Kajgana Song Contest #130 (SPECIAL EDITION) - Đorđe Balašević

Член од
17 октомври 2011
Мислења
9.158
Поени од реакции
20.620
Најпрво да се извинам што вака јас преку ред, уште непочнато гласањето за претходниот избор. Тоа си останува така - уште 3 дена од сега, и победникот од тој избор ќе има право да го отвори KSC #131. Ова, специјално издание (по предлог на @Corvus ) ќе биде посветено на Панонскиот морнар, на поетот од Нови Сад кој отиде предано да „ore nebeske njive“ . Сметам дека човекот заслужува да му оддадеме почит со еден избор посветен само на него. Повеќето тука растевме со неговата музика, на повеќето им има одбележано дел од животот... Со него пораснаа и цели генерации од Вардар па до Триглав, и сите го сакаа, затоа вечерва во скоро сите поголеми екс-ју градови (меѓу кои и Скопје) со специјални собири се потсетуваат на еден од последните луѓе кој ги спојуваше во старата држава, и кого сите го сакаа, па затоа мислам дека неговата големина е неизмерна.

Нема потреба од посебни почести, пак, за победникот тука, доволна сатисфакција е и тоа што ја избрал најдобрата од одличните песни на Балашевиќ.

Само една напомена: ве молам во темава не го валкајте неговото име за било какви политички, етнички или било какви препукувања како во другата тема. Немам модераторски привилегии во овој подфорум, па затоа ќе ги замолам модераторите тука и администраторите да интервенираат и да ги избришат сите такви мислења.

Нека почива во мир. Слава му.
________________________________________________
Јас ќе почнам прв. Од Балашевиќ ми значат многу песни! „Неки нови клинци“ е веројатно првата песна која ја знаев на памет од почеток до крај - јас таков, клинец од некои 7-8 годинки, главен вокал, братучед ми, веќе тинејџер - на гитара. На „Рачунајте на нас“ бев горд Титов пионер, еден од последната генерација пионери. „Прича о Васи Ладачком“ е првата песна на која ми затреперило срцето и имам пуштено солза. „Д-Мол“ и „Свирајте ми јесен стиже дуњо моја“ ми одбележаа еден тажен период од животот нешто подоцна. „Девојка са чардаш ногама“ ми е можеби најслушаната негова песна. „Опрости ми Катрин“ ја сакав многу еден друг период... Скоро секоја негова песна ми има некаква приказна која ме потсетува на дел од мојот живот и скоро секоја негова песна има дел од мене во неа.

Но, бирам една која има и најголемо, универзално значење, и која и ден денес, кога и да ја слушнам, во било чија изведба, ме растреперува. Овде, освен оригиналната, постирам видеа со уште неколку прекрасни изведби на истата. Би ве замолил, во чест на Балашевиќ, да ќе ги изгледате сите, од почеток до крај. Нека громови полуде, „само да рата не буде“...







И последната, неговата изведба кај нас, во Борис Трајковски Арена.

 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
1.458
Поени од реакции
1.538


Песната е цела филоз(с)овија на живеењето на еден балканец. Ова нема шанси да го видиш кај ладен западњак. Човеку колку е ова јака песна, ти ја буди секоја клетка у телото, како да те мава електро шок, неописливо.
Еј животе расипани џојстику...
 

Джонтра Вохохолта

I`m with the fucking FBI
Член од
20 јули 2020
Мислења
2.383
Поени од реакции
16.091
На 6ти јануари ми е роденден и не го сакам тој ден нешто посебно, како ни целиот месец. Мразам зима.
Обично тој ден не искачам од соба, се дружам со моите стрикно за да го испоштувам ручекот и целата таа бадникова церемонија. После тоа се повлекувам во моето кралство, едноставно наречено соба, пред неговото височество компјутер, со мојот добар пријател црвеното вино и заедно со Џоле, обвиен во сопствената мизерија се дружиме до доцните ноќни часови.
Не памтам да почнала некоја година а јас да не ја поздравам со песнава подоле и уште еднаш, преку Балашевиќ да си кажам сам на себе,
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
4.352
Поени од реакции
10.221
Во сеќавање ми е како одам на летен одмор со моите и во кола се слуша Балашевиќ точно оваа касета со овој омот.



