Java

SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
Друже, што е тоа што не ти е јасно ?
Ако очекуваш некој да ти ги реши тукутака задачиве можеш слободно да се откажеш од очекување одговор, не ми се верува дека некој ќе се смилува да издвои 2-3 саати за џабе. :/

Ако имаш некои нејасни делови може некако да ја наредиме, ама решенија за цели задачи... :/
 

bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
Друже, што е тоа што не ти е јасно ?
Ако очекуваш некој да ти ги реши тукутака задачиве можеш слободно да се откажеш од очекување одговор, не ми се верува дека некој ќе се смилува да издвои 2-3 саати за џабе. :/

Ако имаш некои нејасни делови може некако да ја наредиме, ама решенија за цели задачи... :/
Верувај дека ако почнам да ги пишувам задачите онака како што јас сум ги решил, па да ми кажувате каде се моите грешки, и да ми објаснувате како треба да се решат, ќе треба 10 пати поголемо време. :)

Ако може некој да ги реши, нека ги реши. Ако не, јас и онака тепам глава повеќе време, залудно...па ќе тепам уште некое време, глава, залудно.
 

D_T

Чорбаџи Димко
Член од
8 март 2009
Мислења
2.119
Поени од реакции
1.571
Некој да прави семинарски на тема java exceptions и за шо цена?!
може на пп
фала однапред :helou:
 
Член од
21 април 2010
Мислења
100
Поени од реакции
33
дали можам да направам if услов за visible во јава? како у flash ја пример if(objectName.visible==true){ ?????
 

диме

When Am I ?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
806
Поени од реакции
21
дали можам да направам if услов за visible во јава? како у flash ја пример if(objectName.visible==true){ ?????
Зависи за кој објект се работи :)

Инаку мислам дека сите GUI објекти (AWT, SWING) "потекнуваат" од java.awt.Component. A java.awt.Component има метода: isVisible ()

Значи во твојот пример би било нешто : if (object.isVisible()) {...}
 
S

StormRage

Гостин
народе ми треба мала помош... не знам дали со јава може ако не кажете ми каде да барам и да напишам програма... значи ми треба ауторан за усб значи да не се гледа дека е ставено а штом се стави флешот да преку ауторанот да покренува програма... го имам ова за windows... а проблемот е шо ми треба за Linux поточно за школскиот Edubuntu... ако има некој некакво чаре пишете тука или на профили или било каде :) фала :smir:
 
Член од
21 април 2010
Мислења
100
Поени од реакции
33
На NetBeans GUI Editor-от креирав мени за програмата која ја работам. Како да додадам акција на објектот ????
 
Член од
8 април 2010
Мислења
1.182
Поени од реакции
281
На NetBeans GUI Editor-от креирав мени за програмата која ја работам. Како да додадам акција на објектот ????
Десен клик на објектот имаш тамо Events и тамо имаш голем број на опции евент , кога со стрелката ќе навлезеш во објектот, ке кликнеш на него...... кога ќе одбереш веднаш те префрја во соурс кодот каде треба да внесеш што треба да прави евентот
 

Mind In Motion

Smirking Revenge
Член од
29 мај 2007
Мислења
816
Поени од реакции
46
Код:
import java.util.*;
class Niza{
    public static void main(String args[]){
        int n;
        System.out.print("Vnesi ja goleminata na nizata");
        Scanner inp = new Scanner(System.in);
        n = inp.nextInt();
        int niza[] = new int[n];
        int i;
        System.out.print("Vnesi gi elementite na nizata");
        Scanner inp2 = new Scanner(System.in);
        for( i = 0; i <= niza.length; i++){
            niza[i]=inp2.nextInt();              <---- Овде е грешката, ми треба команда.
        }
        i=0; //resetira za slediot for loop
        int temp;
        for(i=0;i<=niza.length;i++){
            if (niza[i+1] > niza[i]){
            temp=niza[i];
            niza[i]=niza[i+1];
            niza[i+1]=temp;
            }
        }
        i=0; //reset
        System.out.print("Sortiranata niza izgleda:");
        for(i=0;i<=niza.length;i++){
            System.out.print(niza[i]);
        }
    }
}
Ми дава ерор на 13та линија, некој команда за следната вредност во низата. Во Еклипс. Нов сум во Јава, па почнувам од почеток со алгоритмиве. :D

Ерор:
Exception in thread "main" java.lang.ArrayIndexOutOfBoundsException: 5
at Niza.main(Niza.java:13)
 

SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
Фор циклусот го надминува бројот на елементите во низата.

for(int i = 0; i < array.length; i++) // ok
for(int i = 0; i <= array.length; i++) // ArrayIndexOutOfBoundsException

Значи array.length ти враќа Integer односно бројот на елементите во низата, а секоја низа има почетен индекс 0.

Да претпоставиме дека низата има 5 елементи...
Пример со твојот фор циклус:
i = 0 -> niza[0] // ok, прв елемент
i = 1 -> niza[1] // ok, втор елемент
i = 2 -> niza[2] // ok, трет елемент
i = 3 -> niza[3] // ok, четврт елемент
i = 4 -> niza[4] // ok, петти елемент
i = 5 -> niza[5] // ArrayIndexOutOfBoundsException
 
Член од
26 јуни 2006
Мислења
288
Поени од реакции
24
Јас сум апла почетник во Јава и ако може некој да ми каже како можам да пресметам корен од некој број?
Има ли некоја функција, библиотека или метода за тоа?
Пробувам со import.java.math.*; ама ми јавува греш,а ми бара модајфер...
 

SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
Доволно е само Math.sqrt(n) да пишеш. :)

Код:
System.out.println(Math.sqrt(9)); // ова треба да врати double односно 3.0
 
Член од
26 јуни 2006
Мислења
288
Поени од реакции
24
Како се додава класа во јар архива? Ќе може некој да ми каже?
 

Falcao

rossonero per sempre
Член од
28 мај 2008
Мислења
1.986
Поени од реакции
561
Може линкче да го симнам програмскиов јазик Јава ? :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom