Олимпија
Македонија во срцето!!!
- Член од
- 26 март 2008
- Мислења
- 5.624
- Поени од реакции
- 9.146
Ксамил е место со бели плажи и величенствено море кое на многубројните посетители им пружа вистински одмор. Се наоѓа во Јужна Албанија на само неколку километри јужно од Саранда. Сите плажи во Ксамил наликуваат една на друга, а се разликуваат само по различната боја на чадорите за лежалки.
Ксамил е привлечен за туристите заради многубројните мали островчиња и рестораните, кои нудат свежа морска храна, а се наоѓаат токму на тие околни островчиња. Цените за храна во ресторан се пристапни за секого.
Постојат голем број на мали хотели, како и приватни сместувачки капацитети. Дел од нив се отворени преку цела година, а некои функционираат само летен период.
Она со кое не може да се пофали Ксамил е ноќниот живот. Па затоа на оние кои бараат вистински одмор, мир, релаксација покрај тиркизно море и бел песок тоа нема да им претставува никаков проблем.
Вашите впечатоци од Ксамил? Сте биле? Ќе одите?