Баш мислев деновиве да напишам кои филмови фалат на листава, ама денес во Нова Македонија излезе некоја нивна листа за топ 10 филмови за оваа година, и таму се најдоа двата филма што мислев дека мора да ги има на листава:
the hurt locker
http://www.imdb.com/title/tt0887912/
watchmen
http://www.imdb.com/title/tt0409459/
„Немилосрдни гадови“ на врвот на листата најдобри филмови за 2009 година
Топ-листата за десетте најдобри филмови на годината редовно предизвикува контроверзии и жестоки расправии, а причината е едноставна - не постојат двајца луѓе чиј вкус апсолутно се поклопува. Затоа, не се вознемирувајте доколку на оваа листа не се најде некој од вашите омилени филмови
10. „Мамурлак“ (Тhe Hangover)
режија: Тод Филипс; улоги: Бредли Купер, Ед Хелмс
Што прави тигар во бања, зошто кокошката шета во демолирана хотелска соба, од каде бебе во орманот, што бараат голи Кинези во багажникот од автомобилот?! Врвна комедија што се гледа во еден здив и во која идентитетот на убиецот се открива во последната секунда.
9. „Чувари“ (Watchmen)
режија: Зак Снијдер; улоги: Патрик Вилсон, Малин Акермен, Били Грудап
„Чувари“ е одличен филм, кој не достигна преголем успех кај пошироката публика затоа што гледачите не очекуваа атипични суперхерои што, всушност, се антијунаци и што може да се разберат само ако малку се вложи поголем напор. Една од најдобрите екранизации на стрип на сите времиња.
8. „Сериозен човек“ (A Serious Man)
режија: браќата Коен
Црна, ама навистина црна комедија за професор што сфаќа дека животот му е промашен. Браќата Коен се толку посебни што и нивните просечни филмови влегуваат на листата за најдобри филмови.
7. „Шпион!“ ((The Informant!)
режија: Стивен Содерберг
улоги: Мет Дејмон, Мелани Ланскеј, Скот Бакула
Стивен Содерберг конечно по долго време се врати со добар филм. Мет Дејмон во овој филм ја имаше една од најдобрите улоги во животот, па би било вистинска штета доколку не биде номиниран за „оскар“.
6. „Наредник Џејмс“ (The Hurt Locker)
режија: Кетрин Бигелоу (Kathryn Bigelow)
Чуден е фактот дека жена режира еден ваков машки филм за војна. Уште еден плус е тоа што филмот е лишен од какви било политички опсервации затоа што тие се одвишни кога човек ќе се најде на бојното поле.
5. „Одвлечкај ме во пеколот“ (Drag Me to Hell)
режија: Сем Раими;
улоги: Кристин Браун, Џастин Лонг
Без сомневање - најдобар хорор за 2009 година. Смртта сé уште не можеме да ја победиме, ама затоа секогаш можеме да се навредуваме и да се смееме. Сето тоа совршено добро го знае Сем Раими и затоа први одлични страшно-смешни филмови. Негови претходни филмови се „Зла смрт“ и „Војска на темнината“.
4. „Горе“ (Up)
режија: Пет Доктер и Боб Петерсон
гласови: Перо Јуричиќ, Ивица Видовиќ, Златко Буриќ
Иако пред сé овој анимиран филм им е наменет на возрасните, а не на децата, тој е толку добар што засекогаш ќе ви остане врежан во главата.
3. „Борач“ (The Wrestler)
режија: Дарен Арновски
улоги: Мики Рурк, Мариса Томеј
И покрај мрачните тонови на филмот и отворениот крај што не навестува ништо добро, „Борач“ е многу пријатен филм за гледање. Филмов сигурно ќе знаат да го ценат сите оние што се презаситени од високобуџетни и бесвкусни холивудски продукции.
2. „Во игра“ (State of Play)
режија: Кевин Мекдоналд; улоги: Расел Кроу, Бен Афлек
Ова е филм што вреди да се погледне дури и двапати по ред. Режисерот е еден од ретките што успева да го спаси холивудскиот меинстрим-филм.
1. „Немилосрдни гадови“ (Inglorious Basterds)
режија: Квентин Тарантино; улоги: Бред Пит, Мелани Лаурент, Диана Кругер
Ова е посебна Тарантинова визија за Втората светска војна затоа што овде таа е само средство со кое и се оддава чест на седмата уметност. Филмот, едноставно, е генијален.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=123091048201&id=49&prilog=0&setIzdanie=21875