deXterche
тадаммм
- Член од
- 12 февруари 2006
- Мислења
- 4.920
- Поени од реакции
- 942
Знам сите сте слушнале за мега популарниот програмски јазик Java. Но дали знаете што е Java? Како работи и зошто воопшто стана толку популарна? Баш оваа година на фах ја учиме Java-та. Доста ми се виде примамлива, лесна за учење и пред се ефикасна. Исто ме изненади тоа што е независна од платформата. Јаva е објектно-ориентиран програмски јазик развиен од страна на Sun Microsystems, компанија што е позната по своите UNIX работни станици. Моделиран според C++, програмскиот јазик Java е дизајниран да биде мал, едноставен и со можност за работа на повеќе платформи и оперативни системи, како на изворно така и на бинарно ниво, што во суштина значи дека Java програмите можат да работат на било која машина што има инсталирано Java виртуелна машина. Вообичаено Java се спомнува во контекст на World Wide Web, каде прабарвачите како Netscape Navigator, Internet Explorer и Mozila Firefox тврдат дека се "Java enabled". Java enabled значи дека пребарувачот може да превземе и да стартува Java програми, наречени аплети, на системот на корисникот. Аплетите се појавуваат во web страниците на сличен начин како сликите, но за разлика од сликите, аплетите се динамички и интерактивни.
Е па програмери во Java, ајде пастирајте некои од вашите "дела". Јас сум релативно нов во овој програмски јазик, се надевам дека за неколку месеци ќе ви покажам некој солиден проект во Java. До тогаш кажете ваше мислење за Java-та.
Незнам колку сте запознаени до сега со NetBeans, тој подржава GUI едитор. Значи се е сведено на drug and drop, си стварате околина, нормално за кодот треба да засукати ракави, но поголем дел од работата е веќе завршен.