Ама карта човече...
Страшни доминации и нокаути, браво.
Мразам кога сум во ситуација да гледам борби буквално на пауза од работа, али јбг.
Доброто е што бев во можност 3 да изгледам, така да одлично испадна
Прво, ептен ми се направи кеиф за Масвидал. Многу јадеше гомна (како и секогаш), ќе баптираше човекот ама...
Ептен беше самоуверен и ептен го потцени Усман, како да не очекуваше толкава моќ во страјкингот од Усман. Масвидал има супец издржлива брада, али ударот беше страва. Перфектен момент и на перфектно место. Уживав во риплејите.
Одличен нокаут од Намајунас! Многумина ја потценија и очекуваа да губи, ама страшно добар и опасен борец е.
За Шевченко немам коментар, буквално rag-doll ѝ направи на Андраж.
Жално и невероватно е што му се деси на Вајдман. Тој беше тој кој му ја скрши ногата на Силва, а сега на идентичен начин се здоби со истата повреда и на ист начин... Стварно за неверување која коинциденција.
Ентони Смит имаше добар меч исто така. Ја имаше борбата дури и да не ја прекинеше докторот, го раздрма со директи.