K1-Fight Club, Ultimate Fight, Бокс, Кик-Бокс...

  • Креатор на темата DJ_DEXTER
  • Време на започнување

Која боречка вештина најмногу ве привлекува?

  • Karate

    Гласови: 27 4,9%
  • Taekwondo

    Гласови: 33 5,9%
  • Judo

    Гласови: 9 1,6%
  • Aikido

    Гласови: 37 6,7%
  • Boks

    Гласови: 64 11,5%
  • Kick-Boks

    Гласови: 182 32,7%
  • Muay Thai

    Гласови: 40 7,2%
  • Kung Fu(Wing Chun,ShaoLin,Mantis...)

    Гласови: 72 12,9%
  • Ninjitsu

    Гласови: 29 5,2%
  • Ја нема на листата

    Гласови: 63 11,3%

  • Вкупно гласачи
    556
D

DJ_DEXTER

Гостин
Martial Arts

Hmm.. Jas vekje tri godini treniram Karate i mislam deka e najinteresniot sport ispolnet so mnogu neizvesnosti etc. :lol:
Aj dajte da vidam vashi mislenja
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.487
Поени од реакции
1.110
Да. Најинтересен и најгледан спорт е.. после него се Формула 1 и фудбал :D :D :D

се шалам

и јас на времето тренирав вадар јо ми се чини дека се викаше техниката она спортско карат и бев многу добар :D а пред некое време се пробав и кик-бокс и заклучив дека јас не сум роден тепач :D
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.726
Поени од реакции
246
Mene iskreno povekje mi se dopagja Taï-Chi a karateto mi e nekako suvoparno ...
 

Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
34.157
Поени од реакции
30.709
Re: Карате

DJ_DEXTER напиша:
Hmm.. Jas vekje tri godini treniram Karate i mislam deka e najinteresniot sport ispolnet so mnogu neizvesnosti etc. :lol:
Aj dajte da vidam vashi mislenja
Kaрате се почнува да се тренира од 5-6 до 7-8 годиншна возраст, колку години имаш ти Декстер?
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.080
Поени од реакции
140
jas pochnav da treniram karate koga imav 5 godini, trenirav do 6 godini, pa posle pauza do 9-ta godina, ama vednash se predomisliv, i togash stignav do portokalov pojas.Shto ke mi go toa treniranje kog sega pojma nemam od toa.
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.487
Поени од реакции
1.110
Еве една тема за сите боречки вештини. Што е актуелно можеме да коментираме.

Мене омилен ми е Kaoklai Keannorsing од Тајланд нормално..




Сликава е од четвртфинале кога го ака од земја Mighty Mo



Изгуби во полуфиналето од Musashi ама изгуби на поени, ијави дека не се осеќа како губитник затоа што не изгубил на терен туку на поени.. Леле каков фајтер е, со какви предиспозиции е само... инфериорен во однос на Musashi и еден Bonjasky ама има срце баш какво што треба да има еден борец.. + од тајланд :D


Инаку еве го шампионот во к-1 Bonjasky. Нема што. Не би сакал да му згрешам нешто на овој човек..





Не знам што се случува во последно време со Ultimate Fight? Има ли воопшто?

Мирко Филипович.. брее каков човек а?
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.080
Поени од реакции
140
Kaoklai Keannorsing, закон е дечково, и ич не се плаши од никого, нема респект кон никој што е добро за една битка, финалето го гледав и мислам дека Мусаши си изгуби заслужено.
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.487
Поени од реакции
1.110
Мислиш од Боњаски? Да да да.. поштено си игуби, иако тој Мусаши е ѕвер! Каква стуб нога има, да ми дадат со секира не знам дали би му направил нешто..

Нема тука што сите се за поштување.

Мусаши со Боњаски


 

Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
34.157
Поени од реакции
30.709
Леле, немам кабелска и никако да начекам некој фајт. Се што имам видено од К1 е ова:
http://www.ibsmk.com/nokauti.mpg
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.487
Поени од реакции
1.110
Acid напиша:
Леле, немам кабелска и никако да начекам некој фајт. Се што имам видено од К1 е ова:
http://www.ibsmk.com/nokauti.mpg
Кога ќе има ќе те обавестам па после снајди се :D
Ако не се снајдеш кај мене ќе гледаме :D

БОКС:

Поранешниот шампион во супертешка категорија Мајк Тајсон го прави својот камбек на само три недели пред неговиот 39-ти роденден со една цел – рекламирање на супертешката категорија.

