Јас се извинувам за застојот од моја страна, имав проблем со еден пајак кај Бит Пазар...
Океј, значи, во време на #MeToo имам чест да презентирам награда за најдобра женска улога, знаете онаа категорија каде кај небитните Оскари имаш четири номинирани и Мерил Стрип. Ама вистинските познавачи на филмот тука решија да го направат ова малку поизедначено, па Мерилка ја нема никаде.
Значи номинираните за најдобра актерка се:
Frances McDormand - Three Bilborads Outside Ebbing, Missouri
Margot Robbie - I, Tonya
Jennifer Lawrence - Mother!
Sally Hawkins - The Shape of Water
Saoirse Ronan - Lady Bird
Aaaaaaaand the Омлет, со освоени 54,2% од гласовите goes to.........*drum roll*
Frances McDormand - Three Bilboards Outside Ebbing, Missouri
Честитки, и утре на марш со мене за #NotMyBestActress
Фала на Злате за можноста што ја приредува секоја година. Сум споменал и претходно, ретко кој со олкава посветеност и страст се посветува на нешто од хоби, задоволство, би рекол. Од лично искуство, сметам дека форумџии се доста добра група за разговор за филм, онака на пример ретко со другари и познаници зборувам за филм и кога ќе дојдам овде повеќе читам отколку дискутирам, ама сум во тек со сите важни настани/филмови.
Ај да ја презентирам категоријата за најдобар режисер.
Фала и на @џимеј . Сега имаме едно мало „изненадување“: за прв пат во историјата на Кајгана филмските награди, вашиот драг водител ќе презентира категорија, зашто веќе преку глава му е да ги чека презентерите да се нашминкаат и облечат (и голи да дојдевте, никој немаше да ве врати ).
Значи, ја имам честа да го прогласам освојувачот на Златен омлет за најдобар македонски филм за 2017. Ние не можеме да се пофалиме со некоја голема продукција на филмови, но радува фактот што колкава е, толкава е, токму е! Барем годинава, кога за прв пат имаме македонски филм освојувач на Омлет во друга категорија: Avec L'Amour за најдобар документарен филм за 2017. Вo 2017 имавме 4 долгометражни играни филмови, заедно со документарецот Avec L'Amour - 5, а за квалитетот зборува и фактот што дури 4 од петте беа ВАШИ кандидати за номинација при изборот на номинирани. Од нив, трите номинирани филма се:
А најдобар македонски филм за 2017 е:
ИСЦЕЛИТЕЛ / SECRET INGREDIENT
Честитки. Следниот пат чувајте од колачот.
И дојдовме до крајот. За крај, на сцената повикувам еден голем, поголем, најголем човек. Најдобар филм ќе ни презентира ГРАНДИСИМО @grande-juve кој има неколку изненадувања и специјални гости во шоуто кое ни го има спремено. Па уживајте!
Фала Злате ептен на убавите зборови. Јас не сум многу за јавни говори поготово пред толкава публика, затоа викнав еден мој драг пријател да ја презентира наградата за Најдобар Филм во 2017та, со кого ептен сум се дружел и најзакон сум поминуел, препорачувам секој што сеуште не го запознал да го запознае(инаку има малку проблем со гласот може да му се смени). Исто така како водител се согласи да биде еден бард на Македонското водителство и очекуем глатко да не води низ финишот на КМА 2017

Браво бе Јучеба!
Мојов за малку не победил, а прееска баш сакав да пишам дека ќе биде тесно меѓу мојот и твојот и за малку ќе типував за мојот ама вас ве има толку многу :/
Ако, ми се свиѓа што е тесно, така и треба да биде за најфилм
Криво ми е што испуштив гласањето. И што ги нема номинирани Шаламе (а филмот номиран) и Фајфер за mother! (а номинирана за Murder on the Orient Express).
@grande-juve, браво за видео презентацијата. Нема утка со Лери Дејвид.
Криво ми е што испуштив гласањето. И што ги нема номинирани Шаламе (а филмот номиран) и Фајфер за mother! (а номинирана за Murder on the Orient Express).
Фала Злате ептен на убавите зборови. Јас не сум многу за јавни говори поготово пред толкава публика, затоа викнав еден мој драг пријател да ја презентира наградата за Најдобар Филм во 2017та, со кого ептен сум се дружел и најзакон сум поминуел, препорачувам секој што сеуште не го запознал да го запознае(инаку има малку проблем со гласот може да му се смени). Исто така како водител се согласи да биде еден бард на Македонското водителство и очекуем глатко да не води низ финишот на КМА 2017
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.