Прво здраво до сите вас програмери...:helou: (и јас сум изгледа некој иден таков
)
Ми треба помош, за која ке сум ви многу благодарен кога би ми помогнале, имам нешто како домашна задача за потпис, која треба да ја предадам до 10.01.10 и малце ми стана кнап, а гледам дека незнам и решив да барам помош, зошто познато ми е дека на некој од вас не ви е проблем ова
...
Домашното се состои од три задачи, од кој треба да решам една, но третата носи најмногу поени, па по можност да се реши таа, а добредојдена ќе биде и било која од другите две, ако евенутуално е таа многу потешка и поголема... Многу ви благодарам однапред... Еве е-маил за контакт, ако се најде некој така добар
vlat4e_nl_wow@hotmail.com :kesa:
------------------------------------------------------------------------------------
[FONT="]Да се реши еден од дадените проблеми. Максималниот број на поени што можат да се добијат за секој од проблемите е даден во заграда покрај името.[/FONT]
[FONT="] Се предава архива која се состои од:[/FONT]
[FONT="]- изворни датотеки[/FONT]
[FONT="]- документација изработена со javadoc, при што на почетокот од изворната датотека се вметнува подолг коментар од 5-10 реченици со опис на решението и истиот треба да се најде и во јavadoc генерираните документи.[/FONT]
[FONT="]
Задача 1: Градење на мостови (15 поени)[/FONT]
[FONT="]Дадена е 2D мапа со хоризонтална река која поминува низ нејзиниот центар. Дадени се k градови на јужната страна со x-координати a(1) ... a(k) и k градови на северната страна со x-координати b(1) ... b(k). Треба да се поврзат колку што е можно повеќе север-југ парови на градови со мостови така што да не се вкрстуваат два моста. При поврзувањето на градовите може да поврзете единствено град од северната страна со град од јужната страна.[/FONT]
[FONT="] Влезната датотека 'GRADOVI.TXT' го има следниот формат:[/FONT]
[FONT="] * во првата линија се наоѓа бројот k, т.е. бројот на градови[/FONT]
[FONT="] * во втората линија се наоѓа координатите на градовите на јужната страна, одделени со ; (точка-запирка)[/FONT]
[FONT="] * во втората линија се наоѓа координатите на градовите на северната страна, одделени со со ; (точка-запирка)[/FONT]
[FONT="]Задача 2: Балансирани поделби (20 поени)[/FONT]
[FONT="] Имате множество од n цели броеви, секој од нив со вредност од 0 до K. Поделете ги овие броеви во две подмножества т.ш, ќе ја минимизирате вредноста |S1 - S2|, каде S1 и S2 претставуваат суми на елементите од двете подмножества.[/FONT]
[FONT="] Влезната датотека 'BROEVI.TXT' го има следниот формат:[/FONT]
[FONT="] * во првата линија се наоѓа бројот n, т.е. колку броеви има и K, т.е. максималната вредност на броевите (двата броја се одделени со празно место)[/FONT]
[FONT="] * во втората линија се наоѓа броевите, одделени со ; (точка-запирка)[/FONT]
[FONT="]
Задача 3: Трансформации (25 поени)[/FONT]
[FONT="] За дадени два стринга: А со должина n и B со должина m , потребно е да се трансформира A во B со минимален број на операции од следните типови: бришење на буква од A, вметнување на буква во A или измена на некоја буква од A во нова буква.[/FONT]
[FONT="] Влезната датотека 'STRINGOVI.TXT' го има следниот формат:[/FONT]
[FONT="] * во првата линија се наоѓа стрингот А[/FONT]
[FONT="] * во втората линија се наоѓа стрингот В[/FONT]