуштам Spotify, си тече музика во главата, Spotify си работи во позадина, а јас си бркам друга работа.

Секако, ама проблемот не е во тоа што не можам да ги најдам албумите.
Ок тоа е друго. Ја не можам да работам и да бидам со слушалици. Затоа дома пред ПЦ додека седам на форум и гејмам нешто што нема потреба од звук го слушам албумот.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.317
Поени од реакции
38.101
1741422309975.png

13. Younger Than Yesterday - The Byrds (1967)
Изненадувачки пријатно за слушање! Не дека не наликуваат на Битлси, баш се некоја американска Битлс верзија и ептен се приметува влијанието, ама има тука и доволно свежина. Прво, премногу ми се допаднаа вокалните хармонии, а второ - акустичните гитари. Ми се допадна и тоа некое благо навлекување на американскиот фолк во нивната рок музика кое се наслушнува од време на време, па историски не знам каков бил патот на кантри рок музиката, ама ако пред Byrds немало ништо такво, тогаш јас овде би го барал зачетокот на тој правец, а нив би ги сметал за пионери. Дел од песните многу добри: My Back Pages (песна на Боб Дилан), Everybody's Been Burned, па и Why - особено. Само една ми беше некако off-track и не ја сфаќам нејзината поента. Дури додека траеше три пати проверив да не сум пуштил некој Looney Toones цртан во позадина - C.T.A.-102 (wtf is that). Не дека е ова за петка, ама од мене заслужено си заработија една солидна 4/5.

P.S. Сега ми текна дека Дејвид Крозби бил гитарист во бендов, а во индивидуалниот проект ми се падна еден фолк албум на Crosby, Stills, Nash & Young кој не ми се допадна толку многу, но го гледам сега изворот на вокалните хармонии кај нив, а од друга страна - тука ја гледам причината за благото кантри-влијание.
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
917
Поени од реакции
2.043
Simon & Garfunkel - Bridge Over Troubled River (1970)

1741423118419.png


2-3 песни само им знаев, другото не ми се бендиса многу.

3/5
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.317
Поени од реакции
38.101
Screenshot_20250308_101633_Gallery.jpg

Во книгата текстовите не се преземени од Википедија како на генераторот, туку се оригинални рецензии од околу 80 музичари и музички критичари кои помогнале во составувањето на истата. Ако некого го интересира што пишува за некој конкретен албум, кажете, ќе споделам.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.317
Поени од реакции
38.101
b9efa9254e825e3be3a8fe342ee0d7cc69d93bc7.jpeg

14. Elephant Mountain - The Youngbloods (1969)
Денес преслушав еден од испуштените албуми и во групава. И не ми се допадна баш. Вметнале по малку од се што можеле, ама пре-просечно испаднало. Веројатно затоа и никогаш албумов не влегол во ТОП 100 албуми на ни една листа, а и самите The Youngbloods никогаш немале никаков забележителен комерцијален успех. Нема ни една песна што се издвојува, ниту едно делче од музиката што отскокнува, туку се е некако средно-жалосно. Може ми влијаеше тоа што последниве два дена имав неколку одлични албуми, па затоа не можев подеднакво да го сакам и ова. Измеѓу 2 и 3 ми е, ама му дадов 3/5, зашто не е на ниво на некои од албумите кои претходно сум ги оценил со 2, како Frank Ocean, на пример.
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
3.955
Поени од реакции
15.486
17. The Byrds - Younger Than Yesterday (1967)

IMG_1917.jpeg


Не знам, ми звучеше ко ефтина копија на Битлси. Единствено My Back Pages ми се допадна.


3/5
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.317
Поени од реакции
38.101
ae4bcda5bf7c39292847902e1f764503c06d7374.jpeg

15. Third/Sister Lovers - Big Star (1978)
Уште еден од албумите што ги испуштив минатата недела. Овој за нијанса послаб од Elephant Mountain. Најмногу не ми се допадна главниот вокал - дискутабилно е колку типот знае да пее и колкав дијапазон има. Да не грешам душа, ама јас би испеал подобро од овој. Прочитав некаде (изгледа во описот на албумот на генераторот) дека имал проблем со менталното здравје и дека во албумот се гледало влошувањето на истото - не знам тоа, ама дека е слаб вокално, е. Друго - малку помонотон од претходниот албум, сите песни наликуваат една на друга и реално ни една не отскокнуваше и не би сакал да ја слушам пак. Исто, измеѓу 2 и 3, ама ај нека оди на тројка, дарежлив сум денес. 3/5
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.317
Поени од реакции
38.101
be0f97c820e1f1d871b9e0737ec49fb08f3fe390 (1).jpeg

