„Извинете, брзам. Може пред вас?”

  • Креатор на темата Креатор на темата Fortune
  • Време на започнување Време на започнување
“извинете брзам. Може пред вас?“

неможе!!!...

сум чекал ред толку и пред мене.. ептен дебилска ствар....

а не дека не сум праел ја така :):):nenene::nenene:
 
па неможе фала богу !! и јас сум чекал со саати па и тој/таа нека си чека. ма постар, помлад, дете , баба , дедо, професор , интелектуалец што сака нека биде не пуштам и готово :pipi:
 
Доколку и јас се брзам многу, би му/и кажала да си почека.
Но, инаку, немам срце да речам не, па пуштам пред мене се живо и диво. :icon_lol:
 
Пyштам само ако се каже магичниот збор "те молам" и ако не ми се брза
 
НЕ МОЖЕ - со налутена фаца и остар поглед. :wink:
 
Па...ако не се брзаме ние,зошто да не му дадеме предност на некој друг кој можеби се брза.Де,ништо нема нас да ни зависи дали после 10 или после 1 минута ќе не услужат,а кога суштество некое друго се брза и тоа како ќе му зависи.Можеби е е во ред ако ни се чини дека чекаме со векови и конечно доаѓаме на ред и некој аа пред нас да биде,тогаш зависи и до личноста,колку може да истрпи.Некој ќе му се раздере на другиов како не му било срам,тој тоолку многу време чекал и сега овој сака пред него,а можеби некој друг и покрај тоа што чекал ќе го пушти тој на кој му се брза.Мислам дека треба да ги пуштаме луѓето кои се брзаат доколку ние не се брзаме,но ако ситуаццијатае поинаква..и немораме..зависи од ситуацијата:toe:А да,и начинот на кој се замолува е мноу важен.Неможе некој да дојде и да ти се раздере:Абе се брзам дај пред тебе да одам!Тако за инает не треба да го пуштиш.А ако некој културна и убаво те замоли а ти несе брзаш вооптво,зошто да не го пуштиш.Јас некогаш и кога ќе видам во продавница постар или помало дете ги пуштам некогаш пред мене,некако..нешто ме тера:helou:
 
Зависно од расположението.
И до нивниот пристап, сепак.

Стари луѓе пуштам, а дами без да прашаат. :pipi:

А луѓе без манири, well.. сарказам и вулгарност.
 
Зависи каков ми е денот, дали сум расположена, дали човекот убаво ќе ме замоли, дали ептен се брзам и тако даље....
 
Премногу ме нервираат такви ситуации.Другите луѓе се будали што најпоштено си чекаат.Сите брзаат некаде и сите имаат некаква работаВремето е пари како викаат.Е сега дотичната личност смета дека нејзината работа е поважна од работата на другите обични смртници.Епа извини ама не може...
Најкултурно кажувам извинете госпоѓо/господине брзам за на школо и јас ќе закаснам,немам многу работа брза ќе бидам.Е сега со тие што се однесуваат некултурно...малку подруг однос:toe:
 
Јас сум имала многу такви ситуации , и нормално дека ќе го пуштам пред мене.Прво затоа што е постар второ затоа што има доста причини зш може да се брза, за разлика од некои како на наша возраст...ми се случило исто една типка колку мене да ми каже да ја пуштам...али тогаш не пуштам...тие ќе си чекаат на ред ! ! ! :smir:
 
Зависи од местото,времето и од начинот на кој ќе пристапат. И не ми е проблем ако не се брзам на некој да му го отстапам местото ако навистина му е потребно, можеби некогаш и јас ќе се најдам во иста положба. Но ако некој арогантно се однесува без да замоли, no chance :nenene:
 
Има различни карактери, некои го злоупотребуваат тоа „се брзам“ затоа нема да го пуштам т.е. има мали исклучоци кон некој изнемоштен дедо или баба или некој хендикеп.. Макар да ако се брзам и јас незнам што ке направам зашо и не ми се има тоа десено баш баш..
 
Абе поќе никој не пуштам е! Одам денес в кладилница да пишам едно ливче за 50 денари, онака поинтересен фудбалот да ми е за гледање.. и иди едно бате и ај се брзал дали можи пред мене да оди. И ај си велам кај бил кај не бил нека уплати пред мене. Леле еј вадење тефтерот полн со испишани ливчина.. пол сат го чекав.:lut:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom