@Amaterasu /
@Емкаа не се користи како ORM , тотално неповрзано е со ORM. Туку дадов пример можен проблем највеорјатно, погрешно се разбираме.
Кога се искомпајлира маперот , се креира имплементација на самиот мапер од MapStruct.
Таму ќе имаш
Java:
CourseDto map(Course item){
CourseDto itemDto = new CourseDto();
itemDto.setId(item.getId();
...
itemDto.setCourseTypeDto(CourseTypeMapper.map(item.getCourseType));
}
Сега ти ако во item не ти е пополнет CourseType или има само id, со самото тоа што генерираната имплементација го имаш item.getCourseType() тебе ќе ти се повика select кон база select * from course_type where id = ?. Сметај да беше листа, колку елементи толку повици кон база. Претходните проекти што имам работено се бараше максимална оптимизација и намалување на број на повици кон база заради тоа што се бараше голема оптимизација.
Затоа ме нервира што девелоперот секогаш треба да внимава и неможе да се направи некое генерално решение. Затоа и прашав алтернативи и дали ги има и дали се има работено.
Влад секако не го хејта Hibernate, тој е авторот. Само што мене ми доаѓа дека се наметна ко стандард Hibernate , а во неговите примери му се ептен едноставни. И уште нешто, Hibernate си има багови и со користење се наоѓаат, доброто е што Влад ги поправа. Неговите примери се Post, Tag и Comment и кога секако ќе наидеш на ептен покомплексна структура плачеш по JDBC
А можеби и треба да седнам да видам hibernate и начинот на кој го користам , а не mapstruc-oт