K1-Fight Club, Ultimate Fight, Бокс, Кик-Бокс...

  • Креатор на темата DJ_DEXTER
  • Време на започнување

Која боречка вештина најмногу ве привлекува?

  • Karate

    Гласови: 27 4,6%
  • Taekwondo

    Гласови: 36 6,2%
  • Judo

    Гласови: 11 1,9%
  • Aikido

    Гласови: 38 6,5%
  • Boks

    Гласови: 69 11,8%
  • Kick-Boks

    Гласови: 190 32,5%
  • Muay Thai

    Гласови: 44 7,5%
  • Kung Fu(Wing Chun,ShaoLin,Mantis...)

    Гласови: 74 12,7%
  • Ninjitsu

    Гласови: 30 5,1%
  • Ја нема на листата

    Гласови: 65 11,1%

  • Вкупно гласачи
    584

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
Риба на суво, преголема е разликата од средна и полутешка.
Не беше топ Исраел ни на нозе ама ако не го лежеа последните 2 рунди борбата ќе беше изедначена.
судииве незнам шо напраја со 49-45 јас мислам дека чиста 48-47 си беше за Јан.
уште сум напнат од тој Пјотр што се избрука. Ја незнам зошто му дадоја време да се оправа Стерлинг, одма прекинувај борба таму дисквалификација и да нема реванш, нека се бори еднаш прво.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.486
Поени од реакции
16.125
Стварно чудна одлука на судииве, како што вика Хурин 48-47 требало да заврши. Инаку се заеба, ама добро не е како некои непоразени, само во една категорија да доминираат. :)
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.567
Поени од реакции
8.182
Не веруем како останав буден до 8 сабајле да изглеам се:) По мене најинтересна борба(зборам за мој вкус) од тие што ги гледав а почнав од Макачев па даље, беше Јан-Стерлинг. Стварно многу агресивно и самоуверено влезе Стерлинг, ќе се изразам малце грубо ама као агресивна животиња беше нигерот:)) Различни удари у рок од 10 секунди, невиден притисок, го збуни Јан на почеток максимално, иако и он лека полека почна да се враќа и да покажува зошто е шампион. И кога ајде да кажеме Јан почна да контролира се и вероватно ќе го зададеше последниот удар, направи такво срање да едноставно не може да се опише. Јебига си плати за тоа, се извини терај даље. Тоа е спорт. Аманда по којзнае кој пат покажа невидена доминација, исчисти се пред себе, чак и Џо ја праша кој више да дое, неаме никој на лагер за тебе:)) Стварно девојкава е милина за глеање у ринг, ван ринг не баш.. само за Нина Ансароф:)) Од борвава на Изи и Јан некако очекував повеќе, пред се од Изи ама очигледно не е така лесно со полскиов вол:) Пресудна беше силата, и баш беше чудно зашо Јан не фураше рушење уште од прва рунда кога се виде дека дека тоа му е тикет за лесна победа. Доле Изи немаше никакви шанси, што се виде во последните 2 рунди каде Јан не му даде да дише. Тоа е тоа. УФЦ 260 ќе биде јакичко. Да видиме како ќе помине Алекс против Ортега и Стипе со Н'гану.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.508
Поени од реакции
4.331
Не беше топ Исраел ни на нозе ама ако не го лежеа последните 2 рунди борбата ќе беше изедначена.
Нормално дека Исраел не беше топ, пошо Јан не му ја играше играта. :)
Не му ја играше играта и Ромеро, но Ромеро имаше сосем поинаков пристап од Јан. Ромеро само чекаше некаков удар од контра и апсолутно ништо не направи, но не направи многу и Адесања во таа борба освен киковите.

Јан многу паметно, мноооооогу интелигентно одигра, онака се игра против тепач од типот на Адесања.
Кога виде дека Јан не му ја игра играта пробуваше како против Ромеро, со кикови, но Јан одлично му ги блокираше.
Јан можеби поспор и не толку технички подготвен во страјкингот, но остар и навремен со реакциите. Го поткачи неколкупати јако од контра, имаше одлични директи и удари во тело.

Стендап- можеби за нијанса Адесања подобар, но доста дискутабилно бидеќи Јан како да направи нешто повеќе clean shots. Доколку борбава беше само стендап... ќе беше тесно искрено, не можам да кажам дека Исраел издоминира, Јан покажа класа на секое поле. А јас искрено не гледам проблем кај поените, Блахович имаше 5-6 минути цели кај што го млатеше од горе, поготово во последните 10-15 секунди каде што можеше и да го финишира доколку преостануваше нешто повеќе време.

Нунес е стварно чудовиште, мислам комотно може да конкурира за појас и во машките долни класи, најсериозно. Не ѝ гледам достоен конкурент, озбилно. Можеби Шевченко повторно. Шевченко е килер исто така, страшна типка.

Нелегално беше коленото дефинитивно и после таков удар треба веднаш да се стопира борбата. Но и во обратен случај Стерлинг има право да не ја продолжи борбата, но реално неговите реакции беа малку претерани и издраматизирани. Сметам дека штетата не беше до толку фатална како што изгледаше. :angel:

Ракич одличен, а Марета после повредите на нозете како да не е тој. Има изгубено експлозивност и делуваше доста статично. Но можеби таква му беше стратегијата и очекуваше нешто друго, ќе видиме во следната негова борба дали дефинитивно е во дигресија типот или не.
Го споредувам неговиот вчерашен перформанс со оние против Џими Мануа и Џонс, огромна разлика!
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.567
Поени од реакции
8.182
https://www.youtube.com/watch?v=NH1IRnk7iSY&ab_channel=AlexVolkanovski

Отиде у готвачи Алекс Македонски, ама најјак е... Ќе праи "пичени пепреки":cool:. Нема везе, нека му спреми една порција на Ортега , ќе му ја простиме грешкава:)) @chef_cook као ти фаќа око кувањево на шампионот:)?
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.508
Поени од реакции
4.331
https://www.youtube.com/watch?v=NH1IRnk7iSY&ab_channel=AlexVolkanovski

Отиде у готвачи Алекс Македонски, ама најјак е... Ќе праи "пичени пепреки":cool:. Нема везе, нека му спреми една порција на Ортега , ќе му ја простиме грешкава:)) @chef_cook као ти фаќа око кувањево на шампионот:)?
„Пичани„??? wtf o_O:ROFLMAO:
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.567
Поени од реакции
8.182
„Пичани„??? wtf o_O:ROFLMAO:
Прав австралиски македон:))) Него глеам полека почна да се опушта малце у врска со македонското, честиташе на фудбалерите пласман на Европско, еве сеа со рецептов го спомна татко му, стаил знаме. Само тешка работа некоја маичка Македонија да стави, или на шорцот нешо као што прават Стипе, Ансароф итн..
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.508
Поени од реакции
4.331
Прав австралиски македон:))) Него глеам полека почна да се опушта малце у врска со македонското, честиташе на фудбалерите пласман на Европско, еве сеа со рецептов го спомна татко му, стаил знаме. Само тешка работа некоја маичка Македонија да стави, или на шорцот нешо као што прават Стипе, Ансароф итн..
Го осетив и јас тоа, браво!
Готово, фан сум!!! (y)
Паднав на ова „пичани папарки„ :icon_mrgr:

Искрено цело време мислев дека се дистанцира од македонското, затоа не ми ги освои симпатиите.
Александар Ракич повеќе ми беше драг со неговите зборови спрема Балканот отколку Алекс, ама отсега фан сум, дефинитивно. :D
 
Последно уредено:

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.452
Поени од реакции
20.209
Fun Fact ... партнерот на Аманда Нунес со кој имаат дете се вика Нина и има потекло од Македонија. На сликата се гледа истетовирано мк знаме со нејзиното име испишано преку.

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.341
Поени од реакции
7.454
Јеп, јеп. Нина Ансароф, ќерка на Љупчо „Луи“ Ансаров :)
Ја следам (а верувам и реодвните на темава) уште од времето пред да се запознаат со Аманда :)

Има и страна на Википедија за нејзе https://en.wikipedia.org/wiki/Nina_Ansaroff
 
Последно уредено:
Член од
17 ноември 2013
Мислења
53
Поени од реакции
26
Што мислите може ли борењето да се совлада на 20-25години? Секогаш сум имал желба за оваа боречка вештина но ги гледам во глобала од многу мали почнуваат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom