За првиот болд, ако се хранат како што треба нема да ги имаат тие заболувања, или и да имаат ќе биде во помала мера.
Второ, во Скопје можеби и не е толку изразено ова со сиромаштијата, али во помалите градови верувај ми сум видел луѓе што живеат со 200 евра цел месец 4 членови, со тие пари на глава да се исправи нема како да купува квалитетна храна. Ќе плати сметки, ќе се нагнети леб и некоја глупост и тоа е тоа.
Трето, да има голема неедуцираност, а и целата култура рачунај ни е така поставена, турците ни ја имаат кроено оваа работа и тоа е останато во традиција (кебапи, бурек, баклави, еклери и тн). Бурек е нешто со кое растиме, имаме повеќе бурекџилници отколку пиљари, на школо барем јас кога растев не ни носеа опција овошје/зеленчук и нешто готвено туку кифли, лиснати и буреци. Сум видел еден куп продавници за здрава храна да ги отворат и затворат за неколку месеци, ама бурекџилници, пицерии и сендвичари цутат во државава.
Четврто, народот е лаком да, еве јас на работа често носам лешници/бадеми/ореви и пример наместо да одам да купам 60 денари бурек како што купуваат тие си отворам пола паковање бадеми, една банана и дозерка протеин. Или ако отворам во кујна туна одма на сите им мирисало, а сендвичот од седмица со кој ќе ждригаат пола ден и мора некој да ги трпи околу нив им е одличен.
Петто, дебели се оти пола гнетат глупости (благо, леб, пива, сокови, тесто, грицки, брза храна) и без мера, а рачунај со таа храна им е отидена и инсулинската сензитивност па и да сакаат нема враќање назад (ќе ослабат кога ќе закачат дијабетес

), згора на се и се скарани апсолутно со физичка активност.
Последното, се согласувам со тебе, може да се ублажи ако се сака, проблем се екстремите во секоја ситуација (едната крајност дебелите што стегаат што им стигне пред нос, втората веганите).
Во суштина она што ние го јадеме (дечки што вежбаат бодибилдинг/фитнес) како исхрана и не е толку страшно по здравјето туку можеби ако е правилно поставена е во топ најздраво балансирани диети:
салати вклучени,
ориз/овес/компир/мешункасти вклучени,
риба/морска храна вклучено, треба да се внимава
да не се претерува на количината на месо, квалитетот на месото, количина на јајца и млеко, шеќерите секако се избегнуваат и ако не сте професионалци 5 пати да размислите што земате од аспект на стероиди/сармс, па дури и стимуланси (сум видел лица што лупаат по 1000mg кофеин пред тренинг, е тоа е далеку од добро иако е дозволен стимуланс).
Кај вежбачиве една од најироничните работи е тоа што воопшто не внимаваат на пробиотиците, минералите, витамините туку само на калориите и протеините. Реално ако имаш нарушена дигестија и апсорпција џабе е колку и да внесуваш, муабетот е што телото успева да искористи, а не само бутање на храна.