Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Секта некоја е ова?И јас исто пред карантинов.
Ама обратно.
Почнав со 80 сега сум 87
Да не сакаш да се... тонираш?
Па реално многу е ова. Особено затоа што не си бил благар претходно.
Со олку шеќер тешко ќе оди „тонирањето“.
Најголем проблем со соковите е што го губиш фиберот кој всушност има за цел да го неутрализира инсулинот кој се покачвит ради ног0 шечер. Цеден сок е претежно чист шечер, та нема фибер, та имаш висок инсулин/шеќер а то не е убо на долг рок.
Строго plant based.
Не, не, намерно прават многу конфузија за да не знаеме кај тераме а во суштина се крие дека месото и млечните производи се број 1 предизвикувачи на канцер ама месната индустрија е многу богата финансира мн студии и затоа ние сме во конфузија. Треба малку да расчиташ вистинска наука за да сфатиш![]()
Ти официјално си веган или уште луташ?
Што мислиш?И јас исто пред карантинов.
Ама обратно.
Почнав со 80 сега сум 87![]()
Од каде да те знам и кравите се вегани, па по 500 кила сеШто мислиш?
Воздухот што го дишиш во Скопје е далеку поопасен од тие масти што ќе ги внесеш преку млечните продукти.
А кога станува збор карцином, науката уште лови во матно и нема појма ниту што го предизвикува 100% ниту како да го излекуваат. Да, има некоја листа од работи кои се потенцијални фактори, но ако убаво се погледне таа листа во маркетите не смееш ни да згазнеш (дури и зеленчукот и овошјето се полни се хербициди, инсектициди, пестициди кои се апла канцерогени).
За да си 100% фри од опасност треба да живееш бетер од монасите на Тибет, да се одметниш во некоја планина, сам да си одгледуваш се, да јадеш сирово или ферментирано, риба само ако поточето е солза бистро, постење обавезно и пак додека ти си ги мезиш органските моркови низ тебе во секоја секунда ќе поминуваат еден куп сигнали за телефони, сателити, радио и тн и ветерот ќе ти го донесе чадот од ѓубриштето што го палат во најблиското населено место за да не си раат.
Не ме разбра што пробувам да ти посочам, не ги елиминирај студиите, ни секогаш оди со резерва за тоа што го читаш. Науката е trial and error, денес излегуваат студии кои покажуваат дека одредени параметри се влошени поради внес на млечни производи, утре пак имаш други што тврдат дека цревната флора се подобрила со истите или не знам дека придонеле за подобрување на базниот биланс.Не се согласувам, многу од работите што ги наброја се вон наша контрола, а тоа што може да го контролираме е исхраната и начинот на живот.
Ако се трујам од воздухот на пример, нема зошто да се трујам и со храна. Поентата не е да си 100% фри од опасност туку да елиминираш или ублажиш што повеќе ризик фактори. Ако загадениот воздух е ризик фактор што не можам да го контролирам тогаш ќе го контролирам ризик факторот исхрана и ќе го намалам вкупниот процент за некое хронично заболување. Дополнително, растителната храна е богата со бројни микронутритиенти и анти-оксиданси коишто штитат од штетниот ефект на загадениот воздух или од било кои други загадувања.
А студиите се студии, нема тука лов во матно. Порано воопшто ги немало, сега ги има и тоа во све поголем број и глупо е да се игнорираат, па дури и да се само индиции. Многу попаменти луѓе од мене ги толкуваат тие студии и се согласни дека plant based е најздрава исхрана. Тоа го кажува и СЗО и бројни други владини и невладини организации. Тука дилема веќе не треба да има, само е прашање на личен избор.
Не се согласувам, многу од работите што ги наброја се вон наша контрола, а тоа што може да го контролираме е исхраната и начинот на живот.
Ако се трујам од воздухот на пример, нема зошто да се трујам и со храна. Поентата не е да си 100% фри од опасност туку да елиминираш или ублажиш што повеќе ризик фактори. Ако загадениот воздух е ризик фактор што не можам да го контролирам тогаш ќе го контролирам ризик факторот исхрана и ќе го намалам вкупниот процент за некое хронично заболување. Дополнително, растителната храна е богата со бројни микронутритиенти и анти-оксиданси коишто штитат од штетниот ефект на загадениот воздух или од било кои други загадувања.
