- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 13.790
- Поени од реакции
- 33.597
Најпрво да се извинам што вака јас преку ред, уште непочнато гласањето за претходниот избор. Тоа си останува така - уште 3 дена од сега, и победникот од тој избор ќе има право да го отвори KSC #131. Ова, специјално издание (по предлог на @Corvus ) ќе биде посветено на Панонскиот морнар, на поетот од Нови Сад кој отиде предано да „ore nebeske njive“ . Сметам дека човекот заслужува да му оддадеме почит со еден избор посветен само на него. Повеќето тука растевме со неговата музика, на повеќето им има одбележано дел од животот... Со него пораснаа и цели генерации од Вардар па до Триглав, и сите го сакаа, затоа вечерва во скоро сите поголеми екс-ју градови (меѓу кои и Скопје) со специјални собири се потсетуваат на еден од последните луѓе кој ги спојуваше во старата држава, и кого сите го сакаа, па затоа мислам дека неговата големина е неизмерна.
Нема потреба од посебни почести, пак, за победникот тука, доволна сатисфакција е и тоа што ја избрал најдобрата од одличните песни на Балашевиќ.
Само една напомена: ве молам во темава не го валкајте неговото име за било какви политички, етнички или било какви препукувања како во другата тема. Немам модераторски привилегии во овој подфорум, па затоа ќе ги замолам модераторите тука и администраторите да интервенираат и да ги избришат сите такви мислења.
Нека почива во мир. Слава му.
________________________________________________
Јас ќе почнам прв. Од Балашевиќ ми значат многу песни! „Неки нови клинци“ е веројатно првата песна која ја знаев на памет од почеток до крај - јас таков, клинец од некои 7-8 годинки, главен вокал, братучед ми, веќе тинејџер - на гитара. На „Рачунајте на нас“ бев горд Титов пионер, еден од последната генерација пионери. „Прича о Васи Ладачком“ е првата песна на која ми затреперило срцето и имам пуштено солза. „Д-Мол“ и „Свирајте ми јесен стиже дуњо моја“ ми одбележаа еден тажен период од животот нешто подоцна. „Девојка са чардаш ногама“ ми е можеби најслушаната негова песна. „Опрости ми Катрин“ ја сакав многу еден друг период... Скоро секоја негова песна ми има некаква приказна која ме потсетува на дел од мојот живот и скоро секоја негова песна има дел од мене во неа.
Но, бирам една која има и најголемо, универзално значење, и која и ден денес, кога и да ја слушнам, во било чија изведба, ме растреперува. Овде, освен оригиналната, постирам видеа со уште неколку прекрасни изведби на истата. Би ве замолил, во чест на Балашевиќ, да ќе ги изгледате сите, од почеток до крај. Нека громови полуде, „само да рата не буде“...
И последната, неговата изведба кај нас, во Борис Трајковски Арена.