16. Trafalgar - Bee Gees (1971)
Bee Gees веројатно повеќето ги знаеме по нивната диско фаза и хитот Stayin' Alive. Од нив освен таа песна ја знам само I Started a Joke, и тоа само дека оригиналната е нивна, а повеќе ја знам преработката на Faith No More. Ама ни едната ни другата ја нема на албумов. И плус целиот е така некако баладичен, тивок, лежерен... Не ги следев многу текстовите зашто во недела во 6 наутро ваква музика успива :pos: , амапо музикатаби рекол дека имав чувство ко да слушам Love Songs со Ерик Фокс на Антена 5. :D Многу, многу монотоно. И веќе трет албум по ред со сличен звук и почнувам да се разочарувам... 3/5 и за ова. Кога тргнало, нека оди!

Се згазив од смеа кога прочитав една рецензија на генераторот - од целиот албум најинтересно ми беше кога ја читав статијата за битката кај Трафалгар на Википедија. :pos:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.317
Поени од реакции
38.101
1741538888120.png

17. Rage Against The Machine - Rage Against The Machine (1992)
Ова ќе биде непопуларно мислење и веројатно ќе јадам хејт за ова, ама морам да си кажам што ми лежи на душа. :pipi: RATM е еден од последните 2 албуми кои ги испуштив претходната недела. Поточно, овој не го доислушав и затоа не го оценив. Како најблаго да го кажам ова а да не звучи премногу грубо - RATM е албум / бенд чија музика е одлична, ама „вокалот“ ужасен. Не можам да сфатам како може некој да смета дека ова е добар вокал, дури и го прочитав некаде истото, не знам дали во некој коментар тука или на Википедија. Како прво, ова не може ни да се нарече вокал. Еден попизден мажјак што го нервира се и тера се у курац. И притоа тој не пее, туку вика, вреска, се дере. Ако некој кој вика, вреска и се дере може да се нарече вокал, тогаш рандом тетка Перса од Свирипичино што урла, пцуе и колне по децата што со топката шутнале во бавчата и и скршиле 3 стебленца пипер е врв на музичката уметност. (!?)

Една по-ОК песна: Killing in the Name, и куп срања.

Толку, немам што да додадам. 2/5 за рифовите.

:sramezliv:
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
7.021
Поени од реакции
24.146
Прегледај го приврзокот 445588

17. Rage Against The Machine - Rage Against The Machine (1992)
Ова ќе биде непопуларно мислење и веројатно ќе јадам хејт за ова, ама морам да си кажам што ми лежи на душа. :pipi: RATM е еден од последните 2 албуми кои ги испуштив претходната недела. Поточно, овој не го доислушав и затоа не го оценив. Како најблаго да го кажам ова а да не звучи премногу грубо - RATM е албум / бенд чија музика е одлична, ама „вокалот“ ужасен. Не можам да сфатам како може некој да смета дека ова е добар вокал, дури и го прочитав некаде истото, не знам дали во некој коментар тука или на Википедија. Како прво, ова не може ни да се нарече вокал. Еден попизден мажјак што го нервира се и тера се у курац. И притоа тој не пее, туку вика, вреска, се дере. Ако некој кој вика, вреска и се дере може да се нарече вокал, тогаш рандом тетка Перса од Свирипичино што урла, пцуе и колне по децата што со топката шутнале во бавчата и и скршиле 3 стебленца пипер е врв на музичката уметност. (!?)

Една по-ОК песна: Killing in the Name, и куп срања.

Толку, немам што да додадам. 2/5 за рифовите.

:sramezliv:
Нема потреба и не смее нечие филмско или музичко мислење да биде непопуларно. Се е тоа прашање на вкус и никој не може да те убеди во спротивното ниту па ти некого истото. Секој човек си има одреден стил кој му ги отвара чакрите и глупо е да се убедуваме и расправаме за вакви работи.
Еве на пример јас да немав другар заболен по Пинк Флојд, немаше никад песна да им чујам. Само заради тоа што овој цело време ми збореше за истите па знам некои нивни нумери ама освен онаа со циглата во ѕидот, другите тешко да ми текнат како се насловени. Ама, од друга страна имам омилени песни кои на Јутуб имаат едвај 20-30к прегледи.
Те читав и во темата за Евровизија, ја чув песната на Шведска и мене ми направи баш мерак. Мислам дека е победничка нумера додека за тебе е спротивното.

Назад на темата - Trafalgar - Bee Gees - 2/5
Нека се врти албумов на смртна постела, да ми течат солзи додека вртат овие меланхолични траки. Особено онаа Remembering.
Да го слушам ова често би бил навистина тажна личност.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom