Ви благодарам на сите 25 кои гласавте. Гласачките кутии се затворени на време. Ги имаме победниците во сите 15 категории (немаше нерешени резултати, значи последното со оценувањето беше неважно), контактирани се дел од презентерите, ако ги прифатат улогите, наскоро почнуваме со церемонијата.
Никој нема откупено права за пренос во живо. Кој сака да гледа, ексклузивно само тука, на Кајгана форум!
Инаку, дамиве и господава презентери уште се шминкаат и облекуваат. Еве уште се влечкаат по red carpet-от, никој нема влезено во салата. Се надевам ќе почнеме наскоро.[DOUBLEPOST=1521301839][/DOUBLEPOST]Првите презентери завршија со фотосесиите на црвениот тепих и се појавија во салата, па мислам дека може да почнеме. Традиционално, почнуваме со наградите по жанрови. Ги повикувам на сцената @Zarniwoop , @dragonsky , @devilko и @Corvus кои ќе ги презентираат првите 4 категории: најдобар документарен филм, најдобра акција/авантура, најдобра научна фантастика и најдобар хорор/трилер.
И оваа година ја имам честа да презентирам најдобар филм од жанрот Научна Фантастика. Злате секоја година ми ги дава најубавите категории
По тоа и се гледа врвната организација на овие престижни филмски награди кои секоја година со нетрпение ги очекуваме.
Ланската година, презентери беа само претставнички од понежниот пол, меѓутоа оваа година заради остра критика од страна на белците христијани кои се најдоа обесправени и угнетени од тој концепт, ги враќаме на сцена гореспоменатите да пополнат квота за белци христијани презентери. Секако дека воведовме квота и за белци атеисти за да не се соочиме со истиот проблем. Меѓу другото, се надеваме следната година дека ќе воведеме нова категорија НАЈДОБАР НЕГАТИВЕЦ, каде што презентерот ќе биде црнец педер, за да не наидеме повторно на остра критика од гореспоменатите дека негативците се секогаш исклучиво белци христијани.
Штом завршивме со тоа, да преминеме на тоа за коешто сме тука, НАЈДОБРО ОСТВАРУВАЊЕ ВО ЖАНРОТ НАУЧНА ФАНТАСТИКА, другиве категории и онака се мех.
Дами и Господа, номинирани за оваа награда се:
Blade Runner 2049
Life
Logan
Star Wars: The Last Jedi
War for the Planet of the Apes
И ПОБЕДНИКОТ ВО НАЈКУЛ КАТЕГОРИЈАТА Е:
Life.
Се разбира дека не е Лајф, омг..... се прашувам како воопшто влезе во потесен избор, сигурно Драгонскај го гласал со 10 фејк профили
Победникот, како и да е... е поистребувачки настроен, и воедно мојот фаворит.
Здраво, јас сум Миланка Рашиќ а вие го гледате во живо преносот за ТВ Омлет. Знаете дека ова е вечерта кога силно блескаат сите ѕвезди на форумџиското небо. Вечерта кога сите форумџии се облекуваат во позајмени фустани и смокинзи и се спремни за да ја завршат вечерта пијани и во креветот со личност со која што ќе ја зажалат за некоја година. Впрочем кој може да го заборави скандалот кога пред некоја година Io Sono Interista заврши во креветот на Forrest Gump.
Но да не должиме со црна хроника. Време е за доделување на награди.
Следната категорија ќе биде за "Најдобра Акција/Авантура". Наградата ќе ја додели единствената личност на која што му имам фрлено мерак а тоа да не биде 45+ годишна добро облечена холивудска ѕвезда која што врвот на кариерата ја имаше во првите години од овој милениум. Се разбира станува збор за dragonsky кој што богами видел премногу акција и премногу авантура во својот живот. Човекот кој што уште не го прифаќам на фејсбук пошто сакам да глумам недоприлива.
Номинирани во категоријата "Најдобра акција/авантура" се филмовите:
Бебето Возач
Џон Вик Истотака
Човекот на кралот: Златниот Круг
Оу Кеј Џеј Еј
Тор: Рагнарöк
Не ме прашувајте како ја изговорив буквата Ö во живо, ипак јас сум Миланка Рашиќ и сум полиглот.
А да не должиме, еве го на сцената ликот кој што ми го одзема здивот небаре сум асматичар без апаратче.
Здраво! Како сте? Добри? Хаха, добро, мала шала секако не можете да вратите на постов со одговор хехе.
Прво да ви кажам, стварно не знам зошто ми дадоа да доделувам награди за најдобра акција/авантура кога Господ знае дека долго време не сум имал акција А богами и најголема авантура во последно време ми е кога мајка ми ќе ме прати да и купам леб и млеко хахаха, полека смирете ги аплаузите.
Но доста за мене. Ајде да збориме за она за што сите се дојдени тука....уствари не, реков ќе прекинеме со муабет за мене.
Хаха, да, те гледам како се смешкаш во трет ред Џулија Робертс! Ама не, не мора да се смеете ок е, сепак наградиве се навистина престижни.
Номинирани за најдобра акција/авантура оваа година се...
BABY DRIVER
JOHN WICK 2
KINGSMAN: THE GOLDEN CIRCLE
OKJA
THOR: RAGNAROK
И победникот е.......................
Зоран Заев..хаха...не се смеете на ова? Ни ти Џулија Робертс бе?....ок, добро не сте од Македонија иначе ќе сфатевте хаха... Ок ајде сериозно..
ПОБЕДНИКОТ Е....
ЛА ЛА ЛЕНД!!
....ок извинете....грешен лист ми дале...овие лани беа...добро бе Фен Данавеј до кога ќе ги оставаш твоите пликоа кај мене да му еам мајката??? Последен пат е ова да ти дадам, гајле ми е колку ме молиш...
Победникот е......
Baby Driver!
Го чекаме побединкот да дојде да си земе Златен Омлет и Сано Сокчиња.
Јас сум Атанас... и Тино...
Заменски водител кој прв пат ја има таа чест да се качи на оваа сцена и да ги презентира најдобрите филмови во жанрот трејлер, овај трилер/хорор.
Оваа година имавме одлични, квалитетни out of box филмови кои успеаа да го размрдаат овој жанр и да внесат мрачнина во него. После долги дискусии и неодлучности, ценетите предложувачи успеаа да се договорат и ги номинираа следните филмови:
Реклами има моментално. Се читаме за две минути.[DOUBLEPOST=1521311674][/DOUBLEPOST]После рекламите на ред дојде и категоријата најдобар документарец, последна од првиве четири бидејќи најмногу беше очекувана, нокти се грицкаа додека да се дочека победникот.
Номинирани за најдобар документарец се:
Avec L'Amour
Icarus
La97
Last Men in Aleppo
Faces Places
Нема да ве задржувам многу бидејќи доволно долго чекавте да дознаете, само пред да ви го кажам победникот да ви кажам дека презентерот е облечен во најнова мода и специјално за доделувањево на наградиве ги откажа сите договорени состаноци.
Аха да, филмот.
Значи, најдобар документарец е, хаха види ама го залепиле не сакаат да дознаеме, ах еве го конечно. Победникот е
Ви благодарам на четворицата. Ги добивме првите 4 освојувачи на Омлет за 2017. Меѓу нив, за прв пат до сега, македонски филм надвор од категоријата за македонски филмови. Честитки до Avec L'Amour.
Ние продолжуваме понатаму: @Casandra , @Gazpapir и @reddevil4ever ќе ги презентираат следните 3 категории: најдобар странски филм, најдобар анимиран и најдобра драма. Ги чекаме нив.
Се осеќам како битна личност чим ја добив поканава!
Или може сите поминавте па ајде да не биде греота папирот...
.
Сериозно сега, Ви благодарам на поканата! Па ајде да прејдам на тоа што сите го исчекувате со нетрпение.
Ја имам честа да ја претставам категоријата Најдобра драма.
Номинирани за најдобра драма.
Three Billboards Outside Ebbing, Missouri
Call Me by Your Name
Wind River
Loveless
Phantom Thread
Победникот Дами и Господа со освоени 40% од вашите гласови е:
Се осеќам како битна личност чим ја добив поканава!
Или може сите поминавте па ајде да не биде греота папирот...
.
Сериозно сега, Ви благодарам на поканата! Па ајде да прејдам на тоа што сите го исчекувате со нетрпение.
Ја имам честа да ја претставам категоријата Најдобра драма.
Номинирани за најдобра драма.
Победникот Дами и Господа со освоени 40% од вашите гласови е:
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.