Моќта на потсвеста, ама не од Џозеф Марфи.

Пред многу време, може има и 10 години може повеќе, ми требаше да отворам акаунт на една веб страна и ми бараше е-маил. Не сакав да го оставам мојот официјален, па затоа решив да направам нов специјален само за таа намена. И затоа што не беше битно како ќе го крстам, секако немаше тој мејл да го користам во иднина, решив да не се замарам многу со име за мејлот, а наместо тоа да ставам прво нешто што ќе ми текне. Од трилион работи на светот што можеа први да ми текнат, живот је море беше таа што прва ми текна. А не дека ја слушав таа песна или општо Балашевиќ тој ден или тие претходни денови. Немав намера тогаш да логицирам зошто баш тоа ми текна прво, сакав да отворам акаунт, тоа е се што ми беше битно. После одредено време се сетив на мејлот ама веќе ја бев заборавил лозинката. Не знам каква е политиката на Гугл, дали ако не се најавиш на мејл после одредено време ти го брише и го остава тој мејл слободно да го превземе некој друг, но доколку не е така тогаш zivotjemore@gmail.com е сеуште во мој посед со вечно заборавена лозинка.
Како и тогаш и сега немам намера да се борам и да логицирам со потсвеста и ќе ја ставам таа песна. Ако некој ми бара да му образложам зошто одгововорот е-не знам. Ја има во 2-3 верзии, јас ја сакам во онаа со женските пратечки вокали. И за ова не знам зошто, најверојатно затоа што таа верзија ми е врежана од детството и секој редизајн автоматски го дискредитираш како неавтентичен само поради тоа што не е тоа како кога си бил дете.

 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
2.389
Поени од реакции
7.823
Сакав песна да ставам последна, за да си го олеснам изборот, ама не издржа срце јуначко. Да се избере песна за натпревар посветен на Балаш е може еден од најтешките избори што сум морала да ги правам последнава година. Аутфит за важен настан ми било полесно да изберам од ова, главно зашто мојата омилена песна зависи од моменталното расположение, и изборот е навистина многу тежок со оглед на тоа што секоја негова песна различно, но подеднакво ме погодува. Некои од опциите за среќа веќе се ставени, се надевам дека до крајот на натпреваров ќе ги видам и багремите, Божа, рингишпилот, петелот, намќорот, гарава и една од првите песни, всушност втората после чардаш што ја слушнав од него - малиганска. Ја слушнав пред некој ден на радио, и ме врати во времето кога уште се запознавав со неговата музика, помислив „Како лета времето“, секогаш се ежам кога слушам нешто што ме враќа во времето.

Во секој случај, песнава што ја избрав, ниту е победничка, ниту е меѓу најдобрите, ниту меѓу најпознатите, ниту пак сум плачела на неа како на некои други Балашевски ама е една од ретките песни коишто опсесивно сум ги барала низ секој ќош на интернетот додека не ја најдам. Секогаш се смешкам кога ја слушам, а секоја песна што прави да се осеќам како што тоа го прави Отилија, заслужува да ме претставува секаде, и секогаш.

 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.104
Поени од реакции
4.547
Jedan život, miran, tih
Nekad bacim kartu il' napišem stih
Stvari teku,
Ja se držim izvan njih.

I ljubim dobre, ljubim lake
Neke prave, a neke ne.
I sve su vile, ma sve su kraljice,
I sve su nevažne, naspram nje...

 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
4.823
Поени од реакции
5.393


Njenima nisam bio po volji
Važno im bilo odakle su moji
Zašto to smeta, sa ovog su sveta?
Hlebotvorci, čestit soj
Njen me je baba uz'o na nišan
Dal' sam od njinih il' baš i nisam?
Sloven sam, belac, slobodni strelac
Mani se čiča, ja sam svoj


Ispeano i prifateno (do nekade) od srbin posledniot jugosleven u sred Zadar...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom