- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 13.714
- Поени од реакции
- 33.356
И еве нѐ по трет пат! Можел Џими Кимел два пати по ред. Ај да го видам нека ме стигне мене! За оние кои поим немаат што се случува, ја отворивте темата за третите по ред (неофицијално четврти) Кајгана филмски награди, каде нашата Кајгана Академија, составена од најголемите филмски ентузијасти на форумов, ги оценува и вреднува најдобрите филмски остварувања од минатата година. Традиционално трета година по ред одиме веднаш по Оскарите, откако речиси сѐ од минатата година е достапно за гледање, и поголем дел веќе изгледано.
Како функционира? Од 03.03 до 10.03.2018, на сите членови на подфорумот Филм и ТВ им беше даден линк до формулар во кој можеа да ги предложат своите најомилени филмови од 2017 во 15 категории. Формуларот беше затворен ноќеска, нешто по полноќ, беа сумирани резултатите, и еве денес ги објавуваме номинираните во сите 15 категории. По објавувањето на номинациите, ќе ви биде дополнително објаснет начинот на гласање со кој ќе ги избереме најдобрите остварувања во 2017, односно освојувачите на Златен Омлет.
За оние кои не знаат што се случувало минатите 2 години, еве потсетување:
2016
2015
А ги имате и Letterboxd листите каде може да видите кој се бил номиниран до сега:
1. Документарец
2. Странски
3. Научна фантастика
4. Хорор и трилер
5. Акција и авантура
6. Комедија и мјузикл
7. Драма
8. Анимиран
9. Македонски
10. НАЈДОБАР ФИЛМ
11. СИТЕ НОМИНИРАНИ ВО СИТЕ КАТЕГОРИИ
Пред да почнам, само да се заблагодарам на сите кои номинираа, дадоа поддршка и на сите кои ни ја направија филмската 2017-та поинтересна на форумов. Благодарност до @wot , @џимеј , @Zarniwoop , @zmej gorjanin , @devilko , @faraon , @Anon , @dragonsky , @Freddy Krueger , @Хефест , @БоЏек , @Beric Dondarrion , @grande-juve , @Krk1 , @MyloXyloto , @Dejan <3 Viola , @Corvus и нека ми простат сите кои ги заборавив, а сигурно има и такви, многумина предложуваа...
Ќе ве замолам само да го проследите со внимание објавувањето на номинациите, а за гласањето ќе бидете известени веднаш потоа. Па да почнеме. Номинирани за ЗЛАТЕН ОМЛЕТ се (во секоја категорија, по азбучен ред, а не по бројот на освоени гласови):

Последно уредено: