Ksamil=Катастрофа
Кој не бил нека не ни помислува некогаш да отиде. Селото е апсолутен крш нема ништо вредно што да се види.
1. Гостопримливост (нема) - кога гледав за смештај тие што ги одбив безмалку да ме истепаа што не го избрав нивниот смештај, локалците (читај планинци, дивтари) возат ко друг да не постои у сообраќај предност никој не дава, ти се улетуваат у тебе и слично, предност не ти даваат ни со количка коа шеташ со бебе ти сече пат, абе дива лига со еден збор.
2. Патишта у село крш дупки невидени, од овде до онде да стигнеш кола ќе искршиш, тротоар не постои, значи навечер нема шанси да прошеташ особено ако си со мало дете, не постои никакво шеталиште покрај кеј или слично што е карактеристично за секое приморско градче па дури и селце. од граница до ксамил возиш по крш пат и се молиш некој дивтар од соседна лента да не ти улета директно у тебе со стотка.
3. Цените у маркети се малте не ко у скопје а и слични продукти има ( да не речам скоро исти), цените во рестораните ( или да не речам сумливи места за исхрана) се поефтини од било кое друго место за летување (иако не се до толку ефтини како што некои кажуваат) ама затоа квалитетот на храната е на најниско можно ниво, освен риба се друго што пробав (пиле, гиро, пица) беше толку гадно до повраќање.
4. Плажите сите се со дробен камен значи не е песок и се далеку од тиркизни, место нема освен ако не јадеш во ресторанот на соодветната плажа, ако не ќе луташ пола ден додека не најдеш место, водата прљава до максимум, малце се поокеј плажите надвор од ксамил ( накај саранда или на југот према крф)
5. крави, свињи, овци, кози се честа глетка па дури и низ центарот
6. џамијата пее во денот 3 пати (на некој ова може нема да му смета на некој ќе му смета)
7. Ноќен живот не знам дали имаше (со мало дете бев) ама во центарот се слушаше од некаде гласна музика (исклучиво албанска ниеднаш не слушнав на некој друг јазик). пријателите што беа сместени во центарот ги научија сите албански хитови за една недела.
8. Сместувањето е ок иако појма немаат од туризам, значи нема пешкири во собите, тоалетна, сапун ( до сега било каде што сум бил во грција тоа било стандар дури и за најевтините сместувања), кога побарав дечкото ми рече дека не било ова хотел (иако 30 евра плаќавме). има кујна ама нема никаков прибор освен некој тањир, чаша и нож, така да ако сакаш да готвиш нема шанси, нема шанси уствари ни кафе да си свариш а не па за повеќе.
9. струја снема само една вечер на неколку саати, интернетот е катастрофа спор, ако имаш мобилен па мобилните страни ги отвора ок, на лап топ нормалните веб страни им треба време додека се отворат
Позитивно нешто немам што да напишам, на никого не би го препорачал Ксамил