Тајсон треба да „одработи“ десет рунди со ирецот Кевин Мекбрајд.

Борбата ќе биде прва за Тајсон, откако беше нокаутиран во четвртата рунда во Јули минатата година од Дени Вилијамс.

Со победа Мајк Тајсон би се вратил повторно до патот на шампионската титула, ако изгуби тоа би значело крај за неговиот сон да ја достигне славата од осумдесетите години од минатиот век.

„Единствена причина која влегов во овој бизнис е да ја освојам титулата. Ако си тука само поради тоа што боксуваш добро тогаш си влегол со погрешна причина. Мајк Тајсон на 20 години беше неверојатен, но со многу лош карактер. Сега на 38 повторно е одличен фајтер, но и одлична личност“ изјави Мајк.

Ветувајќи дека нема да му го гризне увото на ирецот Мекбрајд како што тоа го направи со Холифилд, спремниот Тајсон се подготвува со неговиот тренер, австралискиот поранешен боксер Џеф Фенч.

Ирецот во последните седум меча има седум нокаути и нема пораз од 2002 година.

Тајсон кој на 30 јуни ќе наполни 39 години, изјави дека моментално во врвот во боксот во супертешка категорија се најслабите боксери на сите времиња.

(идивиди)

Што мајка бара сега овој пак да се тепа. Испукана пушка е..
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.545
Поени од реакции
995
Kако не сум ја видел темава порано да му се сневиди! Кик бокс е спорт кој сеуште жалам што неможев да продолжам да го тренирам.

Незнам колку сте запознаени со македонските кик боксери, од активните би ги издвоил Александре Стајковски и Мичо Ребрановиќ! Комплетни и како спортисти и како личности. Штета што на интернет неможе да се најде слика од нив во борба! И двајцата имаат бројни европски титули. Еве еден текст поврзан со нивните успеси:

Милан Ребреновиќ и Александре Стајковски со освоените петти места беа нашите најуспешни претставници на 14. Светско првенство во кик-бокс, што се одржа на Јалта. Ребреновиќ по загубената борба за сребрениот медал од Мароканецот Таоли се најде на 5. место во дисциплината таи кик-бокс до 91 килограм, додека Стајковски беше поразен во борбата за бронзениот медал од Украинецот Лаевски во дисциплината ЛОУ кик до 71 килограм. Успешен настап имаше и Расим Алити, кој го освои 7. место во дисциплината лоу кик до 51 килограм.
На СП учествуваа 1.738 натпреварувачи од 58 земји.

(текст од Вест, објавен на 10.03.2003)
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.487
Поени од реакции
1.110
Во кој клуб си трењирал?

До душа не ги знам клубовите кажи ми кој ти бил тренер :D

Јас кратко време трнирав во еден клуб не знам како се викаше.. мислам дека нема ни име :D инаку тренер ми беше Чак. Така го викаат не му знам ни име ни презиме. Ако го знаеш сигурно го знаеш како Чак. Од Волково мислам дека е.

Јас се воодушевив од тој човек. Не можам да ти опишам колку се воодушевив. Кај стигнав го зборев.. само ради него ми се продолжуваше со кик-бокс ама мене и пред да почнам со тренинг ми беше јасно дека не сум за таму :D Дека ми го фалеа многу Чак.. сакав да се уверам
Инаку во Гоце Делчев студенскиот имавме тренинзи.
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.080
Поени од реакции
140
Fight Club, секој понеделник на еуро спорт, навечер
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.487
Поени од реакции
1.110
Го попи Тајсон а?

Па после изјавил дека не бил веќе он за бокс..? му поминало времето. Да му текнеше 2 дена порано.. ама убаво му дојдоа 5 милијони зелени..
 

StormAngel

Stormology
Член од
22 јануари 2005
Мислења
5.061
Поени од реакции
244
Јас за себе сум тренирал кик бокс година дена и ептен ми се допаѓа спортот, иако во последно време не го практикувам.
Но кога тогаш, по потреба ми текнува на потег два од тоа што сум го имал научено. :wink:
 
На врв Bottom