А студиите се студии, нема тука лов во матно. Порано воопшто ги немало, сега ги има и тоа во све поголем број и глупо е да се игнорираат, па дури и да се само индиции. Многу попаменти луѓе од мене ги толкуваат тие студии и се согласни дека plant based е најздрава исхрана. Тоа го кажува и СЗО и бројни други владини и невладини организации. Тука дилема веќе не треба да има, само е прашање на личен избор.
Во стаклено ѕвоно по можност, со дотур на кислород и вода, која сам ќе си ги произведуваш, истотака.само веганство, си садиш сам пиперки и патлиџани на село и сам се исхрануваш
Не ме разбра што пробувам да ти посочам, не ги елиминирај студиите, ни секогаш оди со резерва за тоа што го читаш. Науката е trial and error, денес излегуваат студии кои покажуваат дека одредени параметри се влошени поради внес на млечни производи, утре пак имаш други што тврдат дека цревната флора се подобрила со истите или не знам дека придонеле за подобрување на базниот биланс.
Немам против тоа да си веган или вегетаријанец, во поглед на храната тоа што те прави посреќен и поздрав прави го тоа. Ако пробуваш да си веган, а психички истото ти претставува тортура ништо не си постигнал.
Во поглед на муабетот од погоре, голем дел од храната е свесно оставена да се прозиведува и конзумира поради цената и потребите да се прехранат милијарди луѓе и друг дел заради нечии лични интереси. Да бадемово млеко може е поквалитетно од обично млеко, ама тоа е 200 денари за литар, а ова обичното е 40 денари за литар, што мислиш колку од народот може да си го дозволи секој ден по литар бадемово млеко земајќи го во предвид фактот дека имаме минимална плата од 14к или ете нека биде и сите да ја земаме просечната плата? Дополнително и традиционално со тек на еволуцијата на луѓето се останати одредени продукти и многу тешко би се тргнале од традицијата на исхрана.
За суплементи што е добро да се земаат на месечно ниво да не правиме муабет, тие ако земеме да ги редиме во мкд не ти стигаат 100 евра и за нив: спирулина, астаксантин, coQ10, минерали, есенцијални амино, пробиотици, витамини и тн.
Мал дел од населението во мк (а во голема мера и на светско ниво) може да си дозволи да се храни со веганска храна, органска храна и згора на се да ги внесува и сите потребни и препорачани суплементи, да можеби се добри (иако и таму не е се така розево), али самата култура и начин на живеење не овозможуваат да бидат примарен избор.
Да дополнам само нешто што вчера ме мрзеше да ти реплицирам од телефон во врска со важноста на храната кај долговечноста.Па што сега, тоа јас што го кажав истото горе доле и ти го пишуваш.
Два пати кажав - ако има исплатлива и соодветна алтернатива. Баш затоа овесните на пример и понатаму ги јадам со јогурт а не со бадемово млеко кое е неисплатливо (и не ми е ни вкусно). Ама затоа исфрлив сирење и намалив со кашкавал. Драстично намалив месо а воведов повеќе грав и леќа - пример. Исто така во секој оброк имам зеленчук, го ставам и во сендвичи а порано тоа не го правев. Печеница, врат, виршли и слични обработени месни производи целосно исфрлив од исхраната. Јајца намалив на 2-3 неделно - варени, не пржени. И други слични промени во насока на поздрава и plant based исхрана.
Со сите овие промени како што кажав ниту ослабев ниту ми се намали силата. Буџетот не го следам ама сигурен сум дека не трошам повеќе за исхрана од порано.
Значи како и да гледаш, моментално науката, студиите и препораките во голема мера генерално се во корист на растителната исхрана, затоа и јас мојата исхрана ја насочив натака. Ако после некоја декада излезе нешто ново, ќе следиме и ќе адаптираме. Сега за сега според крвната слика и моменталната физичка и психичка состојба исхраната ми е on point.
Заситените масти се штетни меѓу кои сите животински масти и некои растителни како палмовата маст. Кое непознавање на исхрана се изначитав тука.
Автоматски споено мислење:
Затоа безмасно млеко и посни меса!
okЗаситените масти се штетни меѓу кои сите животински масти и некои растителни како палмовата маст. Кое непознавање на исхрана се изначитав тука.
Автоматски споено мислење:
Затоа безмасно млеко и посни меса!