12. Bridge Over Troubled Water - Simon & Garfunkel (1970)
Еве ја мојата втора петка во групава, конечно! Предобар албум во кој немаше една песна што не ми се допадна. Првите 3, кои ги спомна
@Darklady погоре, секако, нема кој не ги знае, ама и сите останати помалку познати (како The Boxer) и непознати држеа едно ниво и буквално не осетив кога албумов заврши. Ова е петтиот и последен студиски албум на дуото Сајмон и Гарфанкел и веројатно нивното најзрело дело по кое сепак решаваат да се растурат, но пред се зашто Арт сакал да се проба во глумата (мислам). Подоцна и двајцата издаваат соло албуми, иако сите знаеме дека едниот е далеку поуспешен од другиот. По Sound of Silence, песните од Bridge Over Troubled Water се дефинитивно нивниот врв и уживав во албумов од старт до финиш. Штета што морам да го слушам Стиви Вондер во индивидуалниот проект во моментов, инаку ова радо би си го пуштил на re-play. 5/5